Да е само слава. Ти велам, неколку куќи "децата" се иста генерација и за сечиј роденден, слава, веридба, you name it, покрај музиката и пеењето (со отворени прозори и во двор) тропаат со тапан што лупа појако од вуфер. Ако ги собереш сите нивни прослави во годината, буквално се 20ина најмалку. И намерно го прават тоа најјако, најгласно, со отворени прозори, во двор, за сите да слушаат колку они се забавуваат. Абе нека идат у пм, ме заболе за нивната забава и дали им се десило нешто убаво. Самите они си израмнуваат еден смрден роденден со веридба на ист начин, битно да се пие, пее и лупа. Додади на ова дека летно време преку викенд трешти "бум бум никој ништо не ни може" со саати. Додади на ова дека секој втор двор е некаков сервис, или праат коли, или мебел, или 10 години куќата ја доградуваат. Не сум поштедена ни од хаусмајсторските галами, ни од ништо. И вака како што ти раскажувам, ќе дојдеме до заклучок дека најдобро е јас да се преселам во планина, ако сакам да останам sane. Иначе, кога реков да одат во планина да тропаат, не мислев да се преселат, него ако сакаат роденденот да си го прослават со тапан, нека најдат соодветно место. Густо населено место не е место за тропање со тапан.
Што ми е интересно ко ќе не постирам стори и не кажувам каде ќе одам , и ќе се замешам у муабет и пропратно ќе кажам и јас сум била и таму и таму. И уау! Па ти ништо не постираш, ништо не кажуваш. Фаците вакви Као демек ти си аут. Не бе луѓе, не сум јас аут. Само не сакам да си кажувам се и сешто. Позатворен тип сум.
Па јас знам како се мерат и знам кој звук и со колку време изложеност се смета за бучава. Ти дали знаеш?
Извини, ама да те однесам кај луѓе со аутистични деца на кои им смета бучава во двете места во кои живеам. И да те оставам да им го кажеш ова. Па, да ми кажеш како си поминала. Прифатила ти или не, постојат луѓе кои од разни причини не можат да истрпат бучава. Никој не е должен да добива главоболки или напади оти друг нема осет.
Може ли некогаш во иднина кога ќе прекинеме да го користиме форумов и веќе нема да е битно, да не известиш дали си била реална личност со сите овие случки и размислувања или само си измислувала цело време?
И јас знам. Прашував во полиција. Во Мк комшијата под нас за се нешто се бунеше. Замисли... Му пречеше што пуштав вода од чешма. Што децава плачеа кога ги болеше нешто. Многу јако сме го пуштале тушот кога сме се тушурале. Сме ги тргале столиците кога сме седнувале.
Што се сипаш одма? Шо и да интересира за мене дојди во ЛП. Што се замараш со мене? Бог да чува. Нит некој некого го тагира ниту повикува. После плачки, коа некој нешто ќе ви рече, а самите си го барате. @referentka, ај плс една чистка, тука.
Апсолутно им смета на аутистични луѓе бучава, затоа и постојат работи ко noise canceling слушалки. Не зборам за хронична бучава која нагласив дека е штетна за сите и нагласив дека и мене ми сметаат многу работи како коли, кучиња и сл, зборам дека скроз е океј инцидентно некој да си слави роденден или матура или веридба...океј е некогаш да се направи компромис бидејќи и ти можеби ќе сакаш да прославиш нешто и нема да ти биде убаво ако цел живот си била "примерен" комшија и наеднаш некој да ти викне полиција во 11 саат.
Шпанската сигурно ќе ја најдеш, бразилската ја бев нашла на некој сајт со српски превод. Ееее, времиња.
