Единствена личност со магична способност со еден убав збор да поправи се`. Да те орасположи кога си тажна, да ти ги претвори за миг солзите во смеа. Да ти ја крене главата во ситуации кога си готова да се откажеш и да ти ја врати самодовербата. Најголема безусловна поддршка за која си сигурна дека секогаш ќе биде за тебе. Личност која без разлика на возраста може во секој момент повторно да те направи да се почувствуваш како дете, со еден топол збор, мирисот на некој посебен специјалитет од кујната. Со само една прегратка, прегратка за која никогаш нема да пораснеш. Само еден збор - мајка.
Душава ми бара одмор од се`. Ми требаат барем три дена да се одморам убаво, ама секако, сама да бидам. Без компјутер, телефон, луѓе. Без никаков контакт. За жал, можам само да сонувам за ова... со години ќе си сонувам изгледа...
Страв ми е... Ме плашат книгиве. Ме плашат страниците. Ме плашат испитите. Ме плаши неизвесноста. Ме плашат резултатите. Ме плаши неуспехот. Ме плаши иднината. Сакам да кажам ми треба некој, да ме охрабри, да ме гушне и едно: “Не грижи се, во ред е. Се ќе биде океј, го можеш ти ова!“
Ужасно ме нервира кога од младите домаќинки ќе слушам жалење за тоа колку многу работа имале. -Ау,еден куп работа имам,еден куп алишта за перење,ќе треба да пуштам 2-3 машини,кога ќе стигнам да пуштам правосмукалка. Алооооо,машината сама пере,единствена обврска е да се стават алишта во неа,откако ќе испере да се извадат и да се постелаат,работа која одзема по 5 мин.А да перете на раце како порано?!
Кога ќе ве навјаса депресија, секогаш поставете си го прашањето: "Што би ме направило во моментов среќен, што ќе ме израдува и извлече од депресијава? Што треба/можам да променам?" И се е одлично.. се додека имате одговор на ова прашање. Ако знаете што ве спречува да бидете среќни, ќе работите да го смените тоа, или ако не можете да влијаете на таа работа заобиколете ја, сконцентрирајте се на нешто друго. Но, лошото е кога не знаеш што би те направило среќен и која е причината позади тоа што си тажен. Или можеби нема такво нешто и во двата случаи Секогаш ќе има некој што ќе ти помогне да се извлечеш од моменталната криза, но се додека сам нд си помогнеш и се излечиш целосно, раните си остануваат шиени-недошиени и после повторно се распаруваат.. А јас сум како времево. Те топла, те ладна, во еден момент пресреќна (од што на друг сум ја засновала својата среќа) ,во друг момент пропаѓам. Абе дечки, јас одамна влегов и излегов од пубертет, не ќе да е до тоа, а? Можеби е ова само транзиција на патот кон младиот човек. Дај боже
Вчера, возејќи се во автобус размислував за минатото. За времето кое веќе поминало и не се враќа назад. Сфатив дека целиот свој живот сум во исчекување на нешто и целиот свој живот не можам да уживам и да се препуштам на сегашноста, бидејќи мислите ми се преокупирани со многу неважни работи. Сфатив дека сум пропуштила многу работи, премногу шанси.. И се` тоа поради мојата импулсивна природа. Личност сум која ги брза работите. Која сака веднаш да се среди се`, без измачувања, без препреки. Но, не може се` да биде толку совршено ако претходно не се измачиш за да го добиеш тоа. И баш поради тоа што сум таква личност, сите работи и личности кои ќе ги засакам ( а засакувам премногу брзо) ми се лизгаат од раце дури да трепнам. Па после тоа следи измачување на себе си, солзи, премногу непроспиени ноќи, барање на грешката и решение за подобро утре. Се затвораш во себе измачувајќи се за грешките од минатото, а гледаш животот си минува и не знаеш утре што те чека. Така го поминав поголемиот дел од животот. Не ги искористив максимално годините и времето. Сега, да се врати тоа време би постапувала поинаку. Би била по внимателна, позитивна, не би се измачувала за работи кои знам дека утре нема ништо да ми значат, не би ми било гајле "што ќе кажат комшиите"... Би излегувала и би се забавувала до раните утрински часови, како што сакам и со кој сакам. Би го живеела животот со полна пареа. И сфаќам додека сега, во овој момент, седам и размислувам за минатото и се соочувам со последиците, губам дел од својот живот за кој еден ден ќе се каам оти не сум го искористила како што треба, а никогаш нема да можам да го вратам. Кај мене, секоја страница од книгата на животот е со иста содржина. Мрачна, студена со по некое шаренило од време на време. Но, никогаш не е касно за промена.
