СДК ме нервираат глупави луѓе. Не е до нив, до мене е. Јас дозволувам. Кога бев многу помлада, посебно на почетокот на студиите, многу ја ценев и сметав за важна двојната улога на образованието - едно, логично, да станеш професионалец во нешто, а друго, да работи на твојот светоглед. 15 години подоцна, барем во Македонија, од сериозно високо образовани луѓе доживувам елементарна неписменост, за стручност не коментирам. Ама ако некој не е писмен и способен за едноставни работи, тешко дека би му верувала за стручни прашања. Не знам како е надвор од земјава, во земјава можеш 4 доктората да одбраниш и уште правопис да немаш научено.
Огромна почит имам за луѓе кои од некоја причина биле дебели долго време, може со години или од детство и преку ноќ си рекле вака не оди и почнале да работат на себе. И после долг и напорен пат ослабеле и станале многу подобра верзија од себе. Велам имам почит зашто не е потребно само да почнеш да вежбаш и да се храниш здраво туку и да не потпаѓаш под влијание на инфлуенсерите и други луѓе со реториките дека све е само до генетиката, дека џабе ќе слабееш ако не си среќен, дека треба да си јадеш што и колку сакаш. И таквиот менталитет исто така промовира нарушувања во исхраната, себедеструктивно однесување само многу поподмукло.
Наместо "дебели", јас прочитав "дебили" . Инаку јас имам почит спрема тие шо биле "дебили" цел живот и после преку ноќ си кажале веќе така не оди, и станале подобри луѓе.
Ти кажаа. Кога чуваш мачка, ваљда песок е бејзик. Второ, се учи на песок оти таму има оставено мирис од измет, и знае дека таму се оди. Сдк збогувај се со тепихот и посакај му добредојде на песокот. Само во Македонија и во УСА. Озбилно, за докторати не знам, ама нивото на неписмени и неспособни соработници, во светски рамки е. А и шо ќе ти е, секако АИ знае да сработи се. Освен тоа што не знае. Самракот на цивилизацијата.
Никогаш нема да го разберам “хејтот” и стравот кон заштитните фактори за сонце(СПФ) со хемиски филтри. Толку многу дезинформации се објавуваат по социјалните мрежи, најчесто од страна на т.н. пропагатори на природното и нивниот пристап кон производите “без хемикалии”. Не постои производ без “хемикалија”, сѐ е хемикалија, а и тие “штетните” се озлогласени оти на некој, некогаш му текнало да направи студија кај шо се користат во огромни количини врз експериментални животни или пак под екстремни услови, а тие резултати ги пласирал како апсолутни. Денеска, многу инфлуенсери испаднаа “научници и експерти”, а не знаат да прочитаат и протолкуваат еден научен труд, не треба ништо повеќе од тоа.
Првенствата во фудбал ептен многу ме потсеќаат на детство. На распуст и уживање без школо. На играње низ дома, под клима, додека ручекот се готви и мириса убаво. На јадење домашен сладолед на тераса навечер и лепење сликички со фудбалери во албумот. Сето тоа проследено со звук на натпревар во позадина, зошто некој гледа во моментот на тв.
@Stark песок скроз имај дома, ако ја пушташ и надвор мачката. Со тројца дома сум, сега најмалово го учам дека саксиите не се исто што и кутија со песок. За "спас" сода бикарбона на помочаното, остави да се исуши скроз, да упие. Ама онака добар слој стави. Кога ќе е скроз суво, со алкохолен оцет и сунѓерче триј убаво. После нова тура сода, да го исуши оцетот. Мене ова највеќе ми успеало при "несреќи" Биљарке, НЕВЕРОЈАТНО е човек. После хелекс. Ела не истепај некого без нешто за смирување. Толку неписменост, а зборувам за луