Сликајте сѐ што ќе стигнете, насекаде. Случајни луѓе, возила, сѐ. Веќе нити на надзорни камери не им се верува....
Утре тие ќе фатат дечковци и ќе остане и без нив а и без дечко. Доста со овие batali dečkoto šetajte mački so drugarkite идеологии аман веќе.
Баланс, бејби, баланс. Кај мене е обратно, овие што се мажени и во врски, не забаталија. Маж, бебе, дете.. Ако им свикаме ќе дојдат, ако не нигде ги нема. Па сеа... Нз што да кажам. Од молење, колење... Преку глаа ми е. Секој си бара изговори. А, секој може 2 мин да оддвои да пиши една порака. Не маж, не бебе, не дете.
Е убаво. Јас најмногу ја разбирам другарка ми што има двемесечно бебе и секогаш и пишувам прва, таа нема никогаш време, ја разбирам. Плус и прво дете и е.
Се е до луѓето. Оној што сака да комуницира со тебе, ќе најде начин. Ама не размислува секој како мене и тебе.
Имам прашање, дали најчесто до крај ви е попуштен тонот на слушалки? Јас слуша(в)м музика до крај пуштена, почнаа многу да ми зујат ушите, ќе оглувам. Откако намалив, подобро е. Ама баш ми криво, ако музиката не е до крај, не ги осеќам песните, битовите.
Никад И никад не шетам со две слушалки. Пошо последен пат така коа напраив, ми дое лопов. Строго со една слушалка за да слушам околу мене звуци. Поготово навечер или на потивки места
Помина тоа време кога смартфоните излегоа во мода. Има сигурно повеќе од десет години. А, како што сме научени технологијата бргу да се менува некако се задржаа...дали нема нешто попаметно да се измисли? Јас еве малку на феминава ве читам што има ново-старо па, планирам малку да идам на прошетка со слушалки и музика како што правев пред неколку време. Ммммм....убаво беше времето денеска ама јас бев на работа. Утре не сум. Имам цел ден на располагање со оглед на секојнеделните работи што треба да ги завршам поради завршување на работната недела како на пример чистење. Вечер нема да излегувам оддамна завршија организираните излегувања за кои што најмногу се залагав јас. Си правев еден тест мисе падна дека многу сум се пијанчела со другарките до раните утрински часови дека така ќе сум си го поминала претходното лето и да бидам искрена се разочарав. Не дека ќе сменам нешто но внимавам. Не дека не е вистина.
Точно, некогаш дур се прашувам да не е лута другаркава оти ја нема да пиши или преоптеретена е со бебуш....а др страна не сакам да ја напињам да и ѕвонам насекое.... Валјда, нема време воопшто.
Да. Убаво викаш, така се осеќаат битовите, басот, све е подобро отколку на потивко. И да е на нормална јачина, само ко да те тера да појачаш па дури и тоа тивко ти е некад.. За ова што пиша за зуење, кај ти текна.. Порано имав проблем со тоа ама не беше тоа поврзано со слушалки, музика, од друго ми беше и страшно искуство, и зуење и бучење у глава месец дена без престан, уф, арно шо не полудев. Помина, еве сеа неам таков проблем, да не се повтори. Само, ме подзамисли сеа со ова некако.
До крај за да слушам и осетам. Ама, седната некаде. Во движење не слушам за да обрнувам внимание на околината.
Денеска бев и на матичен и на специјалист и на ренген сето чиста 0, одлично отлсикување на здравството кај нас. А сега ќе ви го кажам моето патештествие. Сабајле се олцнав што се олцнав на вежбање, не можев да клекнам или седнам, а можев да се движам. Појдов кај матичниот ми даде да пијам Дорета факинг 37.5мг, трамадол. И после за упат за на специјалист, е таму веќе почнува простотилукот од епски размери. Одам чекам нормално саат и нешто, одвај се најде лекар, му ја опишувам ситауцијата како се повредив, и што можам ,а што не можам, не ме ни погледна дали ми е модро местото, дали имам длабнатина (ако е скинат мускул?!), ни нешто трето, само ми рече е тоа да си го носиш цел живот че боли и излези, да средам документите че ти дај сестрата. Чекам... ме пратија на ренген, одам долу со итен упат и дека треба да ме снима, ми вели ова не е упат, и по 5-6 секунди уствари чекај да тоа е.. И велам: Ве молам читајте убаво и стварно имам потреба имам болки. И на тоа ми враќа во смисла е тоа е че боли. И нормално не ме снимаа ми рекоа денеска не можи, туку во понеделник и да си извајш нов упат или горе оди да ти го сменат, одам горе и ми вели оди долу мора да те снимаат итн. И си реков да си ебите мајката во то газо, во понеделник ќе дојдам и тоа е.. Сега моментално се мачкам со маст и се напив ДОрета и ми препорачаа сепак да пијам Блокмакс Рапид наместо Дорета оти стварно се пресилни апчиња и не знам зошто ми ги дадоа мене... подобро се чувствувам и ќе ми помини веројатно ама сепак револтиран сум од односот на вработените и општо неспособноста... најдов приватно и тие дури понеделник можиш да закажуваш термин и нормално кошта 1500, ама ќе појдам сепак здравјето пред се. Нервозен сум изреволтиран си легнав, најбитно е одмарање и ќе гледам филмови, Lord of the rings триологијата ќе ја прегледам пак.
Зависи, ако е некаде на потивко место и има повеќе луѓе околу мене (пр бус, читална..) на послабо за да не слушаат сите со мене, а инаку на посилно слушам така низ улица особено кога одам. Инаку кога сме кај слушалките, кога вежбам со слушалки често ми испаќаат од уши и се нервирам, ако знае некој како да ги наместам? Или какви да купам оние што имаат такво за во уши? За безжични немам толку пари.
Еднаш читам дека причината зашто луѓето не сакаат мачки е зашто треба време да те засака мачка, дека не се секогаш расположени за галење и не сакаат секогаш некој да ги допира и ако упорно ги гњавиш кога неќат, ќе ти акнат една. И општо дека се понезависни животни Па еве се прашувам луѓево како функционираат во врска?