Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Открив дека максимално поштујем мимикрија.

    Здраво. Да ве запознам со моите Алтер-ега. :wasntme:
    Кога ќе ме застанат на улица некои промотерки веднаш се преобразувам како љубител/нељубител на тоа што го нудат, во зависнот од понудата и секако, расположение.
    Ако рекламираат цигари, а притоа имаат интересен рекламен матерјал, станувам пушач во истиот момент.
    Во Рамстор кога нудат пудинг/сирење/чајна..ватевр, тотално сум задоволна од производот. Не дека ги заболе, ама нека си мислат така де.
    Исто така да си знаете дека обавезно застанувам кога ќе ми дадат флаери. Слушам како ме мотаат, а некогаш дури и припрачувам а уопште не сум заинтересирана. Да се направи муабет де, многу ми е некултурно кога ги одбегнуваат возвишените господа.
    Да не ви зборам како автоматски станувам малолетна, по анкетите што ги прават по телефони во кои одземаат „кратко“ време. Кога плаќам сметки во Близу, каде не знам од која причина, но упорно ме прашуваат дали јас сум таа на која се води адресата - тогаш го земам идентитетот на мајка ми.
    Еве и тука пишувам под псевдоним. :wasntme:
    Мило ми е :handshake:
     
    На Giovanna, kala21, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Кога беа мали ги чував, ги шетав, си играв со нив и им дозволував да ме кубат за коса.
    После кога дојде време да тргнат во школо, им помагав со домашни, со проекти, куќички, хамери, сложени задачи и цртежи. А откако поминаа училишните маки и секој научи сам да си ги пишува домашните, дојдоа и оние другите - љубовните маки.

    Сега веќе сите тројца се тинејџери, во кои си се гледам себеси кога бев на нивни години. Израснаа во моите фустанчиња, првите шминки од мене ги добија, а сега веќе за љубов размислуваат. Гледам како летаат со паметот, како живеат во некој свој свет, како прават некои глупости за кои можеби еден ден ќе се смеат или каат.

    Сакам да им кажам некои работи, ама секогаш кога ќе отворам уста се предомислувам.
    Попусто ќе се обидувам да им докажувам, кога веќе не ме ни слушаат. Веројатно некои работи за тој период од животот се неизбежни и мора да се поминат. Свесна сум дека не можам постојано да се обидувам да ги заштитам. Морам да ги пуштам да пораснат.
    Само што, не знаев дека тоа ќе се случи толку брзо. За мене секогаш ќе бидат малите.
     
    На bittersweet, Buttterfly, ana-girl и 34 други им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    23.878
    Пол:
    Женски
    Сите ние сме уникатни и посебни,помалку или повеќе.
    Зошто некои си ја скратуваат таа убавина?
    Убавината на посебноста?

    Јас сум родена како чудолак и ретардос и си се сакам,и немам потреба да бидам како другите.
    Ако јас можам да си ја сакам особината своја ,можете и вие.

    Немојте.Ве молам,немојте.
     
    На eliesaab, Elennaa, AziskaStrslenka и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.381
    :o Анимал принт си се веќе посебна приказна. :rofl: :rofl:

    “Тигрести хеланки само за селјанки“ или како беше :wasntme:
     
    На SimonaTino, sajonaramucaca и natemila им се допаѓа ова.
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Чудесии, прв пат месецов да се разбудам кај рано, уште и полна со енергија, да станам без да се поздравувам со креветот 15 минути... штета што немам некои обврски денес. Камо секогаш да беше вака, многу работи ќе беа полесни, ама не... кога ќе дојде време за факултет ќе се шетам наоколу како вечно ненаспано зомби.
     
  6. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Есента е прекрасна...незаменлива...ништо не може да го замени есенскиот дожд, кој едноставно те мами да се залепиш за прозорецот и да ја гледаш секоја една капка како паѓа, прекрасниот звук на тие капки кога ќе паднат, ветрето кое те освежува, сонцето кое ѕирка од зад облачното небо, прекрасниот звук кој го создаваат паднатите лисја кога ќе стапнеш на нив...едноставно незаменливо...ја обожавам есента...толку е посебна, романтична, таинствена....
     
    На mal.ecka, eliesaab и Serafima им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Есен ...
    Не одев оваа година боса низ бранови вода , ниту ги сончав летните фустани на некој брег.Не берев јаболка ниту ги барав своите демони во ливадите и овоштарниците на моето село.
    Стареам полека и незапирливо.И неиздржливо.
    Не го ни приметив летото,а тоа се издиши и спласна како и да не било.Не успеав ни да му се израдувам.Некои темни грижи и и матни планови живеат во моите утра.Некои неразбирливи сонови.А спомените молчат закопани и заклучени.Ги сонуваат оние лета кога доаѓаа бујни и свежи .Ја сонуваат својата младост која полека умира.Ја сонуваат и тагуваат онака како што се тагува по нешто скапоцено.
    А есенва еве ја.
    Јас не ја сакам.Ме потсетува на затворање на еден круг ,на еден период.Бившите есени ги сакав.Овие сегашниве не.Градов во есен е премногу сив,влажен и студен.Не мирисаат ни дуњи ни јаболка.Не мириса ни душата на земјата.Ништо не мириса.
    А да се живее, мора.
     
    На poenta, Barbie20, kala21 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Од секогаш сум замислувала каков живот имаат лугето каде има само едно годишно време лето. :?:
    Не им треба топла облека,чизми,дрва за огрев,зимница.

    Мене најтешко ми било во есен.Посебно кога требаше да ги спремам децата за на училиште.
    Училишен прибор, книги....цело богатство што се вика.
    Досадно ми е средување на плакарот.Посебно последните неколку години.
    Топло ,ладно. :sun: :rain: и она постојано претурање.
    Ми стана навика секое утро првин да погледнам надвор. Дома често ме зафркаваат , кога ке ме видат онака поспана , како одам во спротивен правец од бањата.

