Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Секојдневна ситуација: гледаш некој познаник по улица задлабочен во „креативниот“ виртуелен занос, и треба да се удри така занесен во тебе за да крене глава од телефонот и да те поздрави. Во автобус седиш до прозор, и човекот што седнал до тебе решава некое светско прашање на Инстаграм или Фејсбук, и треба неколкупати да го викнеш за да се потргне и да се симнеш. И ред други слични. :tmi:

    А на пиедесталот па ми се оние кои излегле со друштво, пазете за рекреација на кеј, или во кафич, ресторан, и секој нурнат во својот телефон, па чекирање, па да се запази и секој нов лајк... па нели секако, максимално да се искористи и ви-фито од објектот? :drunk:
    За овие последниве треба да се воведе некаков закон, во објекти за излегување во друштво да се забранат секоја паметна мобилка, све што е со интернет. :D Само некој од типот на Нокиа 3310 за ако му текне некому да ти ѕврцне, да не се загрижи. :D Пошто непишаното правило дека е некултурно да се ѕвериш у новините на Инстаграм додека си во друштво, па дури и да не маваш рецка на некој што ти се обраќа, очигледно не важат. :geek:

    Значи луѓево веќе од најмали нозе стануваат како програмирани роботи со целото внимание насочено кон насекаде достапната технологија, кои кога ќе ги поздравиш на улица намуртено креваат глава од телефонот, со поглед ко смета... |-)
    Не можам да ги разберам ваквите, како не посакуваат малце да одморат очи, да издржат малце без она што има ново на нет барем при вакви друштвени активности. Како првпат да гледаат интернет на смарт телефониве кога ќе излезат надвор. :D Си излегол на било каква форма на дружење, па остави малку луѓето околу себе да те расположат и насмеат со некој интересен муабет. Никогаш не можеш да го замениш гласот полн со смеа на пријателите пред тебе, муабетите и споделувањето интереси, со виртуелниот свет. :)
     
    На Ivy89, ana-girl, ColoursOfTheRainbow и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски

    Ами ти остане миризбата на носот и после се чудиш што се ти мирише убаво :D особено со парфемите, мирисни еден, друг, трет и ти се смеша се, и не знаеш кој поубаво мириса :D
     
    На lunicka и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    И уште еден понеделник.[​IMG]Доста им беше на топлите и убави утра полни со сонце. [​IMG] Како по некое непишано правило повторно стана тмурно, сиво и досадно. [​IMG]

    Уште кога ќе кажам понеделник, веднаш ме асоцира на студ, суво, ладно, безживтно, магливо и секако со еден куууп прозевања. :D Па и како капак на се’ се разболев. Нон-стоп само кивам. Ете од кога почнав да го пишувам мислењево мислам двапати кивнав. :geek:

    Денес кога си дојдов од школо немаше што да правам, па ѕирнав во домашната библиотека, и најдов една книга која засекогаш ќе ја паметам. Малиот принц. Чудно е тоа што кога бев помала, не знам второ или трето одделение, се нафатив ќе ја читам. :D И тогаш не ми беше многу интересна. :lol:
    После некоја година пак земав да ја читам. Тогаш бев убедена дека ја разбирам. :angel: Ама сега гледам колку не сум ја разбирала. :lol: До душа и сега не ја разбирам во целост, ама... :wasntme: Можеби еден ден, ќе ми стане целосно јасна? :?:

    И да, уште нешто. :D Со сестра ми и’ го правевме проектот по информатика. На Корел да направи плакат за екологија. И убаво испадна. Или јас така мислам. :^)

     

    Прикачени фајлови:

    • eko.jpg
      eko.jpg
      Големина на фајлот:
      57 KB
      Прегледи:
      488
    На ana-girl, Sunshine.Sunshine и Srckata28 им се допаѓа ова.
  4. 41319

    41319 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Сакам да си имам кученце ;(
     
