@nextredstyle, нека одмара @Stark, едно година дена минимум, уште е под импресии, не го рчкај чоекот и ти. @INNERBEAUTY, ма да ти се плукнам у Меркур, и у Сатурн уше поише, Јарец сум у ХороРскоп... А за одење, ќе одиме у ку*ац ко шо тргнало ова твоево age of Aquarius. Ај добра ноќ.
Имам постојано на тераса и прозори гулапчиња и им оставам храна и си ги хранам. Епа до толку сме строго на ти што кога ќе отворам прозор/тераса, и кога ќе се вратам во соба, ги наоѓам буквално вака.
Не знам зошто толку се плашам од иднината. Не знам што ќе донесе. А таа како да знае дека и се плашам и ужива да ме плаши. Ми се смешка задоволно. А треба да се плашам само од Господ зашто во Бибилија вели "Стравот пред Бога е почетокот на мудроста". Читам Библија...Стариот Завет го знам речиси цел има важни постулат и уживам додека ги читам приказните за Каин и за Авел особено. Каин-скит. Знам за песната над песните, за младоженецот и невестата за половите што се многу за добродетелта што треба да ја имаме во секој од нас. Знам за дедо Ное и неговата арка за поворката што водичот замавнал со стапот за да се раздели морето за да преминат на другата страна и да се избават. Само му го заборавив името. Но, да не преминам во проповедник знам и за нечистата жена која крвари поради циклусот и не е сеедно да се седне на местото каде што седела таа до полноќ исто така знам и за Адам и Ева и забранетото јаболко. Жената со тешки маки да го донесе на свет своето потомство. Кога не се слуша Божјата реч. Мерак имам кон некои работи: да влијаам на оформувањето на случките што се содржани и што ќе ги донесе иднината исто така и кон љубовта имам љубов. Сакам да ми се случи љубов затоа што досега ми се нема случено. Но, не е исто петнаесет и триесет и три години така да тоа сценарио лудо отпаѓа. Страв ми е од злобни луѓе. Страв ми е од сообраќајни несреќи од убавина. Порано повеќе ме беше страв сега во последно време само кога ќе се сетам ми е страв но, не можам ништо.
Се надевам дека побрзо дека ќе ми заврши "Црна хроника" периодов. Веќе една година само неубави вести имам од блиски личности и опкружување. Емотивно сум потрошена и изморена. Едвај чекам да се стопли, да дојде пролет, некако полесно е со сонце.
Дали може некој да ми објасни на кој начин да се регистрирам за скенирање сметки? Еднаш скенирав на стариот телефон ама сега на новиот не знам
Откако пуштив акција на одредени производи и парите пишав дека ќе ги донирам за Лео, видов колку прости луѓе има на планетава, пардон во Северџанија Прво, не знаат да прочитаат просто напишан текст Второ, не можат да разберат просто напишан текст Трето и многу битно, една жена ми побара да си купела чистени малини без семки Шетана жена, барем според профилот.. Да е толку глупава? Језа ме фаќа каде оди светов.. Народот стана глуп.. И тие 23000 плата се многу за некои луѓе
Еми со модернизација, наука и медицина, изумре природната селекција. Јбг. Наплати и ги дупло, оти си ги чистела по цели ноќи.
Сдк дека единствено нешто и позитивно во животот ми е тоа што живеам во здрав дух и здраво тело со одличен изглед, према посакувани резултати… успешно постигната целта Кога ќе се погледнам во огледало и на слики задоволна од себе си. Нека пукнат душманите! Не ги жалам!
Ја инсталираш апликацијата, ама зашо да се регистрираш не ми е јасно ако веќе имаш акаунт? Само се најавуваш. Ако не знаеш пасворд, ќе го смениш тука https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam и ќе моеш да се најавиш. Треба мејлот нормално да си го знаеш.
Како преживуваат луѓе што не знаат во маркет да се снајдат бе? Не знаат што е копан, што надкопан, што крилца, ама битно јадат тоа. Или не знаат што е зденка, што биено сирење, што печеница, што кулен. Или не знаат да одберат убаво овошје/зеленчук. Или не знаат дека има алкохолен и јаболков и вински и други типови оцет. Или ќе помешаат шампон и течен сапун. Да, сериозно вакви познавам. И тоа едната што знам дека е ваква, има многу "добри" родители што не ја пуштаат во кујна јајце да си свари.
Денес се фатив како јадам сладолед, облечена во дебел капут со крзно до долу Ем ми беше студено, ем ми беше лето Туку, една од модните мистерии на универзумот ми се мажи кои сe носат вака: Тесни фармерки/панталони до зглобовите I mean
Мислам, види какви игралишта имаат во Копенхаген: https://www.instagram.com/reel/C32vsAZMKF0/?igsh=MWR3bXhjMnU0bGZsaQ==