Апсолутно не ја хејтаме. Кога прво се појави на звезде гранда жирито ги затнуваше ушите од што појма немаше да пее. Како тоа преку нок научи да пеј? Сето тоа е плејбек преработено колку што можи и неможи, со голотијата и играта тоа го успеа, незнам само кој да разбери. Зошто демек Десингерица незнај да пеј на плејбек? Звучи супер, кој не би звучел така? Сме ја хејтале хахах Зошто пеач што е салам како Пријович, Дарко Лазич, Тања Савич и слични, не звучеа така катастрофално на аудиции? Зошто уште одма се знаеше дека на суво се пеачишта?!
Се сеќавате ли на SongPop едно време што се играше на Фејсбук? Епа открив сега дека има апликација, и се заразив. Одма почнаа некои да ми праќаат челенџ, врска немам кој се, ама супер интересно е. Некои се послаби, а некои се доста добри. Посебно Емили. Ме води 12 - 7 во дуели и жив се јадам. Е сега не е тоа, тоа затоа што немам никој познат, како на времето, кога ни беше огромен престиж да видиме кој е подобар. Па.... Ако му се игра на некој од форумот, бујрум. Спојлер: Invite Let's play SongPop together. I just challenged you on Essential Rock. Can you guess the 5 songs? https://link.songpop3.com/EckVhNkkgjCQWTo87
Прими сочувство. Нека почиваат во мир. Знам како ти е. За некој ден е годишнина од смртта на едниот дедо. Јас секоја година сум крш како тој ден кога си замина. Не сме подготвени за нечија смрт и боли. Боли и после години. Но, мора да тераме даље.
Имаше порано многу рано, пред да се раздени одеа по куќи, сега во 10-11, негде па и во 12-13 часот, па и тоа не иде. Се знае коледе, одат деца, може и мене ми се спиело, ама еднаш во годината е. Во Тетово мислам дека се маскираат и одат вечерта баш на Бадник. Мене повеќе ме нервираат тие што ѕвонат и тропаат, друго е да пеат, ама како што пиша не пеат, се дерат, од памет да те извадат. Порано го исклучував ѕвончето.
Ова @GasimGirl ќе ти каже како се маскирале таму. Првпат слушам од неа дека таков обичај имале. Ко ја домофонот порано шо намерно го гасев да не ѕвони коа ми досаѓаа децата од маало ама не за Коледе туку за да не викаат надвор да си играме, а не ми било до играње. И гасам па нека звонат. *** Сдк ај нека заврне нека затрупа снегче сабајле. Колку и да е гнасно и ужас у град, нека обели бар ден два да се задржи. Ова зима ли е? Вчера завчера без јакна искочив што беше топло. Нека застуди малку, сеа ако не коа.
Da, vo Tetovo...jas sum od Tetovo, za badnik imame obicaj vecerta da se maskirame i da imame luda nok. Toa sekogas kaj nas e taka. Bev i jas vecerta ama si dojdov porano, imav glavobolka i ne mozev da sedam taka. Drustvo moe u 5 nautro se pribrale.
Колку сте ладнокрвни некои језда ме фаќа. Исто... ако немаш доживеано некои работи тоа ти е како на слеп човек да му објаснуваш како изгледа светот. Никогаш нема да знае точно како е.
Челични живци ли имате бе? Како при толкава токсичност која со сила поради ваш личен ексцес, извира од вас, не полудевте до сеа најскроз?? Какоооо? Не ве гуши, не ве иритира, не ви иде да скренете, да одлепите? Или навикнати сте веќе и се имате прифатено ко одлепеници и не ви смета? Која е тајната? Сакам да сум ко вас, Спојлер ваљда на добар пат сум.. сакам паметот да ви го имам макар на еден ден. За да не ме допира ништо, не за друго. Ај се мењаме ако може? Само напред, да видиме до каде можете.
Постојат само 3 случаи кои ме имаат потресено изминативе 10 години и кои ќе ги паметам додека сум жива. Буквално ми се имаат залепено во мозокот и од читање на објавени статии како било што било одма си правам слики од случајот и сцени. 1. Првиот случај е со британската 24 годишна учителка која беше брутално убиена и запалена во пустината. Ме потресе и мене и сите кои живееме во Катар во тоа време ко се случи ова. Страв у коски имавме сите, оти на секој може да му се случи тоа знаејки какви се арапите и дека можат за секунда да те ликвидираат. In her letters to the squads, Alison wrote that her daughter was "raped, stabbed multiple times, then taken out into the desert where she was burnt beyond recognition, so badly dental records were needed to identify as only 7kgs of Lauren remained". Случајот е детално опишан и ден денес може да ми помине низ глава сцената додека ја убивале, она ко го гризнала силно за долната уста на тој арапот што нареден ден ќе му се познава што е изгризан. Уффф страшно и жално. 2. Вториот случај е со автобусот што се запали. Буквално имав кошмари , оти знам ја читав @mssuniquee ко пишуваше на форумот дека биле во истата тура заедно со другиот автобус. Мозокот ми беше блокиран со слики од тоа како гори автобусот , а луѓето живи горат, уффф језиво многу и тажно. 3. Третиот случај е убиството на Вања и Панче. И овој случај премногу ме потресе и ден денес отварам да читам дали има нови вести , иако не пишувам на таа тема тука на форумот. Во меѓувреме изминативе 10 години голема галама се крена и со случајот со Габи Петито исто премногу жално. А до каде може да оде човечката злоба покажува и стримот на русинот кој за ебени пари кои му ги донираат на Јутуб ја исфрла женска му надвор на ладно на минус температури разголена додека не умре девојчето. Уффф, многу жално, немам зборови да опишам. Премногу суров е станат светов. Да не знае човек од кој да се пази. Гррррр, језиво
Родот станува се погрозен и погрозен. Јас имам максимална претпазливост од се околу мене, другарки, обични минувачи, дури и на себе не си верувам понекад. Последниве две години видов колку болни умови постојат толку близу околу нас, што се подготвени се да направат за нивните болни фантазии. Не знам дали секогаш било вака, ама во последниве години како да изникнаа од никаде болеснициве. Дојде до поента каде што повеќе се чувствувам здосадено. Исти погледи, исти манијакални пристапи, исти фрази, више сто пати видено и осетено. Да имаше посебно градче за жени само. Ќе цветаше.
Научив нешто ново. Тоа е да не се замарам. Тешко ми одеше. Постојано се чувствував во средина меѓу саканите најсаканите, а се што сакав е да се сакаат и тие, барем да се почитуваат. Прекривав недостатоци некогаш од едната некогаш од другата страна за да не се случи омраза и одбивност. Но на крај сфатив дека само јас патам. И никој нема да ми каже фала. Сега ги сакам сите многу, но не ми е гајле какво им е мислењето, неможеш на сила нешто. Ги пуштив да тераат така. А јас ќе си ги сакам пак, но без напнатост.
Да мора позитивно тоа е се случува и поради моја состојба е ова што ја имам, ама како и да е мора да се продолжи напред. Фала ти многу за поддршката .
Кога си пушач, очигледно престануваат да важат правилата за нарушување туѓ простор. 3 саати и кусур возење в автобус за совозачот без осет да пали цигари внатре Она кога против своја волја и ти пушиш индиректно