Има и убави ниски сандали, не мора никој да е обврзан да носи штикли. Сега па има фустанчиња што се носат и со патичиња, така да не мора штикли и за преку ден. Сега лето од топло нозете отекуваат, уште штикли фалат.
Штикли носам за МЕГА специјални прилики.. Златни балетанки, патики, чизми, сандали, во сите форми и облици.. Али затоа штикла 10ка. Кад је бал, нек је маскемба
Ама патики на платформа може? 5-6 см високи? Ете ти исто ко штикли. Не е исто ама ај. Битно издолжуваат фигура, па и не се неудобни, баш топ се. Работата е што сакам ефект на долги нозе, такви како што повисоките обувки доловуваат. Епа не е исто на рамно и малце повисочко.
Јас обожавам штикли ама ај трчи по деца со штикли да те видам . Затоа и не ги купувам повеќе оти цело време сум во патики или сандали, и ова е само да не ми се смеат луѓето иначе и во пандофли ќе излезам
Оти мислат некои луѓе дека цел свет се врти околу нив? И оти мислат дека пијам нафта и пасам трева? И оти тие луѓе наместо да ги напикам во ќош јас уште повеќе им давам значење дека ми ''значат'' .... Секој ден ќе има по еден избришан од мојот список,па макар и да останам сама!
Одличен роман. Еден од моите омилени. Мило ми е што си ја открил книгава. Од каде налета на неа? п.с. Се чита Банжамен Констан. (Претпоставувам, си го читал во англиски превод, па затоа таква македонска транскрипција. )
8 месеци сме слепи и глуви за случувањата во Палестина и сега наеднаш цел инстаграм се сплоти со споделување едно стори. И тоа не од емпатија туку од тренд! Лицемерие тешко, не сме мрднале од мртва точка… додуша на многу полошо сме тргнати.
Мн ми се интересни оние што кога ќе ги прашаш, а бе каде за викенд, и велат: Нигде, каде? Каде ќе одиме? И иди викенд и ги гледаш негде настрана. Ок. Ние небитни. Буржоазија сето бе. Гламур, стил и живот на ' висока нога'
Среќен викенд на сите што слават. Многу мразам што сум од тие типови кои живеат со мотото ,,да истуркам до петок".
Точно е 9 часот и 10 минути. Температура во центарот на градот изнесува 12 степени. 1 Јуни, ја настината, шетам со плетени кардигани и Мартинки, место со кафтани и сандали... Наредниот викенд сум сакала да се прчам на езеро, yeah right...
Не си свесна колку ти завидувам. Пре у Норвешка ќе живеам у лето, ако треба и јакна во лето ќе си носам, само да не го трпам Скопје во Јули и во Август. И да не мора со ЈСП да се возам со препотени пензионери што не слушнале за сапун.
Сосема те разбирам, и ја се заебувам увек Скопје Август доаѓам, па цел ден дома чмаам до осум навечер, да пројде пеколот. А тука 34, 36 степени топлотен бран ми е, дамла ме фаќа... Сум се разнежнила ептен. Навечер покриена спијам. Лани крај Јули со мантил одев на работа. Едино малце депре фаќа оти нема сонце, и врнат Афрички дождои со калови, али ќе преживеам.
Мислев дека сè имам видено со возрасни и деца на точаци и тротинети, но пред малце видов, I kid you not, девојче како седи на вратот на ваљда татко и', додека тој вози точак. Се движеа по улица, а покрај нив коли. Не беше ни мало девојчево, барем 5 годинки имаше сигурно. I kid ya not.