Утро е,ме буди звукот на сечење дрва придружуван од шумот на гранките не зимзелените дрва,низ дрвената куќа веќе се шири мирисот на планинскиот чај со многу лимон и малку шеќер,ме опива и ми се вгнездува во плетениот џемпер кој го купив лани на попуст и е во боја на вишна,ги тргам завесите за да проверам дали некоја верверичка ни дошла во посета,трагајќи по лешници.Би сакала попладне да посетиме неколку врвови и да собереме лешници,ме мамат тие височини,се прашувам дали се осамени бдеејќи цел свој живот над долините и папратите.Потоа со црвени носиња и испреплетени прсти би се вратиле дома,жедни за чај и за шумот од каминот кој како мелодија одекнува во моите уши во долгите студени ноќи. Така понекогаш во топлата сонувам.
Доста беше веќе да се грижам за тебе, за тоа да не те повредам, да не повредам некој друг.Млада сум и ќе си го живеам животот по мое, ти ќе останеш можеби една од најубавите работи што ми се случиле во животот , но јас морам да продолжам да живеам понатаму за себе. За тебе поминав низ работи низ коишто за никој не би поминала , но веќе е ДОСТА!!! продолжувам без тебе! Толку од мене!!!
дека американките не се поим за „убавина“, за мене, зошто многу се форсира, барби изглед, меѓутоа , ова на ништо не личи...не ми се допаѓа, а за нејзините таленти со свирење на пластична чаша, неам коментар.
Уште еден убаво поминат прекрасен сончев ден.Дефинитивно има некоја магија во зраците на сонцето Се чувствувам многу подобро кога денот ќе го започнам со топло кафе и работни обврски,тоа ме постсетува дека сеуште имам за што да се борам во животов и кој е патот по кој треба да се движам.Неописливо е чувството кога си корисен и како афирмација на твојот труд добиваш поддршка од личност која постигнала огромен успех во својата кариера. во вакви ситуации сфаќам колку вредам и верувам дека вистинските личности кои заслужуваат да бидат дел од мојот живот би знаеле да ме проценат како личност сите останати хејтери се споредна алка во синџирот наречен живот. Имајте убав ден
Се присетив кога бев мала, некаде околу 7-8 години. Беше зима, мислам дека немаше снег. Јас бев облечена со розови пижами. Кога станав не можев да ги најдам баба ми и дедо ми. Немаше никој. Немаше ни ливче што би ми го напишале ако одат некаде. Како изгубен Германец шетав низ куќата сама. Си ја заклучив вратата. Одеднаш кваката на вратата почна да се поместува, на оној од другата страна веројатно многу му се брзаше да влезе внатре. Кога виде дека е заклучена, почна силно да ѕвони. Јас се стаписав во место. Не можев да се помрднам од страв. Можеби ви наликува на хорор филм или нешто такво, ама кога ќе ви кажам што се случи веројатно ќе си го смените мислењето. Ѕвончето и кваката полека престанаа. Гостинот се откажа по долго тропање и ѕвонење. Јас не знаев што да правам. Бев збунета бидејќи ништо не ми беше јасно. Станувам и нема никој дома, а притоа и некој силно тропа на вратата. Некое време се мислев што да правам. Се сетив дека претходниот ден на училиште учевме за нешто како Здружение за заштита на децата, СОС број ако на децата им треба помош и нешто слично. И претпоставувате што се случи нели? Бидејќи не го знаев бројот, го вклучив компјутерот и некако успеав да најдам еден број. И верувале или не, се јавив, ама пред тоа околу 15 минути си повторував што ќе кажам. Ама сепак имав среќа. Линијата била отворена само од 12 до 8 часот. А кога јас се јавив беше 9. Ѕвонеше, ѕвонеше и на крај исклучи. Потоа не се сеќавам што и како се случи, ама тој ден беше Свети Никола, а баба ми и дедо ми биле на црква и заборавиле да ми кажат. А оној што тропаше на вратата била сестра ми од школо, нешто важно заборавила и трчала до дома да го земе. Така де, уште од мала со филмови. :geek: А замислете да се јавеа оние од Здружениоте. Какви бруки ќе беа. Работа ќе им отворев на мајка ми и татко ми.
Ако денот по утрото се познава мојов ќе биде КА-ТА-СТРО-ФА. До вечер може и да експлодирам. Премногу разочарувања и нервози за премногу кратко време. Ако по дождот доаѓа сонце, јас очекувам за брзо топлотен бран да ме удри.