    Од друга страна пак , есента навистина ги зближува лугето.Обрските се толку големи, што мораат да си помогнат еден на друг.Голем мерак ми е кога ќе видам како повеке луге берат грозје, прават ајвар, или собираат плодови.

    Слична ми е на пролетта, а пролет ми е омилено годишно време.
    Есента и пролетта асоцираат на живот.
     
    На bittersweet, eliesaab, poenta и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    12.265
    Кога со некои персони се чуствувате несодветни,пробајте да се правете изморени... чуда прави :D
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не можам овие денови да се отпуштам, постојано сум напната и нервозна. Вчера купив сенки за поклон и ми паднаа 3 се скршија. Ко за бејла многу се нервирав бидејќи најубавите бои се скршија, ко капак на се повторно ми се затнаа ушите, ми падна телефонот во вода.И денот ми заврши со плачки. 4 сати без претстан, и не се срамам да кажам денеска ми е полесно како се што ми се собрало отишло со плачењето и душата сум ја отворила.
    Денес е нов ден и одам да ги однесам подароците.
    Have a nice day
     
  11. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    После враќање од убаво поминат одмор, секогаш, ама баш секогаш ме фаќа депресија. Една недела имав време само за себе. Да се наспијам, истуширам, подготвам јадење за на плажа и да тргнам во освојување на ново место, незабележано од претходната година. Првиот ден од мојот престој - не беше исто чувството како лани. Но, кога се качив на мотор, затворив очи и ги насочив кон сонцето, дозволив ветрот да ми милува, а го пуштив мозокот на слобода, е тогаш сфатив што недостигало. Поминуваш градчиња и села, сите ознаки веќе одамна врежани во умот, на моменти се тресеш кога ќе навлезеш во боровите шуми, а потоа повторно те гали сонцето, радувајќи и` се на потемнетата кожа. Здогледуваш таверна со поглед на море и тука инстинктивно се застанува и повторно затвораш очи, обидувајќи се да го задржиш што подолго свежиот воздух во градите, мирисот на солта, тиркизната боја.
    Ги вкусив најубавите лазањи во еден италијански ресторан, со највкусното црвено вино. Не остана ништо невидено, сите плажи од списокот се шкртнати, сите поголеми градови прошетани, успешно испешачени многу километри до водопадите и по стрмните патеки за да се стигне до една од најубавите плажи и апсолутно за ништо не жалам. За ниедна болка во мускулите, за ниеден навидум залудно потрошен ден кој можел да се помине на поинаков начин, за ниедно празнење на џебот кога душата и стомакот ми биле полни, за ниту еден убод од комарец додека уживав во зајдисонцето...

    Единствено жалам што траеше премалку и што со пристигнување дома прво мислам на сите нерешени проблеми и животни прашања.
    Острову, до следното видување!
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, bittersweet, Ketrin.Moon и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Тоа е, кога ќе одлучам нешто, не отстапувам од своето, па да знам дека последно ќе ми биде, едноставно не можам да одам против себе.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сте приметиле ама во последно време има инвазија на бели теписи по куќиве.А со што ,пред да зачекориме на светите бели теписи (и понатаму мислам дека треба да се спроведе социолошко испитување за причината на појавата на бели теписи по глава да жител во Македонијава),треба да ги третираме стапалата?И замислете што се паѓа на нив а не е видливо со голо око...затоа гласам секоја куќа со бел тепих треба да има прирачна лабораторија во која на лице место ќе се одреди микробиолошката прифатливост на гостинот...
     
    На kate21, marama, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Ја сакам есента.Всушност,секое годишно време си има свои убавини,но има нешто посебно во воздухот што го вдишувам во есен.А утрата..прекрасни се,иако налагаат малце потопла облека,има нешто посебно во нив.А сега ве поздравувам идам да си го испијам кафето на овој убав есенски ден :*
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Цел пат па се до дома си мислам ми се пие црно сокче, ми се пие црно сокче, стигнувам дома отварам фрижидер и стварно црно сокче. :D
    Тато те обожавам. :l:
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Секој живот е филм. Посебен на свој начин. Тие филмови траат и траат, со години. Некои повеќе, некои помалку.
    Некогаш ние сме актерите, а други нѐ притискаат да глумиме по нивна желба. Некогаш пак, ние сме режисерите, нештата се случуваат по наша желба и управување. Но, никогаш не остануваме на истата единствена улога. Постојано се врти кругот и се менуваат местата.
     
    На Barbie20 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  17. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Го знаете чувството кога наутро само што ќе ги отворите очите ке ви се јави љубовта да ви каже: "Добро утро срце, како спиеше" ? Денес ми се случи ова и се стопивв :wasntme: Денот ми почна со насмевка сега имам главоболка ама ќе ми помине и тоа :| Have a nice day!
     
    На Ivy89, elisabeta и Saraa им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Есента е период во годината кога сите стануваат романтични, обожаваат долги прошетки по жолти лисја и стануваат поети! :hai:
     
    На eliesaab, tirkenbal, Sunshine.Sunshine и 6 други им се допаѓа ова.
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Плажа,залез, јас и он сами...Го постави прашањето а јас кажав ДА! Ме изненади многу,бев преплавена од емоции кои неможам да ги објаснам со зборови.Он е мојата втора половина,еден и единствен He's the one.
     
    На thinkerbell, bittersweet, Buttterfly и 30 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    17.634
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека се гадам од самат себе си . Докога ќе правам будала од себе ? До кога ? Кога конечно ќе научам како трба да се понашам во одредени ситуации ? :@ :@ :@ ;( ;(