Зошто бе зошто, кога ќе излезам да прошетам купувам секакви глупости. Дали ми треба или не, не е важно. Картичка се трпи, ама кога ќе дојде денот „Д“ (банкарскиот) е тогаш леле мајко. Ова некоја депресија ќе да е. Пу мајката само пари да се трошело. Ова моево испаѓа циганската, денес за денес за утре ич не ми е гајле. Ама гајле ми е и тоа многу.
СДК... Постои време кога мора да избереме помеѓу свртување на нова страница или затворање на книгата.
Во животот се е минливо. И среќата, и тагата, и болката, и љубовта, и омразата... Ветерот ги носи во заборав. И доаѓа ден кога стануваме онакви какви што сме се колнеле дека нема да бидеме... Понекогаш се мразам самата себе поради тоа што знам што се крие позади порцеланската насмевка на луѓето. Знам дека ме лажат, знам какви мисли им се вртат позади убавите зборови, но единственото нешто што можам да го направам е да го свртам грбот и да продолжам... Ми треба чист воздух, ми треба отворен простор, ми треба долга прошетка, да си расчистам со самата себе. Затоа сега излегувам. :geek: Поздрав П.С. Се повеќе и повеќе имам желба да пишувам на форумов
Значи последниве два дена дома не сум се прибрала. Доаѓам само за туширање и спиење и едвај чекам да потонам во сон. Што од работа, што од излегување, фала богу барем не црнчам по цели денови, па не ми е мака. Бај д уеј, најдобрите дружби што се памтат уште долго обично излегуваат од спонтано договарање за кратко гледање на кафе, а завршуваат со сосема поинаков исход и губење осет за време. Туку шетав што шетав, а како резултат на тоа ми останал дома ручек од два дена, од вчера најпрекрасен пинџур од везени пиперки и од денес макарони. И нели стрвен газ ништо од тоа не одбива под никакви околности и нормално мораше некако да се решат. Прво мислев само пинџур да јадам, па на пола јадење ми текна дека сепак и макарони ќе јадам, па го оставив пинџурот демек за после за да после ми светне колку убаво би било да си го доставам во макароните место сос, и за крај великодушно изрендав прекрасно полномасно овчо сирење Се' уште немам смислено доволно добар епитет за да се опишам после ова, сите зборови што ми се во вокабулар ми изгледаат како премалку. Во меѓувреме те се пцујам, те задоволно си го мазнам стомакот и се тешам дека помина лето иако си ветив дека тоа од сега нема да ми има никакво значење и дека ќе бидам дисциплинирана. Ама толку ми падна притисоков што немам ни сила да се прекорувам, туку само сум премногу благодарна што и се воздржувам на милкава со полнење од чоколаден мус. А недела дена стои покрај компјутеров и не ја пипам, ниту па ја помислувам! Не мора да кажам дека бесен пмс ме дрма, нели???
Ма како ми се иде да фанам и самата да си удрам еден ќотек... Не ми е јасно зошто упорно самата си го комплицирам животот... свесно или не свесно...важно по моја вина паѓам во депресија. Како малку проблеми да имам, па во главата си создавам и други...
Сакам да ви кажам дека утре ќе одам на еден убав и романтичен викенд со либето. Јас од што сум толку возбудена, колкава торба сум зeмала како таму ќе бидам со недели. Но, како и да, важно ќе бидам сама со него оваа недела, после толку чекање. Ќе ми недостигате феминки, се гледаме за неколку дена.
СДК: Има една песна од Владо Јаневски која совршено ја опишува како се чуствувам сега (и замислете, не е „некогаш и негде“ ). http://www.youtube.com/watch?v=9vEaujXIi24 Да, само дома си е дома !!!
Имам потреба да отидам далеку од овој градски асфалт, зацементирани сфаќања и задушлив воздух полн со депресивни честички. Онаму каде песната на птиците е единствената мелодија. И врзувајќи се со ветрот кој се пробива низ шумата, создава смирувачка хармонија. Онаму каде низ утрата прегрнати во магла, наѕираат првите сончеви зраци. Онаму каде ќе затворам очи и ќе вдишам спокој исплетен со мирис на билки. Поблиску до сонцето, а подалеку од луѓето. Има луѓе кои сакаат да спијат во хотел со пет ѕвезди. Ама има и такви кои сакаат да спијат под ѕвездите.
HARIBO бомбоните ме враќаат назад во детството, кога со неизмерна радост грабавме по новогодишните пакетчиња и грицкавме како да е крај на светот .
Ми треба одмор, и тоа долг одмор, многу долг. Изморена сум. Колку и да ја сакам есента, сепак летото ќе ми недостига, веќе ми недостига. Ми недостигаат деновите поминате во безделничење, гледање телевизија, прошетки, станување попладне, легнување насабајле, ех, барем уште малку да потраеше тоа. Но, помина. Ама пак ќе дојде .
Деновиве немам желба за ништо. И натаму ми се трупаат проблеми и нервози врз глава, па добро, кај е крајот?! И, морам уште ова да кажам - боли. Боли душата. Боли, и тоа премногу - кога личноста кон која ти беа насочени сите надежи, личноста во која гледаше спасител - те разочарува. Можеби и сама сум виновна - очекувам премногу од луѓето. По којзнае кој пат се случува тоа... будалетинко, кога ќе ти дојде умот??? Знам дека не е должен никој да чита за моиве глупости... Едноставно, пишувам, затоа што ова ми е единствениот начин бар на кратко да избегам од реалноста, и малку од малку да ми стане полесно.
Кога во 9 ипол саат ќе ви се пријаде и ќе видете дека имате паштета ама немате леб, дека имате шпагети ама немате кечап, дека имате компири ама немате зејтин, дека имате пиво и енергетски наместо јогурт, дека во фрижидерот се што ви се јаде фали или го има во недоволни количини за да си направите вечера а притоа нема на кого да ја префрлите “вината“ за ситуацијава бидејќи живеете сами - е тогаш ќе сватите колку било фино кога мајка ви се “занимавала“ со тоа и колку всушност ја сакате лево наведената госпожа #missyoumum
.. секогаш ќе го има зборот ТРЕБАШЕ , секогаш ќе има нешто недокажано, непосетено место, недовршена работа, каење ... а есента и не е толку лоша, кога неколку утра по ред го гледам изгрејсонцето, уфф прекраснотии од бои,
Дека шупаци декларираат девојки како курви и лесни а уствари не можат да ги имаат, фините девојчиња цел живот живеат во страв да не бидат осудени и избрукани од педери шо не им се дига. И друго нешо глупо е шо мислиме дека жената цвета на одредена возраст ма таа можи да процвета во секое време со вистинскиот маж покрај неа ! Лека ви ноќ ...