ме имало на списокот на членови со најмногу поени хехехехе. А кај тие со лајкови дур влезам ехее, треба прво фина да станам
Лично не ме интересираат лајкови ниту трофеи ако не се најдеме овде меѓу разговори и има зли мисли и контексти ,за што ми треба '.
Шо пак тоа сега треба да значи и кога планира да се опраи? Озбилен одговор, ми треба да летам со авион
@Biljarkata @Ugly Duckling Па овој период, поготово со Сонце во с. Риби иначе и вклучува и е (сам по себе) и (нај)добар период за патување. Како и да е за време на Меркур ретро/еклипса though. Мислам се се може ако се има воља, ама поготово 3-4дена пред и по еклипсата на 8ми, ја лично не би ако не мора... подобро да се патува поспонтано/сам со свој транспорт aко се може. И да, внимателно позади воланот. Меркур ретро вајбс; Не мора да значи лошо, само више хаотично. Укратко, што би се рекло во два збора да не речам, ама и ќе речам; памети збогом. Што може и да е добро во авантуристичко креативна смисла.
@Трагедијаупмм отприлика исто. Иначе ова е во тропик Овен. Сега ми текна на филмов не знам дали го имате гледано "Trains, planes & automobiles" , иначе биографски филм за двајца мажи што патуваат за време на ретро Меркур.
Како може да сакам некој толку Ќе те искршам кога ќе те видам сакам да те гушнам само и да те бацам. И сѐ што е лошо, да не се враќа. Само убаво да ни е
Не сакам луѓе кои муабетите за тешки теми сакаат друг да им ги брка, ако има таква можност, а тие да трепкаат и да се прават невини и неутрални.
Дали ги глеате децата шо носат за у школо??? Дали гледате? Пошто ја ова шо го глеам. Ми се повраќа. Да си го воспитате ќерките дека со гол стомак, и пушап, не се оди у школо, нити се привлекува внимание на дечко. Пошо нити се јаки, нити секси, делува евтино и мизерно. Не знам од кое школо се качи детево, ама не е од моето пошто нас вака да нѐ видеа, одма викаа родител. Фала Богу.
Еј те молам, како така, 21 век, 2024, при инклузија од секаков тип, за ова да се фаќаме не иде бе шо ти е. Ќе дојде ден да се нормализира и гол да шеташ и ок ќе биде тоа, шо има врска.. Не глеаш у темата уште малку шо не нѐ изругаа како сме заостанати у размислувањата, а млади сме. Срам да ни е, у Еу вака никад нема да не примат. Ама знаеш шо, не се криви децата ако глеаме реално, туку родители се за... Безобразна ако треба ќе сум ама коса ми се крева искрено. Тотално невкусно и евтино, ниту па доликува таков изглед за адолесцент. Страшна работа бе. Глеј сеа ај нека се пуштат дека ние си иаме проблем вака зашто размислуваме, со мањачки ум изглеа сме.
Загреота се. Девојчево беше 4та се гледаше. Носеше слики од табло у рака. Ама на ништо не личи. Не е ни привлечно. Ако привлечеш некој со голотија, и тој не е ништо поарен. Ако си дама ќе знаеш и со ролка да привлечеш некој.
Како што има дрес код на работа, така мора да има и на училишта и било која образовна институција. Не може јас на работа да се избацам во шорц или тренерки, како што не може колешката да дојде во минич или со искинати фармерки. Така да, не може ниту ученици да одат така на училишта. Си има други места и прилики за таква облека. Во последно време си патиме од непочитување на закони во сите сфери на државава. Сите зборат за права, а никој не збори за обврски.
Затоа е најдобро во секое апсолутно во секое училиште да има задолжителни униформи. Скоро гледав едно интервју каде рандом луѓе прашуваа за тоа дали се за униформи и скоро сите беа против од причина што требало секој да се носи според она што сака и да си го покаже својот моден вкус и слично. Но тоа не е место за тоа, таму се оди да се учи и дружи со децата и сите да изгледаат еднакво а воедно и нема да се мислиш секој ден што да облечеш. Исто така ќе има деца што се облекуваат од некој си познати брендови и сите знаеме дека особено во основно па и средно кога психички не сме развиени доволно многу може да влијае
И со нокти огромни, нас само со лакирани нокти па не ни даваа. Претеризам се со ноктиве, ај ок малку, ама ова огромни.
Бев скоро во Бугарија на кратка викенд прошетка. Најдов некое мало маркетче, гранапче, и одам на кај вратата да влезам, а таму знак: Дрпни ме - Pull me Значи, секое одење во Бугарија ми е ново доживување и смеење со јазикот нивни. Имаат најчудни зборови, за најобични нешта. Микс помеѓу македонски и руски јазик. Нели, како доаѓале од Волга, така и се мешале со локалното население, па и јазикот го измешале. Како Мр. Бин кога препишуваше.
Еве до каде стаса нашето образование од партиски полтрони. Напишано од професорка. Иако е шала, невкусно делува... Кој им дава на овие да ни учат деца...?
Воопшто не е невкусно кога е реално. Кога ќе ми текне некогаш кога немаше да научам какви глупости имам трескано, не за смеење и за плачење е