Ако има некој деца со аутизам, а при тоа некој сака да слави роденден како свадба, купете им слушалки и решен проблем. Нормално е кој сака да си прослави роденден, слава, именден, ама па и не мора со тапани. Не размислуваат дали има некој и постар човек сериозно болен, ако толку сакаат со толку гласна музика постои кафана. И реченицата "зошто живееш во зграда" Па не можат сите во куќи да живеат, а па во куќа поарно да не е, кој си е таков и во странство ќе си е таков, ама таму има закон, не е како тука, вујко ми работи во полиција па ајде ќе вознемирувам комшии. И да, не е проблем доколку нормално се слави, никој не може да забрани, ама некои немаат осет. И што пишавте "еее еднаш во годината е роденден", пишав и поназад, не е само еден комшија/комшика, па имаат деца, па слави, и секој трет ден нека трешти музика, ќе си купиме слушалки.
Дали јас сум падната од марс или не знам што е ова Се јавив за матичен гинеколог, матичната ми ја предложи Дечки, женава тако звана докторка дрско ми се обрати со Немам друга работа ќе примам нови пациенти и ми вика ајде ако сакаш спушти ме чекаат на другата линија Какво безобразие е ова? Пред некое време др од амбуланта ми вика го фрливме телефонот пензионери не замараа еве ти мој вибер ќе ми пишеш за резултати што требаше да ги земам Не, странство не знам каде да отиде човек, какви доктори се ова бе?
Дали само на мене не ми се допаѓа бразилската верзија на Клон? Имам ЦД со сите песни од серијата. Сестра ми го купи. Убави се песните. Мојата омилена
Вкус, не се дебатира за тоа. Ама мене оригиналната верзија ми имаше некој посебен шмек. Скроз убаво доловена сликата во муслиманските земји. А и јазикот...
Содржината на серијата не ми се допаѓа. И шпанската верзија не е ништо посебно. А1 телевизија прикажуваше добри серии.
Темата "Дали има потреба од логопед" ја прочитав како "Дали има потреба од сладолед". Па и уште во себе одма си викам "Па да бе" и тоа е сè што треба да знаете за моето моментално ментално здравје Not at the best place, but hey
Не се впуштам многу во комуникација, не верувам дека го имаш прочитано од мене. Ама еј, ако го имаш толку често прочитано истото, можеби е и вистина, штознам А може и да е од мене, што значи дека си стојам до ставот. Ако не сфаќаш шеги и си сфаќаш пресериозно, не е мој проблем. Цениш некој каков бил базирано на еден пост, замо затоа што не се согласува со тоа што го имаш напишано, незнаејќи за ништо друго. Тоа ми кажува многу повеќе за тебе отколку било што. Не дека не ми беше јасно дека повторно ќе ми вратиш на ист начин и дека ќе се испонашаш. --------------------------------------- Сакам да пишам....вчера денов каков ми беше, денес како да не било. Да не ми се случеше, немаше да верувам дека било толку лошо.
Ако земеме дека нештото е во ред, сите имаме повод за славење, родендени, матури, дипломски, слави, имендени, итн. Замисли сите да прославуваат со гласна музика и секоја пригода. Се знае каде се пушта гласна музика, во диско, ресторан, кафана. Тогаш биди фраер како што си фраер да замараш цела зграда и плати си за прослава. Законот за домување вели дека ти после 10 часот не смееш да правиш бука. Што би бил побитен роденденот на комшијата, од пример спиењето на моето дете, или станување рано за на работа, или спремање на испит. Баш дека живееш во зграда, треба да се однесуваш соодветно, коректно и да ги почитуваш останатите станари. А не обратно. Тоа е нешто што се нарекува култура. Очигледно им недостасува на многумина.
Не знам која е поентата на цитирањето ако се чита селективно. Не зборам дека треба сите секој ден да славиме нешто, ниту го посакувам тоа ниту сакам да живеам во галама. Ама океј, доволно е.
Спомна дека не ти проблем некој да прави бучава за роденден. Епа не живееш во зграда само со еден што има роденден. Тогаш ако дозволиш еден да слави со бучава и не викнеш полиција, даваш до знаење дека секој може кога сака и што сака да прави. Еве јас сум од тие што не толерираат журки по дома и дивеење, макар било еднаш годишно. Јас не сум таа што прави прекршок, туку тој што не почитува закони. После 10 е време за спиење и одмарање. На кој не му се спие и одмара слободно своето дивјачко и сељачко однесување нека си го однесе во биртија.