@Mrs. right препрочитај го оригиналниот пост најгоре. Жената била спремна, чекала и по декада. Значи да, возрасни зрели луѓе кои зборуваат дека сакаат брак и деца, ама жената чекала. Па ако чека, значи она е спремна, тој не. А не дека двајцата чекаат, односно заедно донеле одлука дека се уште не е време. Тука никој не чека. Како не може спремната жена со 30+ да оформи своја фамилија поради мажот кој она свесно го бира?
Ја па мислев само на камен мост се проси. У старо време (младо пост-транзициско) ја не памтам некој да се просел Па еве не, мажени без просење Али како беше тоа- пошто венчалните листови ни се од Македонија, без северна -можда ни мажени не сме
Еми не се проселе, оти се знаело дека целта на врската е брак, тоа се подразбирало... Ние за нешто друго праиме муабет.
Праша, како не, дојдоа со камили товарени со злато за да ме земат Овоа шо вика Гош- се подразбирало дека целта на врската е брак. Сега као не се подразбира, чекаат да бидат запросени или не? Ништо не разбирам
Маж знае уште од почеток дали сака некоја или не. Така да, запросувањето не им е проблем. Жените вообичаено даваат 100 шанси онаму каде тревата не расте. Што значи дека, во тој случај не треба да го запросуваш, туку да го откачиш. Коментирам во контекст на првичната приказна. Не коментирам за парови кои меѓусебно се договориле дека сакаат иста работа. А и ако маж кој ја третира како принцеза жената која ја сака и притоа ја запроси романтично ви е лигавење и античко, no further comment
Се развила дискусија убаво е човек да прочита различни размислувања Мислењето кое го пишав беше ситуација а не мое размислување. Пример јас со мојот партнер разговарам отворено и двајцата целиме кон исто во животот и знам дека ќе биде тогаш кога и двајцата ќе сме ептен спремни. Од друга страна чудно ми е тоа што како што кажав пријателката која од 21 година е со него, таа е 32 а тој 34 ми кажува работи кои јас не можам многу да ги сфатам. Наводно кога сме заедно редовно следуваат оние досадно муабети за нив "вие сте на ред" и тој цело време кажува оваа година ќе биде од 2019 па наваму е така Девојчето е ептен исфрустрирано бидејќи биолошкиот час ја газе според неа... тоа ми е чудно бидејќи зборуваат и пред нас јавно и таа кажува дека сака и брак и деца и се, но тој ништо апсолутно ништо не праве. Сепак мислам дека доколку двајца се согласуваат и зборуваат за тоа и доколку таа една работа - запросувањето е за мажите па нека направат чекор. Што знам, можеби грешам. Само ми е грдо колку мажи им го губат времето на жени во смисол ќе биде, денеска, утре, друга година и сл.
И ќе прави деца со овој???? Она сака брак, овој знае дека она сака ама не ја запросува.... не ви кажува ова нешто??? И сака упорно со него да се мажи и деца да има??? Еее женски тикви....
Абе види... На крај ќе се земат, освен ако тој не најде некоја од Острелија со ранч таму сопствен, па да оди момаков домазет... И така среќно си живееја..
Ја па не сфаќам возрасни, самостојни луѓе да се прават на тошо за вакви работи. Значи работат, финансиски се добро, долги години заедно, ама спомне ли некој од нив брак испаѓа ја нисам одавде. Не мора да стапат де, нека живеат и така ама јас зборам да знаеш на што си. Шомајка барате со луѓе со кои не знаете што понатаму?
Ова е тоа што пробував да објаснам; мажите не им го губат времето, жените си го губат времето. Од 2019 видела колку е саат, што останала со него. До сеа со друг може и второ ќе имала.
Кога маж не е спремен за брак и седи во децениска врска, тогаш не е спремен за брак СО ТЕБЕ. На крај ќе му дојдат годините, ќе раскинете и ќе се ожени за 6 месеци.
Овде е кажано сѐ. И тоа е вистината, без разлика колку ќе се крстиме во феминизмот. Ако маж не знае на што е со жена и абер нема за брак, не е тоа тоа. Не се толку прости мажите, добро знаат дали се гледаат со некоја во иднина или не, дали сакаат да е мајка на нивните деца. Според мене ако двајцата се 25+ и во врска веќе 2 и повеќе години, и ако тој абер нема ни да разговара за брак камоли да мисли да ја запроси, it ain't it. Ете со бившиот бевме 5 години скоро, иако "му беше време" никогаш немаше кажано дека сака брак со мене, ниту имаше намера да ме запроси (во случајот и подобро ама тоа е тоа). Повеќе така не. Преферирам да не си го губам времето со маж што не знае дали гледа иднина со мене, па уште да мислам да го запросам јас. Сум направила многу работи за маж за кои луѓето ми се чуделе, ама молењето да ме земи никогаш нема да е една од нив.
Десет години да си во врска, ако не се прават муабети за иднината, планови, што муабети се прават Не дека мора во брак да стапат, ама ако едниот сака, по 10 години ако не си слободен да кажеш што сакаш, навистина е прашање што врска имаш. Без врска.
Немој да ми се декларираш као шеф, менаџер или не знам ти ја шо. Коа му пишуваш на некој дирек со наредба, а едно добар ден, како си? Го изоставаш. Не си Господ То е... Малку останаа, се надевам ќе најдам нормални луѓе за комуникација.
Најголема болка у целово мое битисување на форумов ми е шо не си го памтам како ми беше мислењето у МЈФ, кое беше читано у ЖИВО од страна на Волдермортката, и на чиј крај очајно беше извикано - ТУЖБА...
СДК дека откако ја прочитав поемата за пајакот, не ги убивам пајаците. Ме натера да размислам, зошто чувствуваме потреба да убиваме инсекти/животни кои не ни претставуваат било каква опасност? Наместо да ги убијам, последниов месец исфрлив надвор над 10 пајаци. Спојлер: 10 legs, 8 broken