Чудно е.. сум се сменила за овие три месеци, гледаш наназад и сфаќаш растеш со секој нов ден но веќе не сакаш.. Целта е засекогаш да останеш дете, страв ти е кога ќе стапнеш во светот на возрасните. Можеби модификациите во надворешниот изглед не значат ништо, уште неколку дупчиња на уво, пирсови и желба за канал, хах.. Транс журки, и можеби некој, само некој беше причина рап да ми стане љубов само за месец дена, ми фалиш Филип знаеш. Се почна од Кеш колица и заврши со Тонио Сан. И не е ова таа промена, има нешто подлабоко.. Знам кој е со мене засекогаш после скоро 12 години, и знам кој нема никогаш да го замени нивното место, голема грешка било што ги запоставив нив за некој друг.. Што денес е тука, а утре веќе не. Научив.. не верувај никому, и сега верувам (скоро) никој не може да ме повреди. А знаете, се прашувам дали е можно да постои толку големо (лажно) претчуство дека нешто ќе се случи.. Сепак, too good to be true. Предизвикано од преголеми страсти и провидна надеж. Една е желбата, да си одам одовде зошто не припаѓам на ова место, овој град и овие луѓе. Еден ден, си ветувам самата на себе, ќе заминам и останам онаму каде што сакам, со некој што ќе го сакам. Сепак, денес можностите кажуваат друго.. Од утре (?) ќе биде подобро?
Веќе почнувам да дишам како што треба,полека го чуствувам ладниот воздух надвор и му се радувам се повеќе и повеќе. Се радувам на времето кое што доаѓа,се радувам на есента,се радувам на зимата... Уживам во овој период кога целото семејство спрема зимници,кога сите по дома се организирани и се договараат што и како треба да приготват. Го сакам овој период од годината затоа што сите се прибираат во своите домови и заради обврските остануваат дома да се одмараат за утрешниот ден. Се радувам затоа што полека есента ќе обои наоколу се со нејзината убавина. Облечени со топла облека држејќи се за рака со љубави ќе ги имаме најдолгите прошетки чекорејќи по крцкавите листови. Чајче со румче + филмче ќе ми биде добитна комбинација си знам уште од сега До прва доаѓаат убавите моменти. Несакам секоја замисла да ја искажувам пред сите,несакам да планирам за на крај да не се разочарам,но се надевам дека се ќе биде во најдобар ред,дека конечно соновите ќе станат јаве,дека ќе уживаме и ќе бидеме среќни таму каде што треба да бидеме,заедно еден до друг,заљубени,насмеани,среќни,здрави,задоволни...дајбоже, но секогаш си велам најпрво здравје па што биде нека биде Аааа да и едвај чекам да го променам редоследот во плакарот летната облека да ја тргнам на страна и да наредам топли џемпери,марами,шалчиња и сите други омилени есенски и зимски парчиња облека А тоа отприлика би изгледало вака за почеток
СДК кога за страница а уште повеке па за личност на ФБ ми се појавува спонзорирано автоматски ми стануваат одвратни страницата/личноста. Што има на сила да се рекламираат на фб, ако се брендови/фаци сама ке ги побарам и на сите можн групи и профили им стискам лајк, а вака ко натурено ми е ко да молат за лајк4е.
Си се чудам на самата себеси,како успеав до толку да се приврзам за одредени луѓе кои ги „запознав’’ (а на некои од нив ниту име не им знам) тука,на овој форум. И за толку кратко време,ги чувствувам како вистински пријателки. Една од нив страшно ме разочара,и не можам да си поверувам дека тоа всушност,на некој чуден начин,ме болеше. Многу се приврзав за вас. Ќе ви звучи чудно,но навистина ми значите. Ви ветувам дека нема да ве разочарам,немојте ни вие.
Многу се приврзувам за луѓето што ми се во животот, дури и за некои што искрено не го заслужуваат тоа
Има моменти кога ме опфаќа некое лудило. Позитивно. И тогаш дивеам,лудувам,се смеам ко луда и среќна сум. Пример сега: https://www.youtube.com/watch?v=god7hAPv8f0 Moже е до песната. Што знам. Поздрав луѓенца. Имајте убав,среќен ден.
