С'клет ми е омилен турцизам. Неодамна дознав дека зборот „кайф“ на руски (глагол кайфовать, има неколку значења од кои главно е ужива, кулира) потекнува од турскиот збор kayf што е исто со нашето ќеф/ќеиф. И се чудам како не сум ја сфатила врската досега. Ама оди објасни како ние велиме „си го тера ќефот/го направи со ќеф“. Обожавам да пронаоѓам конекции меѓу јазици, исто и зборови/фрази кои е невозможно точно да ги преведиш. Во паралелен универзум сум лингвист.
Жими се , сакам да најдам маж што ќе ми помага околу детето.. Аман од глупи муабети.. Седиме со една другарка, и почна.... " Се разбуди малиот у 4 сабалје (првчае сеа ќе е) и му се лоши, повраќа.... И ајде јас со него. Мм се подразбуди, не виде дека стануваме и не ни праша, си прилегна. Се налутив и му реков, ќе ми помогнеш ли со детево? А он на тоа додаде " Ете ти си со него". И јас само . Муабетот продолжува..... " Секогаш кога сака детево да прошета и јас ќе му речам ' земи го ајде' он, 'нека бидете ете со тебе, земи го ти'. И одма следеше оправдување " Мажи се, знаеш како е кај нив. Кој маж ти сака обврски " Исто, со колешка седевме, буквално истото беше. Она му се јави него, рече бил без обврски, онака низ Центар.... Го праша дали мож да го земи детето(4) со него за да седиме раат на кафе, саат време. Кутрата, толку тивко и со страв го праша, и знаете веќе за одговорот. Памтам, претходно пред месец дена, он ја имаше земено малата и за 30 мин ни ја донесе, пошто наводно не можел повеќе. И врв ми беше муабето... Ја прашувам" Зошто Х не дојде со нас? " " А, не е тој за во друштво, не знае муабет многу" А, он работи кај адвокат. И така,, појдовме до парк а он си локаше пиво со другарите..... И не праша дали пиевме.... И пошо јас не пијам, пред цело друштво беше нагласено дека САМО ЈАС не сум пиела... П. С. Не ги разбирам луѓево, што проблем имаат ако некој не пие и одма ставаат на тапет. Жими се, се молам да мојот биде малку поразличен.
Опколена си со лузери. Ништо од ова што сподели не е нормално. Напрај си услуга и батали ги сите. Ниту се добар пример, ниту ќе ти пренесат добра енергија.
Се се објаснува, освен ,,си ебав мајката". Како да го објасниш, а да не те гледа како хилбили од амерички филм.
Ако не сака некој маж да има обврски воопшто нека не се жени. Се ежам од реченицава "кој маж сака обврски", таа реченица е од мајките нивни, тие така ги воспитале. И ние жените можеби не сакаме обврски. Маживе се женат и се уште сакаат да живеат како ергени, е не може така, како што жените имаат обврски, така и мажите, жените не им се слуги на мажите и на неговите родители. Пред некој ден имаше нешто како мажот не си ги поканил на свадба родителите и сестрата поради родителите на жената, па имаше коментари како ќе му свират така ќе игра, да облекол фустан, итн. Епа да видат како е, зошто па на жените како ќе им свират родителите на мажот така да играат? Доста беше веќе да се омаловажуваат жените, бракот е помеѓу двајца, не и помеѓу родителите, братот/сестрата на мажот. Па имаше како жена пишува дека се омажила за него, не за мајка му, татко му и сестра му, и таму ужасни коментари, па ако било така зошто се мажела? А зошто само жените се мажат за родителите на мажот, и цела негова фамилија, зошто не е обратно? Ама има коментари "мажот е папучар, тој не е маж, нека облече фустан". А ние жените што сме тогаш, папучарки, или вечни слугинки? И тоа вакви коментари од млади жени и мажи, катастрофа. Па како што ние жените носиме панталони, така и мажите нека облечат фустан. Умре тоа време каде мажот ќе лупне со тупаница на маса, нека се вратата во 17-ти век. Ова го немаше ни во времето на баба ми, рамноправни си беа со дедо ми, дури дедо ми повеќе си ги извршуваше домашните обврски по дома. Не ми е јасно како младиве имаат заостанати сфаќања, дали гледаат дека татковците така прават со мајките, па затоа.
https://sdk.mk/index.php/neraskazha...di-komisijata-za-zashtita-od-diskriminatsija/ Гнаси гнасосани, таткото даде изјава за тв, фала богу разумен човек кој ги знае своите права. Бојкот за овие гнаси.
