Ако некој можи да ми го објасни поимот ,,банана држава" го слушам често ама не ми е јасно шо е финтава.
Во 1800-те и 1900-те, американските конгломерации за плантажи за банани како Chiquita што е, управувале со цели држави како Хондурас, Гватемала, Панама, Еквадор и други средно и јужно американски држави. Овие мали држави биле политички нестабилни, власта ја држела локалната олигархија која била наместена да владее баш од странските компании кои ги поседувале плантажите за банани. И секако, да работи во нивни интереси. Од друга страна постоела огромна работна класа која едвај преживувала работејќи на овие плантажи. Цела економија, политика и постоење на овие држави зависеле баш од тој странски капитал кој им ја држел земјата во заробеништво и ѝ ги експлоатирал природните ресурси и евтината работна сила. Или, со други зборови, модерно ропство, феудален корпоративен капитализам. Од тука е направен зборот "банана република"
Фејв вест отсекогаш ми е онaa: "Драган оставио све и отишао да чува овце". Големи се можностите да бидам Драган некогаш Само би отишла во некој резерват да чувам диви мачиња
Иако е сосема друго прашањето, ќе го спојам во контекст дека ова не е банана држава, туку парадокс од држава.
А јас што да кажам? Туш кабината е тесна. Едвај мене ме собира. Маж ми ми вика - Жено не знаеш што би ти правел, ама тесно е.
Не сакам да заминиш далеку од мене, сакам да те спречам да не одиш да бидиш овде бидејќи не знаам како е да дишам а да си далеку. Сакам да променам се сакам да те имам до мене. Душава ми е пепел ти таму ние овде.... Зарем ваков е животот? Никогаш не заминав бидејќи мразев разделби, имав шанси премногу ама сепак останав.... Сакам да е ова сон и да не одиш.... Не знаам дали е ова Божја војла, дали конечно ќе бидиш среќен... Сакам само да ти кажам дека те сакам, ти си дел од мене....
Какве срече сум, се распишав со еден, се супер муабет, заеднички интереси, споделуваме хобија, искуства.... Plot twist: Ми кажа шо го мачи, и сега сум психолог за без пари, водиме тежок и отворен разговор за љубовта на неговиот живот и плус му давам совети како да ги реши проблемите со бившата. Богоројца и бебе исус на помош, уште во вакво нешто се немав најдено.