Ах миличка ..јас не сум никако спремна.. секогаш кога одам чувствувам ГОЛЕМА болка , иако со анестезија е . Џабе , не ми делува . Тие ја ставаат во непцето ,од околу ..и пак мнооооогу ме боли. Имам плачено како мало дете на тој стол ..Ах..
Абе не дека не е симпатична во фаца, ама општо целата не ми е привлечна. Јас го гледав само моментот кога двете се држеа за рака и чекаа која ќе ја прогласат за мис. Аууу па кога си го слушна името па паѓање у несвест, леле немав појма дека јас ќе бидам таа, две бевме останати ама немав појма дека јас ќе бидам од сите нас две, па воздишки, неочекуваност, уорлд пис, ти реков ми рече. Мене ми изгледа некако пластична. Баш да видам како свирела на чаша (дека е пластична па затоа и успева на пластична чаша ). Сега добила пари и одма ги завршува студиите по право, да не добиеше пари, студиите ќе ги оставеше и ќе се свртеше кон манекенство и спонзорирање. До кога ќе фрлаат пари на вакви срање манифестации.
Живеам во многу бучно маало преку ден. Сите некаде брзаат ,има едно чудо луѓе,коли и продавници. Затоа најмногу ги сакам деновите кога околу 17h се враќам дома после ден полн предавања и учење во библиотека и наидувам на празни улици. Штама. Сите се прибрани ,а топлината на денот е пренесена во нивните домови. И уште повеќе сакам кога ќе ѕирнам во планерот и оп се чисто за вечерта. Успешно завршен ден. После ваков ден се` што сакам е чаша вода со многу мраз и доолго бањање и средување. За да го измијам денот од себе и да бидам свежа и подготвена за наредниот.
Фак ит алл, фак ит аллл, ај кент тејк дис шит ениморе... Мислам дека си најдов нова работа, и по тој повод колешката ми падна во транс. Депресија, меланхолија, анксиозни пмс солзи и клетви вешто спакувани во "со среќа нека ти е" пакет, уште машна фали жими се. Не било на арно, толку редовна плата за толку скромна работа. Непланирани трошоци. Кога ќе те обземе алиекспрес еуфорија ниво Мелита, телефонот од карго непрестатно ѕвони, плата на сметка не стигнала, 15 ти врви, сметки се берат, битно имаш ист фустан во две бои со погрешна големина. Јебига. Доцнење на работа, алудира на добар секс. Четириесет минутна сесија газоплескање со отворена врата и нормално 20 % казени поени за каубојски од и мамурлак Рандом глупости, ама немам со кого да си помуабетам да не е бисексуалнометросексуалецот ми пријател кој е манијакално настроен и веројатно сака golden shower фетиши со мене па бара да го частам кафе дури собере храброст и пари за ефтина (состав 90% етанол) ракија, да се начука за да може да ми признае. Уствари, немам муабет со никој, се нешто на кавга ме тераат алапачите околу, па решив да немам никакви пријатели, ни службени.
Значи годинава само бебиња околу мене. Не што се родија толку многу, и што се очекуваат за наредната уште толку, туку и луѓето како бебиња се однесуваат. Веќе независни, треба да одлучуваат за својот живот, и за уште неколку, но не, тие се желни за внимание. Ако не го добијат, наместо плачење, употребуваат навреди, цинични зборови. Се прашувам:" До кога вака?", а малото човече на моето рамо ми вели:" Засекогаш девојко. Ова не можеш никако да го промениш. Ниту ти, ниту некој друг."
Несакам да бидам лошо сфатена, ама на денот на мојата свадба ( ако даде господ и тоа да биде ) ќе ставам забрани на 2 песни, и те како. Ок си се песните ама мене не ми штимаат за свадба, јас невеста а они да ми пејат Туѓа си бескрајно или Ние двајца многу можевме а среќа немавме да се земеме , како сме немале бре, свадба правам ееј. За кого-како, ама има да ги нема тие 2.
...залудно читате и објавувате некој мисли од семе синапово и некои слични страни,залудно обајавувате песни и цитирате некој мисли од некој писател за кој прв пат слушате. Додека не осетите на ваша кожа,сите тие зборови се залудни. Кога ќе осетите нешто на ваша кожа дури тогаш ќе ја сфатите поентата на тие зборови,тогаш ќе имаат смисла.