    На Ivy89 и mileystar им се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Помина повеќе од година кога пеперутките во стомакот се претворија во плод, кога нежното треперење го заменија неспретни движења на рачиња и ножиња на едно совршено мило суштество и до вчера точно една година, како на свет го донесов мојот син. Прв роденден, еднакво радосен како прва љубов, го дочекав со нетрпение и огромна возбуда како на мало дете, со утринскиот ритуал, кога на вратата од детската соба, за прв пат ставивме сина цртка со вчерашниот датум, помеѓу седумте црвени, кои ја обележуваат висината на моите дечиња и за колку сантиметри пораснале до секој нов роденден. Му посакав грст желби за здравје, среќа и радост, го опсипав со милион бакнежи и му ветив дека додека сум жива, тој ќе биде најважниот маж во мојот живот :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Anna-Banana, bittersweet, Buttterfly и 33 други им се допаѓа ова.
  6. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Јас сум од оние луѓе кои го сакаат понеделник.
    Не знам зошто понеделник како ден е дочекуван како непосакуван гостин.
    Повеќе ми се допаѓа понеделничкото будење,понеделничкото миење заби,лице,раце.
    Кога гледам како некој понеделнички за секунда не го испушта автобусот,ми влева некоја надеж дека светот ќе го владеат добри,способни,паметни кадри.Секој некаде брза,секој негде таму го чека цел.
    Понеделник ми дава мешавина од парфеми.Кој од кој.
    Понеделник ми е синоним за чисто.
    Да не го сакаш понеделник,значи дека не сакаш некој дел од себе.
    Некој почеток,број еден.Се` започува од еден.Нула,како нула дава нула.

    Од сеќавањата како помала,еден текст ми е врежан во мозочето мое.
    Памтам беше текст за месеците во годината.
    Имаше две девојчиња.Едното добро,другото лошо.
    Доброто девојче тргнало да полни вода.Не се сеќавам баш,но мислам дека беше бунар во прашање.Околу бунарот биле сите дванаесет месеци во годината.
    Кога девојчето дошло да наполни вода,ги поздравила срдечно.На што и следувало прашање.
    Кој месец од годината ти е најубав.?
    Таа одговорила дека сите се убави на свој начин.
    Секогаш кога ќе зборуваш ,од устата да ти течат златници.- бил одговорот од жената која и го поставила прашањето.
    Лошото девојче пак кога отишло,не ги поздравила туку си полнело вода.На што следувало истото прашање.Нејзиниот одговор бил:Јануари е ваков,баба Марта е лута и итн.
    Секогаш кога ќе зборуваш,од устата да ти течат црви.,бил одговорот од жената.

    Така и понеделник,вторник,среда....Секој е убав на свој начин.Секој со себе носи нешто.
     
    На ana-girl и Barbie20 им се допаѓа ова.
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Толку многу сакам да чкртнам нешто во темава, но немам инспирација.
    Најверојатно е така поради тоа што не ми се случува ништо посебно и сум во период на мирување. Од секој аспект на животот.
    Затворена во себе, ретко кога наоѓам прилика да се опуштам и расположам онака од се` срце.
    Шолја чај од дива цреша е единственото нешто што ми ја загрева душата секојдневно.
    На моменти сум добро, а веќе во друг момент ми се чини дека целата тежина на светот паднала врз мене.
    Спомени ме навраќаат на минатото, а сегашноста ја живеам со преокупираност за иднината и веќе спомнатите спомени од минатото.
    Чувствувам страв. И сама не знам од што.
    Немам мир. Толку млада, а без никаква волја.
    Ќе помине. Што не поминало.
     
