На некои луѓе треба да им се забрани да ѕвонат во недела во период од 14ч до 20ч. Имам една дотична особа, која си бара некој за муабет кога и е досадно. Си ѕвони кога сака. Ем сеа и кажав имам ужасен вирус, со болки плус и другите се префатени, ем ѕвони. И ајде да бидам, културна и пишувам на фб, ми ѕвонеше не можев да ти кренам, што ме бараше. Ау, ко се налути. Тоа е.
На добар пат сум да станам како неа. Тотално ми има смисла. https://www.the-sun.com/lifestyle/3...-year-so-she-doesnt-have-to-take-it-down/amp/
Дур сите се приоритизираа, јас на другари давав шанси завиени во црвени панделки, незаслужени подарочиња. Додека вербално и позади грб со памфлети од гомца ме маваа. Смешно е, ама и трагично истовремено колку бегав од својата вистинска природа во туѓи канџи не разбирајќи дека сум си сама на себе доволна. Се исплатеше и биваше ли така? Затоа годинава си ја подарувам! Убава, релативно млада, плодна, просперитетна, заслужувам поквалитетен живот во секоја сфера. Фала му на чика Плутон во водолија, оти преку него си ја спознавам вистинската вредност. А другово, си го должам на себе и онака.
Абе ќе ти пушти едно минијатурно пораче во 2 по полноќ и оди после заспии ти да те видам. Значи да сумираме, маж што е заинтересиран за тебе ќе го покаже тоа, тој што не е заинтересиран исто така ќе го покаже тоа. Ама шо праиме за овие шо пуштаат водичка и испаруваат? За нив посебно место во пеколот, таму до казанот. Да се стопат ко свеќи.
Не си губи време со ликови што не знаат што со себе. Сечи во корен и продолжи напред. Не заслужуваш да се трошиш на небитни луѓе.
https://www.businessinsider.com/peo...christmas-trees-for-valentines-day-2020-1?amp Спојлер: . Еве и уште една (само не ја разбирам малце симболиката со мајмуните) . Let there be LOVE! Добро Утро.
Toчно. А, тој што не знае што сака исто така значи дека не сака. Како беше она, treat all mixed signals as a NO.
Дали остана некој нормален во државава? Дали ја изгубивме сите човечноста во нас? Идеш на работа и не ти исплаќаат плата зошто Вмро решило Арсовска да си даде оставка по секоја цена ? Денес еден познаник што работи таму почна да плаче зошто се само со неговата плата . Му дадов во моментот колку имав му реков не сакам да ги враќаш . И капак не е прв пат ова да го прават. Битно советниците нека си лапаат парички од Град Скопје и плус плата што си зимаат од работата кадешто се вработени ама ЈСП кој ги шиша нели нека се снаоѓаат како знаат и умеат. Бедни сте и едните и другите. Толку.
@Oriental зависи за што*. Обично луѓето не се трпеливи, а тоа е како да газиш на тенок мраз. Погрешен чекор и толку е. *Зборувам за исклучителни ситуации.
СДК не знам да се носам со комплименти.Не знам како да реагирам фала да кажам ми е досадно мене. Имам една колешка само ме мерка како сум облечена и се нешто ми коментира,како некој моден гуру. Комплименти се почесто,ама ми е претерано.Јас носам некоја ефтина гардароба и повеќе од 30 евра не давам за некое парче. Претходната недела имавме исти бои на блузата и панталоните леле исто сме облечени полета жената . Денеска јас во црна суќна и црна блуза,ме прашува зш у црно да не жалам некој .А јас сум мислам еденствен човек на планетава што не носи црно ,ретко носам скоро ич и најде да ме прашува глупости.Еве другарка и што не си ја праша зш е нон стоп во црно. Доаѓа да ми каже морген само да види како сум облечена и тоа застанува и ме гледа од глава до пети леле многу ме нервира зарем нема др колешка да ја мерка.А глупо ми е да и кажам не ме гледај. Па почнува за косата па дали ми е потемна фарбата еве ја од црна почна и таа плава да се прави. Ама изгледа тие од тој сектор сите се такви.Доаѓа еднаш нејзиниот колега и ми вика морген Ава ти денес изгледаш ептен лила и јас го надополнувам лила наместо црвена како бојата на хмас(беше украсено со букви за Божиќ).Почнавме и двајцата да се смееме. Јас не знам како да реагирам на вакви луѓе. Денес друг колега се дери од далеку Аваа и одам јас wow суќна.Јас само пфф му направив и се изнасмеав и си киднав. А маж ми пак ми рече како баба сум да ја вратам назад многу долга била куса да сум си зела.Во куса не можам на работа.
Јас да се убацам ко 13-то прасе само Спремни ли сте за натпреварот Германија : Унгарија денес во 20:30 часот ? Спремајте пивата и да се надеваме ќе изгубат германците оти им попуштија минатиот пат, се осеќаат ко привилегирани. Ајдееее , во исчекување сме сите , посебно комшиите над нас .....ќе има дерење, урлање, пцуење