Мислам дека пишав секоја чест на исклучоци. Полека. Не реков за доктори. Кој би пишал вакво нешто за доктори? Администрација. Администрација. Знаеш, сите сме останувале и саат време прекувремено, па сме се тепале да ни го платат и на крајот ништо. Не па, леле за 30мин. Па,пиши бе што работат. Анонимно е. Сепак е ПАРТИСКО ВРАБОТУВАЊЕ. И сите си патиме од него.
Како шо си коментирам на башка места за денешниов ден од аспект љубов, маркетинг, мимс за дејтинг (тука е конкретниот случај, за мајтап е конкретниот случај) и прв дејт на "денот на вљубените", најинтересни ми се луѓето кои ми се закачуваат дека "сме" биле православни, и ова било католички празник. "Сме" станале католици ради Америка и дали сум мислела Св. Трифун, ама ми се пишало Валентајн. Како цел колектив исти да сме. А, не сме. И интересно е од страна. Пошто, неверник сум. И разубедувањата дека сме исто ми се голем извор на забава дур се прам на Тошо. А мене? Ништо не ми е сем ден кај шо имам изговор за вино. Арно и дедово е љубител инаку... Денес сум до многу порано на работа, па со љубовта ќе туриме од бочвата вино. Многу е клучно да најдиш маж шо знај да прај квалитетно вино, ако веќе многу љубиш вино.
Добро има нешто во животот од кое не си крајнооо огорчена? Да замисли и во администрација работат луѓето, не знам како мислиш дека се сработуваат оние работи кои се основни за функционирање на сѐ и кои не знам дали имаш капацитет да приметиш дека постојат. И остануваат и прекувремено и повеќе од пола саат, замисли...Ти си истата што се буниш што не си смеела да јадеш кога ќе ти текне на работа, ама сега си напатена? Оди буни се за еден куп што фигурираат како вработени а воопшто не се појавиле на работа, не за луѓе што ја носат цела работа на нивни грб и пак не мрднуваат од минимална плата.
Секој си има свое мислење, ама навистина се претерува со тоа дека државна администрација не работи ништо.
Љубов е кога сте од различни држави и се обидува да ја искажи на твојот јазик што се уште не го владее многу добро. П.С. Славете ја љубовта секој ден, не само денес.
Кога ќе се изненадите од промената на некој човек, знајте дека тоа не е вадење на некаква маска. Често знаат луѓето да речат дека човек не се менува, туку паѓа маската, си го покажал вистинското лице. Ако човек не се менува, нешто не е во ред. Човек и треба да се менува со текот на времето. Се случува живот, се случуваат секакви нешта што го менуваат човекот. Расте. Учи. Може да се смени малку, може да се смени многу. На подобро или полошо. Тоа е природно и нормално. Тоа е животот.
Колку им е најбоље на луѓето што живеат во огромни градови. Им завидувам на изборот што го имаат за правење активности, доживување разнолики нешта, за пробување нови работи. Да можеш во било кој момент да отидеш на плажа. Да можеш да посетуваш секакви музеи со разно разни тематики. Да можеш да шеташ во интересни паркови и градини. Да можеш да учиш секакви курсеви и занаети. Едноставно да си го исполниш животот со секакви активности и искуства. Да, сами си го правиме секојдневието, меѓутоа факт е дека градов е проклето досаден. Едино што имаме избор за планинарење. Друго тиња. И замисли, така досадно и безвезе си го поминуваме животот.
Никој не ги заборава тие што не се појавиле на работа. Тие се први. Не знам зошто одма напаѓаш, синќир тебе ти се обратив. Не знам како памтите што пишал и како пишал некој на форумот. Дали сум истата или не, види провери. Хаха. Ти не ги знаеш условите во кои работев и немаш право да коментираш. Преслушај се, дали реченицата со капацитетот ти е во ред. Ако се најде засегната од постот, жал ми е.
Што е со луѓето кои фрлаат куп остатоци од храна директно во контејнер и дозволуваат да засмрди низ населбата? Отвараш врата за воздух оти внатре ти е загушливо, а надвор уште полошо е ради волови кои ги мрзи да идат до маркет по вреќи.
Суперболот ме потсети дека постои Ашер и му преслушав пар албуми, по што по не знам кој пат, со било кој жанр на музика, заклучувам дека пред 20 години музиката беше светлосни години подобра од сеа што е.
А шо ако не им кажете на заљубениве дека денот на вљубените е секој ден во годината, не само денес? Во останатите 364 нема да се љубат? Зошто не на пример И денес, И во останатите денови во годината? Зошто мора се да се комплицира? И како ви е глуп денот на вљубените, ама не ви е глуп денот на фа*инг виното? Толку многу прашања... #philosophicalquestions
Сабајле вртев тв канали и ја начекав Касандра. Ми текна колку беше популарна кај нас. Во 20 часот живо пиле немаше надвор. Се сеќавам дека Касандра и Ранду дојдоа во Скопје. Кај мене во маало се продаваа сликички, стегачи, сукњи, алки, и др. За маскенбал некои се облекуваа како Касандра. Убави времиња. @nextredstyle не е само тоа проблем. Од тераса фрлаат ѓубре. Пред да се омажам живеев на приземје. Комшиите над мене секој ден ги тресеа чаршафите. На тераса наоѓав трошки, пикавци од цигари, влакна.... Некултура.
Култура на ниво. Кај нас ако не дај боже некој од комшиите не го сортирал ѓубрето во соодветна канта, не сакаат да го земат ѓубрарите и лепат ливчиња да се сортира и стави кај што му е место, па тогаш ќе биде испразнето. Се знае, ред и дисциплина.
Ај жити се следен пат означи ме, штом толку те погоди дека ми е глуп денот на вљубените или цитирај ме а не овака. И денот на виното ми е глуп, фала што се интересираш за мене. Еве ти одговорив
И кај нас е така. Има 3 канти: за пластика, за хартија и за храна. Ама еднаш во неделата го собираат, а кантите за 2 дена се преполни. Стаклени шишиња фрламе во контејнери.
Оф веруј ми не се интересирам за тебе... уопште, затоа и меѓу другото не те означив /цитирав, зошто не беше наменето само исклучиво за тебе или било кој од овде, туку општо за оние што истово го викаат за сите празници, 8ми Март и сл... И исто во шаллив контекст беше напишано највеќе, така што опушти се, take a chill pill.