    На Lella, SparkyAngel, cooll и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    -Ако некој утре ќе патува низ град, а сигурно за на школо, факултет, работа....Пазете се девојки, ве предупредувам, Вторник е...! :puke: :x
     
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Има повеќе видови на личности но еден од најчестите денес за жал е онај тип што убива.Не зборувам за она психопатско пореметено ладнокрвно секирасто убивање, ами за она што духот и душата ти го распарува и го расфрла на сите страни.Но иронијата во сето тоа е што најчесто тие личности се труда да докажат дека тие се жртвите во сета таа конфузна ситуација, тие се најповредените...и поголемата иронија е што другите типови на луѓе се принудени да веруваат во тоа.. зошто, како и поради кои причини го прават тоа само тие самите можат да ви дадат одговор, ако и тие самите се свесни за тоа, можеби една веројатност е дека грижата на совест ги јаде полека како мало цврче во скапано дрво.
    Грижата никогаш нема да исчезне се до момент кога самите ќе свата колку погрешиле и побараат прошка самите себеси, зашто типот на личности како мене со меко срценце и брзозборлесто муце за миг забораваат на се и му опростуваат, но не доволно за да бида повторно со нив, доволно потрошиле залудно шанси за повторно да убиваат...и зборовите од типот не ми недостасуваш ти ами личноста што мислев дека си изговорени од таквите убици немаат никакво значење, тоа е како лавот да каже јас сум жртвата и сум премногу повреден од газелата што со рокчето ме опна по г'зе, не не и не, научете да си опростите себе си па потоа да побарате прошка за грешките направени...па дури потоа можете да бидете лав со достоинство!
    [​IMG]
     
    На Ivy89, ColoursOfTheRainbow, Captain-Omni и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Треба да бидеме среќни за работите во животот кои имаме можност да ги избереме и промениме. Затоа што постојат нешта што едноставно треба да се прифатат.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    6.752
    Ова ми е трет по ред пост во СДК, ама нема врска ко да немам што да кажам во другите теми. :|
    Како си одминува септември, сфаќам дошла и есента а по неа ќе дојде и зима, ќе биде ладно и ќе се туткаме.. И нема да ми се станува сабајле, ќе одам намуртена и со црвено рашмркано носе накај школо. Никогаш не сум сакала зима, се пократките денови, недостигот на светлост и студенилото ме води кон депресива и безволност.
    Знаете, спомени ко се во лето да се прават. :)
    Единствена светла точка на зимата ми е пиење овошни чајчиња дома и топло чоколадо од Пиаца пред/после школо, и тако чипс секако.
    После зимата ќе дојде и пролет (кога ли ќе биде тоа?) и се така во круг, времево ми е таква загатка, во исто време минува и пребрзо и пребавно. Се губам во него и не можам да му најдам НЗС..
    Ме фаќаат носталгии за школово, иако сеуште незвршено, ќе ми фали најпрво моето место позади школо за пушење цигари пред/после/на часови и се шалиме со другарка и другар кога ќе се запишеме на факултет овде ќе доаѓаме да пушиме. :D Абе и ходници ќе ми фалат, и одредени професори, големо почитување до нив.. За среќа, луѓето и бившите симпатии радо не би ги гледала веќе :)

    Туку, на друга тема ќе скокнам сега. Обожавам музика и пеачи кои се безвременски, се слушале и ќе се слушаат со генерации. За мене таков е Здравко Чолич, го слушам речиси 8 години, уште како дете и мислам дека нема песна или албум што не му знам. Едно време бев опседната со него, му го гледав документарецот, му читав интервјуа и си тажев оти не сум се родила во времето на мама, да му се џиткам како девојките од прв ред на бина..или случајот во хотелска соба. :D Што и да слушам во моментот, да слушнам дека Чола прави концерт ете ме во прв ред. :) Нема жанр во кој може да се смести човеков, зрачи со шарм и харизма.

