Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Дојде есента, со тоа се ближи и крајот на 2014та, убаво е што времето минува, се радувам на секој проживеан миг, на секое кафенце испиено на слабото сонце, и благиот ветер, но правејќи го ова околу мене не можам а да не ги забележам оние изобличени ликови, што навистина се случува со луѓето, точно е дека сите живееме во сопствен филм, но некако многу луже претерале со нивните филмови, не дека нешто многу се замарам за туѓите животи но во последно време ми бодат очи некои изобличени, нереални погледи кон светот и е околу нив. Се на нив некој лошо им прави, се на нив им се погодуваат не соодветни партнери, голем број од денешната младина (не дека јас сум многу стара, далеку од тоа) посегнува по наркотични средства, по алкохол, сите гледаме другиот колку постигнал и КАКО го постигнал, само кукање, што ви е бе луѓе кој како се снашол така, не е ваша работа ако можете повелете и вие. Најмногу од се ми е чудно како може еден човек за толку кратко време да се претвори во нешто сосем спротивно од тоа што беше, другарка која многу ја почитував и ценев денес со муабтот кој го пави и заклучоците кои ги носи просто ме запрепастува колку се уназадила. Сепак држи вода до некаде онаа со кој си таков си!
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Јас видов како живеат 365 дена летни секоја година, цел живот. Темна кожа, релаксирано максимално ... дури и мрзеливо. Но, имаат најубава природа, огромна чиста и прозирна вода ... Сонце, позитива.
    И ми фали тоа. :doh:

    СДК ... живејте за себе, живејте моменти, зашто никој друг место вас нема да го живее она што денес ви се нуди, а утре кој знае дали ќе има реприза.
     
    На bittersweet, eliesaab, Elena69221 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.644
    Допаѓања:
    185.431
    Пол:
    Женски
    Денов турбо...
    Ми се чини во земјава наша напатена... најтешка ствар е кога треба да трчаш по администрација, да средуеш папири.. да чекаш по шалтери....и при тоа да останеш присебен, ама кога се мора.. се мора. |(

    Исто.. деновиве сфатив дека кондицијава ми е во ужасна состојба.. не можам да издржам едвај 10тина минути на орбитрек... ама ај.. и за тоа се потребни неколку денови додека се уходам..стори оф мај лајф.

    Сакам свежо време и есенска гардероба. Што да праам, посилно е од мене. :)

    Решив да почнам еден вид диета, 3 дена протеини 4от јаглехридрати..демек месецов само, било добро за прочистување на организмот од токсини.. ми нема некоја логика муабетов ама што знам јас?! :)
    Да бидам искрена не знам ни кои намирници спаѓаат во едното а кои во другото... па нутриционисти тука.. помагајте!!!!! :D

    Воглавно се трудам да бидам среќна, да не се жалам и со негативните мисли склопив договор..јас нема да ги предизвикувам нив... тие нема да ме вознемируваат безпотребно! Добро, лажам, не сум склопила никаков договор, само се обидувам да не мислам на лоши работи. :$

    И тој е тука. Ме смее. Чудно ме плаши колку е добар со мене... или ми фали некоја даска во мозоков или цел мебел... трето нема!
     
    На Elennaa, Barbie20, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    смачено ми е бе од личности кои се исмејуваат озборуваат а на факс ги има колку сакаш па потоа на фб продолжуваат во песна во статус.
    Одвратни едни не ве поднесувам, пред мене ја оговарате другарками а од кога ќе заминам оп мене ме оговарате.
    нз што гледаат во тоа ако се развикаат или речат ти незнаеш.
     
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Зошто, зошто таква негативност? Не дозволувај лошиот ден или период да направат да се чувствуваш како да имаш лош живот. До кога самоказнување и лошо мислење за себе? Научи да им се смееш на своите грешки и да учиш од нив. Сите грешат. Совршенство не постои.
    Се во животот е минливо луѓе. Поминува и лошиот период. Добри денови доаѓаат. Со негативен ум нема позитивен живот. Можеби сум депресивна, со оптимизмот во мене сеуште не згаснал. Останете силни без разлика на се. Сетете се во детството како не учеа Падни - Стани. Единствено што треба е да станеме подобра личност од онаа што сме биле вчера. Главата горе!
    [​IMG]
     
    На eliesaab, Barbie20, Ivy89 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.356
    Допаѓања:
    92.399
    Пол:
    Женски
    Ако самите не си ги знаеме своите сопствени вредности и не се почитуваме залудно е да бараме другите на не почитуваат и да не фалат колку сме добри и успешни.
     
