Леле немој, кога ќе не прашаат што носиме на масата (што немаат пари да ја купат) ќе се испотресеме у гаќи
Сакам да кажам дека играм Hogwarts Mystery некое време и лечи некој дел од мене за кој не знаев дека треба да го заздравам.
За у купатило ова збориш? Пошо бањање широк поим е. Ако е купатило, парно нешо, греалка? Што сте бе волку зимурливи ццц. Па и од самата жешка атмосфера почнува крвта да врие бе Манчи, се прилагодуваш инстантно. За она другото што се тиче, када или уште поарно џакузи пробајте види како ќе се понаша и како ќе се снајде другарот у таква средина и дали ќе го помине тестот. Или па најдобро сауна или парна бања да инсталирате. Нека му е жешко малце и него, нека трпи, да види како е. Ќе се жртвуваш, тоа ти е. Компромиси. Еднаш по твое, другпат по негово. Абе многу му ја мислите значи вие, рилекс аман. Прошири ја.
Сакам да кажам. Од што те сакам мила моја Македонијо криво ми е ова што ти го прават и тебе на нас народот, душата ме заболе кога стана терорист премиер, солза пиштив. Дали сме свесни дека ја изгубивме државата, притоа без борба или отпор, ни стои на врат еден систем а врз глава ни стој една етничка заедница која прави се што сака и не притиска од сите страни, се повеќе и повеќе земаат замав, дали тоа го осеќате? Мислам на тие кои се политички индоктринирани од обичниот народ, впрочем тоа го има и кај македонските политички партии. Моја мила сакана Македонијо се збогуваме сега за сега, до следно видување ако се случи, тешко тебе со вакви политичари и народ те оставам во добро .
Сакам да кажам големо браво за @Musicallinmylife млад човек со големо совесно и длабоко патриотско размислување
Амии шо знам, поарно мислам. Туку ако веќе се ризиква живот мила еве со ова најубо, ем си го вртиш на кај сакаш, ем си топлиш шо сакаш и плус поевтино ќе поминиш, нема тука надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија
Јака доза на кафе. Јас без млеко не можам да го пијам. Само со вода ме асоцира на турско. И обавезно со шеќер. Без шеќер ми е Јас еднаш се зезнав со топло чоколадо. Ставам шеќер во чашата две лажички. Се занесов. Секогаш ставам по една. Си викам.. Нема да биде многу благо. Го пробувам... Тулумба. Кој е за кафе, нека изволи. Имам на залиха.
И обрни окрени пак се навраќаме до корен-проблемот одново и одново, како (во) покварена плоча, затоа што Е, покварена е. И не, не можеш да ја избегнеш никаде, се има разгрането низ сите сфери во животот и општеството. И и треба озбилно поправање. Ама сите зафатени се, имаат нешто за славење и позитивење. #сеесупер! #ќебидесеворед #lalaland Спојлер: . Не, нема.