Не ми се мрда од дома. Сакам цел ден да сум во пиџамки и да си кулирам. Сега што да се облече на времиштево, па шминка, па коса средување и палалење чевлите и на работа 8 часа ееееееееј, а денес ми се седи дома. Ова сакав да го кажам рано сабајлечки. И уште па автомобилот ми е на поправка па морам со реизот да одам, уфффф.Није ми дн очигледно, ама ај ќе помине.
Колку досаден живот се живее во ова Скопје, страшно нешто Никогаш не сфатив како може некој да е толку дволичен и толку безличен во исто време, сеедно, тоа не ги спречува таквите луѓе да виреат и да се множат. И да, сите денес се нешто различни и посебни као (така се претставуваат де) а сепак сите така здодевни, се по ист калап правено, еден не се двои во нешто, во размислување, во стил на живот, во изглед макар.... и после зошто е досаден животот тука... И една дилема, овие љубители на есента по социјалниве мрежи, стварно толку сакаат кога им влегува студ во коски (бог да чува, свашта) или сето тоа е за по некој лајк и за глумење позитива со сила кога не е ни време ни место за тоа? Онака, читам сите нешто се изнауживале газејќи ги лисјата, а лисјата уште не ни почнале да паѓаат... ама можеби живееме во иста држава (за жал), но, паралелни некои универзуми, па да прашам за секој случај. И ова со будењето веќе стана хронично, што да прави неработникот во слободен ден буден уште од 7 саат наутро
Си ја накитивме елката уште од сега. Веднаш штом залади,сестра ми почнува да ја закача мајка ми,и постојано да и зборува само за китењето елка и дочекот на новата година. И женава конечно сфати дека е подобро сега да ја донесе елката и да ја китиме,отколку до ноември (обично во ноември попушта под притисокот ) сестра ми 24/7 да ја гњави,елката па елката. Кујзнае што ќе и истекне сега на принцезата. Можеби дедо мраз годинава во октомври ќе и донесе поклонче. Вчера зборувавме со мајка ми за мојата матура која ми е дури во мај,и сестра ми покажува венчаници, кујзнае што си мисли во главчето,ако биде упорна ќе ме натера венчаница да опнам за матура. За мене веќе е доцна,пораснав. Но не сакам таа никогаш да порасне. Бидејќи вака е постојано среќна,ни носи радост дома и ме потсетува на ретките убави моменти во моето детство. Мило ми е што ја имам нејзе,па можам повторно да се чувствувам како да сум дете,и полека да ги заборавам лошите нешта кои што ми се случуваа кога бев на нејзина возраст. Ви реков јас,зимски човек сум... Доаѓа зимата,и знам дека ќе бидам среќна. Веќе и сум. Најубавите мигови во животот ми се случиле,токму кога било зима. Имам добри и позитивни претчувства. Имајте убав ден!
си купив карта за GREATEST HITS вчера ама ми искочи нешто и сега неможам да одам а незнам со картата што да правам
Пред 6 год ме здогледаа најубавите плави палави очиња.Ја допрев најубавата плава локна и го гушнав буцмастото мало раче.Денес тоа раче е големо ,локната веке не е плава но очите убави останаа палави со истиот жар како пред 6 години.Срекен род на мојата најмила ,најнежна и најчиста душа на свет.
Продај ја де. Joy, нека ѝ е среќен роденденот на малата, голема да расте и само убавини да ја снаоѓаат, и вас заедно со неа.
Таков е животот еднаш си на дното еднаш во средината никако до врвот да се стигне ,ама сепак верувам дека еден ден ке стигнам ВЕРУВАМ!