    Туку ај си се расприкажав јас многу, отидов да повторувам филозофија, утре пак ќе дојдам да ви се фалам во СДК како сум добила петка. :rofl: (НЕ)
     
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Се чувствувам убаво кога ќе помогнам некому.Можеби 100 денари не се голема сума на пари,но сум се обидела да издвојам барем толку и сум го сторила тоа од срце.Така, секој месец можам да се лишам од нешто само да знам дека на некого сум помогнала. :)
     
    На Ivy89, eliesaab и Lella им се допаѓа ова.
  13. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Ајварот е новата Нутела ! Создравје да се јади :rofl:
     
    На eliesaab, ColoursOfTheRainbow, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Хејј гајс :hai:
    Конечно назад :) Иако сигурна сум дека покрај толку интересни и активни членови никако не забележавте дека ме нема, впрочем се навикнав ниту пак ми пречи, нормално си е тоа :D али сакам да кажам дека ова школово уште од почеток ме исцрпи :emo: па занете она прво лице, па впечаток и итн. Многу се трудев т.с сеуште се трудам да оставам што е можно подобар впечаток на почеток зошто сите вие ме советувавте на тоа.
    Сакав само да објаснам дека не се откажав од вас, тоа никако :D само нема да ме има некое време, некои од вас се интересираа па..
    Поздрав :*
     
    На eliesaab, Sunshine.Sunshine, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Еден телевизор, еден далечински управувач и еден маж во една куќа е што е дозволено. Да имаше уште еден маж во куќава гарант војна ќе избие. Не дека пропагирам бигамија, нека е ќираџија. Порадо би живеела со свекрва ми се чини. Среќа е што имаат по две раце, да едната им е залепена за далечинското додека другата е слободна за подигање пиво, чешање меѓу нозе и чепкање нос |(
     
    На Emy867 и lunicka им се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога не знам што да правам, си ја земам милената кнга од детството и ја читам, секако. :)
    "Шеќерната Приказна", приказната за малото детенце направено од шеќер. Секогаш кога ја читам се чувствувам исто како да ми е прв пат. Како кога бев прво одделение. Не е нешто голема книга, но секоја страмица ја читам полека и пбрнувам огромно внимание. Навика ми е, и не верувам некогаш да ја прочитам за пократко од еден час, иако и поголемите за толку ги читам. Секој збор, секој нов лик, секое ново посетено место на шеќерното детенце, со секое наредно читање ми се сѐ поинтересни и поинтересни.
    Веќе осум години како ја чувам. Од тогаш до ден денешен е иста, воопшто неизменета. И ќе ја чувам сѐ додека не најдам соодветен наследник за неа. А тоа сигурно нема да биде во наредниве десет години. Така да, барем уште пеесетина пати ќе се прелистаме со книжево. :)
     
    На Ivy89, eliesaab и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  17. Simple.Love

    Simple.Love Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    12
    Ми требаш многу да те гушнам да те почувствувам ;( :*
     
  18. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Знаете што всушност се смета за најголема мана денес? Искреност. Се друго ќе ви простат, ова не.
     
    На eliesaab, Barbie20, ColoursOfTheRainbow и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Додека седев и ве читав, со едната рака сум фатила прамен коса, го вртам ли го вртам. Чвор огромен си направив. Малку испаничив, но во ред е сега. :D

    Му се смеев на татко ми, кога проба само едно парче од мојата роденденска торта со кафе, а потоа цела ноќ се превтуваше, велејќи дека не можел да заспие поради кафето во тортата. А јас изминативе неколку дена, како некафеџика, почнав да пијам некое си ладно кафе. Ми се усплади, како чоколадно млекце ми стана. И онака се' што пијам, пијам на екс. Ништо не влечкам. Ама сега... оди ти па спиј да те видам. :D

    Карма из а бијааач. :D

    Ама не за друго, туку и да се привикнам, потоа ќе си отворам дупла работа. Кој ќе вари 20 пути на ден кафе? Пази го да не претекло... Вака раат сум си. :wasntme: Отвораш млекце или пивце, пиеш и готово. :P
     
    На Mahidevranfan, LittlePinky, Ivy89 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Машки
    Драга, еве ја есента..........

    [​IMG]

    отишла да доџе ;(
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.