Денес продадов мое дело, за првпат, не за многу пари, всушност многу малку беа, не сум ни во плус, ама горда сум на самата себе зошто многу им се допадна.Како и да е, искрено не верувам дека некогаш ќе правам пари од овој мој талент, зошто свесна сум дека името продава, а не делото...сепак никогаш нема да престанам да сликам, макар сама за себе, макар за моја душа. П.С.Ако е некој заинтересиран од вас не велам дека не можеме да направиме некој договор
Не сум личност која лесно може да се изнервира, но да ги подвлечам сите добри мисли во книга и наместо да ги препишам веднаш во тетратка ( јас оставив за утредента, бидејќи бев во кревет и беше мисија невозможна да станам по тетратката ) јас утрово ја вратив книгата во библиотека поради тоа што неможев да издржам а да немам книга за читање. Ова буквално ме извади од такт! Блазе си му на тој што ќе ја земе книгата, си ги има на тацна дефинитивно најдобрите мисли во книгата. А отсега па натаму кога ќе читам книга, до мене или телефонот да сликам страните на кои има нешто или тетратка ЗАДОЛЖИТЕЛНО
SDK нели велат мачќете разбираат што им збориш? епа нели мачќеве овде зборат т.е. разбираат македонски, и ако сретнам некои мачќе од ѓерманија шајзе само ке разберат ко ке им се обратам и ке се испосе*ат на тепихот. и ја ке се дерам но кити но шајзе ... ама бадијала
Ништо не е едноставно или претешко, а животот има многу лица. Од секоја ситуација може да градиме искуство, од секоја личност треба да умееме да извлечеме поука.Деновите кога не можеме да се препознаеме себе си се знак дека нешто треба да промениме. Некои препреки сами ги поставуваме,свесно или несвесно.Но, можеме и да ги премостиме нештата иако балансот е тешко одржлив. Во моментите на слабост и лабилност дозволуваме емоциите да не совладаат.И свесни сме за погрешниот избор кој не оддалечува од целта.Понесени од занесот на моменталната среќа зачекоруваме по патека која не не води до нашиот пат. За се има граница.Само треба да покажеме психичка сила, моќно да реагираме, да го реактивираме разумот и да знаеме каде да ја поставиме. Ништо не може да биде залудно и изгубено како нашата свест. П.С. Од црната и белата боја се создаваат комбинации. Не секогаш ни прилегаат.Некогаш треба да се одлучиме за нијанса. За наше добро.
Кафетин е права ствар -од зомби со улошка магично ќе се претвориш во насмеана девојка која може да сврзе кохерентна реченица!
Веќе почнуваат да ме болат сите заби! Уффф А многу се плашам да одам да ги поправам ! Ама..што се мора..се мора.. ако не денес..утре .
WooW,колку се згодни сите глумциве од Lords of Dogtown,особено Jay Оваа,недела Skating Moives Обавезно да го гледате
Сакам да кажам дека забележав дека една девојка ме копира. Е добро луѓе никад не сум била до толку да ми смета, но сакам да и пренесам кога немаш вкус што да ти правам. Копија си е копија, оригиналот два пати не се раѓа.
нашколо ја скршија статуата со кучето , фацата му е лом.. си добивме ќотек од директорот никој не знае кој го скршил и директорот после вика : the graffiti on the wall was spelled correctly which proves that the student who did this is not from this school умрев што ќе им текне друго ? туку гледам денојве на мк вести и кај нас ги натерале пред 1ви час химна да пеат химната пуштена , сите со рацете вџеб .. баш се согласувам со тоа што треба да се пушта химната пред часови , зошто сите држави го прават тоа.. ама пак и пак незнаат како да подесат ништо.. затоа никогаш не пуштам мк вести оти секогаш нешто ќе те изнервира .. друга работа, ми недостасуваат мачките се потсетив кога бев мала , ќе излезам на тараса и сите по мене трчаа, си ги галев по цела ден и секое лето нови мали мачиња .. сега ќе видам слика од маче ми иде да заплачам .. со мачки пораснaв..
Добар ден феминки, како сте? Што убав сончев ден . Зрачам позитивна енергија. Се е во ред. Полека се' се средува. Не верував кога ми кажуваа дека ќе помине. Ама затоа, сега сама се уверив.