    На Marjan007, eliesaab, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    СДК Гледај да си поминеш убаво додека си тука на земјата, се останато е минливо.
    Прави го тоа што те прави среќен и не се замарај за ништо друго.
     
    На Barbie20, anggell, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Денес размислував за гардеробата што не ја носам што да и правам.Имам прекрасни фустани секој си има своја проказна и спомени ,значи многу сум емотивно поврзана со облеката па решив да ја чувам можеби еден ден ке имам ќерка па ке ги носи тие фустани ако тогаш се во тренд :D .Ех дури се пронајдов во модата многу време ми требаше, и сега ко ке се потсетам какви комбинации сум правела многу ми е смешно :D .
     

    Прикачени фајлови:

    На Barbie20, lunicka, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    И да ЈСП функционира за цел свет освен за мене, значи кога и да се брзам,кога и да носам нешто, кога и да ми е неопходен превоз- автобусот или самошто поминал а наредниот е за 45 минути или врви на два саати или внатре има 32545 души или незнам што...
    А контрола влегува милион посто :!:
    Им симнувам капа на пензионерите како успеваат да фатат автобус секогаш, па и да не платат, јас дефинитивно фаќам само кога не ми се брза или кога немам итна работа
     
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК Јас кога некој ќе каже гласно ТИ,не знам дали ќе почне да ја пее Ти,ти,ти само ти,ти ми лежиш на срце или Ти што ми ја украде душата или па од Брејк-Ти штом ќе ти свртат грб,сети се...И затоа многу се возбудувам:| А може и професорката да ме прозива да одговарам ако не ми го знае името-Ајде ТИ во трета клупа...Тешки животни прашања:D
     
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    ни то ни то ни то -ја пее ти ти ти ја волим само тебе...(сарс) :P
     
  12. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    ^Хаха може и тоа :D А замисли мртва тишина и од некаде некој се избацува -ТИ и тука сите дигаат раце и почнуваат да пеат:D
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Секој ден животот ти нуди нова страница во книгата на твоето постоење!!!
    Твоето минато е веќе напишано и неможеш да го промениш; во неговите страници можеш да ја најдеш твојата историја.Некои страници имаат убави бои, а некои темни сенки.Прекрасни сеќавања на среќни времиња или страници кои би сакал да можеш да ги искинеш.

    Денес имаш можност да напишеш нова страница.Од тебе зависи какви бои ќе има, затоа што дури и во несреќа можеш да додадеш нежни бои на спокојство кои ќе ја претворат во убаво искуство.
    Денес...како ќе го напишеш својот ден ???

    Се зависи од твојата желба да ја претвориш денешната страница од книгата на твојот живот во страница која ќе ти биде во прекрасно сеќавање во иднина.
    Кога би знаел дека имаш уште еден ден, што би направил ???
    Без сомневање би се помирил со Господ и со оние околу тебе, би уживал во златните сончеви зраци, тивкиот ветер, љубовта на онаа специјална личност и многу други Благослови кои Бог ни ги дал, а некогаш ги земаме здраво за готово.

    Уживај во овој нов ден!
    Пробај да ги запомниш сите убави работи во твојот живот и живеј го секој час расположено, давајќи се од себе.
    Не им наштетувај на другите и биди среќен што си жив и што можеш некому да помогнеш.
    Никогаш не е доцна да започнеш нова, свежа страница, полна со среќа и љубов, во книгата на твојот живот.
    Фала му на Бога за денешниот ден и можност да го претвориш овој ден во нова прекрасна страница од книгата на твоето постоење.
    Запомни дека и покрај несреќите, проблемите и тешкотиите, од тебе зависи како ќе го живееш денешниот ден...
    ...исто како да ти е прв ден...исто како да ти е последен ден...ЕДИНСТВЕН ден од книгата на твојот живот!
     
    На vinozito1, eliesaab, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Онаа насмевка кога после неколку денови те дочекува со светнати очи, не се купува со ништо на светов. На какви филмски љубовни изјави сум плачела, што вчера сите ми беа бледи и смешни :angel:

    Живеам за него. Тој живее за мене. Освен здравје, за нас не посакувам ништо повеќе, заедно можеме да постигнеме се. Па и на месечина ќе ме качи ако посакам :D
     
    На Serafima, bittersweet, ozbilnazena и 21 други им се допаѓа ова.
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    -Ајде ти
    -Кој?
    -ТИ!
    -ти ти ти ја волим само тебе, само тебе знам :music: :music:
    :rofl: :rofl:
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.407
    Пол:
    Женски
    Оној момент кога е галама и ти си дереш на другарка ти за да те слушне демек подобро и одеднаш сите молчат и се слуша само твојот глас. :tmi: :$ :D
    Која брука е... :lol: :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На bittersweet, ColoursOfTheRainbow, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Нешто што највеќе мразам е кога долго време работам на нешто, целосно се посветувам, се трудам да биде совршено и потоа ќе добијам поглед кој значи ова не е во ред. |(
    Не мора да ви се допадне, ама барем ценете го мојот труд. Се изнамачив додека да го направам. Ама ако, упорна сум, и ќе се обидувам додека не' успеам.

    ______________
    Што се најадов едно убаво, мх мх :lol: . Повеќе време потрошив додека да го поставам јадењето пред компјутер, отколку што јадев. Изморена сум, ми се спие, но морам да учам.
    Денот беше убав. Се надевам дека утре ќе биде уште поубав.

    Добра ноќ феминки!!
    (не дека ќе одам да спијам)
     
    На eliesaab, ColoursOfTheRainbow, Ivy89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Додека седам стуткана во дневната и се топлам на секој можен начин - размислувам.
    Размислувам за се што се случи изминатава година и очајно посакувам што побрзо да заврши.
    Тие 365 дена што ни ги подари оваа година, воопшто не ми годеа (годат), напротив.
    Сакам остатокот од деновите што следат, да бидат неутрални, не мора многу убавини, само нека не биде кон полошо, не знам колку можам да издржам.
    Сивило пред мене. Студ, мраз. Сакав да речам дека ми беше постојано есен. Но не.
    Есента е колоритна и јас сум вљубена во неа.
    Ова се што помина беше ново, неоткриено годишно време што никој не сака да го почувствува.
    Беше горчливо кафе, погорко од било кое по мој вкус.
    Беше полошо од кошмар.
    Полошо од мрак.
    Тишина.
    И ништо од ова не е предвремена желба до непостоечкиот Дедо Мраз.
    Немам посебни желби, имам сонови кои морам сама да ги остварам, доколку е чист патот пред мене.
    Долку среќата повторно затропа на мојата врата.
    Доколку песна се слуша наоколу.

    Луѓе мили, животот е непредвидлив.
    Живејте со полна пареа, среќа, елан.
    Гледајте го здравјето и сакајте!
    Сакајте!
     
    На Ketrin.Moon, eliesaab, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Седнати со другарките отварате фемина,читате мислења на одредени членови бидејќи истите ги познавате лично а и да не ги познавате што има врска,битно да се одоговара. Читате за туѓата првиатност потоа оговарате,идете до некој степен на дознавање на некаква информација поврзана со било што од животот и после тоа се фрлате на уште поголемо оговарање,во поголемиот круг на друштвото. И така некоја информација тука што е пишана ќе дојде до ушите на целиот град,благодарарејќи на вас.
    Сеуште не ми е јасно,што не си го гледате вашиот живот,што не си гледате за себе? Што сте толку злобни мутлиња,да му се сневиди. Уживајте во својот живот што го имате,ако воопшто го имате. А за други ама ич гајле да не ви е. Поздрав и се најубаво. Јас ќе продолжам тука да пишувам,а вие продолжете да црпите информации и далеку ќе стигните со тој памет. Ќе успеам јас нешто во животот,а вие еден ден што сите ми се смеете кога на пауза од работа ќе дојдам да купам сендвич кратко и јасно ќе ме прашате : Кечап,мајонез може?!

    Секако може! :hai: :beer: :beer:
     
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    17.220
    Пол:
    Женски
    Секој човек во себе има по еден лавиринт! И душава моја моментално - лавиринт! Тргнав да се пронајдам, но некаде во самата потрага како да се изгубив. Чекорев лево, наместо десно, тргнував право напред, а се враќав наназад. Но, никогаш не се откажувам! Секогаш повторно и повторно започнувам од почеток, да откривам нови патишта и правци, додека чекорам по старите.
    Душата во лавиринт ја претворив, во потрага на многу одговори, плашејќи се,
    повредувајќи се, насмевнувајќи се - наизменично, но со секој нов обид и чекор -проширувајќи ги своите видици и поместувајки ги сопствените граници!
     
    На vinozito1, eliesaab, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.