Не е толку присвојно, ова апла е за своја мајка. И го користиш, кога ќе се повредиш најчесто. Просечен странец никогаш нема да најде поврзаност меѓу болка од повреда (со) си ебав мајката. Јас не најдов. Никогаш. И не само што мајката си ја ебеш, туку често предметите кога се расипуваат, всушност се ебаат. Ми се еба телевизорот, да му ебам мајката. Ама... Ми се поеба батеријата (не толку тешко расипување, само поебување). Или... Дај да го ебам она онде онаквоно. Прекрасен јазик кој има секогаш смисла.
Ох, јас псујам на англиски во себе ( и на српски и на македонски исто) па широка лепеза имам, им велам на предметите мадафака ако се звекнам во нив
Да, се согласувам, сѐ може да се објасни или речиси, зависи од тој што објаснува и кому му се објаснува.. Луѓето „објаснуваат“ ДНК молекула низ математика, чувства преку музика, искуства преку текст, допир преку скулптура, сеќавања преку филм, еден јазик преку друг јазик... ** 1. За да се објасни промајата на некој „хилбили“ би можело прво да се почне со историјата/етимологијата на терминот, да се објасни за генерациската грижа на бабите и дедовците за децата, за окупираноста на родителите, за генерацискиот јаз во аргументацијата, за тоа каква е поврзаноста во минатото, на дедовците/бабите со децата... Сѐ ова се културни особини кои им се туѓи на други култури. 2. И потоа да одиме кон тоа дека во врска со здравјето на децата, се наоѓа еден посебен агент (цИменто, змија, промаја...) која е извор на сите опасности за нивната благосостојба, што ја изразува претераната и неоснована грижа. 3. За шегите поврзани со ова убедување на бабите и дедовците, од страна на помладите. 4. Тогаш низ дијалог, да видиме што би било аналогно на ова во неговата култура, во културата на странецот. 5. Во оваа фаза, би нашле соодветен термин, синтагма, конструкција. Еве, некој можеби имал конкретно искуство за ова, па би сакал да прочитам, и не само на англиски јазик! Можеби и ти самата, си имала такво искуство ? *** Ова погоре го спомнав, имајќи на ум дека преводот е и контекст, не само конкретни зборови. Витгенштајн вели : „Ако лавот би зборувал ние нема да го разбереме“. Сака да каже дека секој јазик е засебен свет кој е карактеристичен за секоја култура/вид/група (јазикот ја менува перцепцијата и доживувањето на светот, ова е познатата Сапир/Ворфова теорема/теза), и особено е тешко да се преведат нешта за кои нема допирни/споделени културни искуства. Но, ние може да се обидеме секако... https://ideasandaction.com/if-a-lion-could-speak/ https://en.wikipedia.org/wiki/Ludwig_Wittgenstein https://www.simplypsychology.org/sapir-whorf-hypothesis.html ** Инаку, баш си мислев ... "Your/Yo mother" би било добар превод за „Е*и си мајката“ , на англиски. Некој, можеби има подобро решение? ** Добра идеја би било на форумов да отвориме посебна тема за проблематични термини за преведување, што имаат подлабока културна позадина. Знам дека и странци го читаат форумов, и учат македонски од тука. Ја познавам барем неколку со кои сме комуницирале....Многу поконструктивно од нас како родени говорители на македонски, за да им помогнеме да ја разберат нашата култура и да го научат нашиот јазик...И е одлична умствена гимнастика...Многу подобро отколку меѓусебно бесконечно надмудрување.
Ова најчесто се поврзува со јајници кај девојчиња, страв однеплодност можеби како подсвесна и свесна мисла. Јазикот секако не разликува " shit" на холандски не е некултурно како во уса и ук на пример. Овде се псуе со зборот рак. Kanker! Во стил да фатиш рак посакување. Сочни се, но српскиот за псовки е тата мата. Но ете стотици јазици, пак љубов и војна исто се води.
Чувството кога конечно ќе си се истушираш во твоја бања - тазе реновирана со нов туш - после 3 недели преживување у прашина и хаос, е непроценливо прекрасно. Освежена, ќе наздравам со еден микс што ми е топ периодов. Спојлер: Микс
На Фејс членувам и во Срби во Германија, и Босанци во Германија, и во Мајки во Германија, и во Неписмени во Германија, али понеписмен народ од Македонци во Германија НЕ - МА! И не само таму, туку и на Фејс, и на Инста, значи гревови... Битно сите школо завршуваат,а тоа шо никој не знае ни голема буква, ни запирка, ни размак, ни ч, ш чќљ да пишуе, тоа нема везе...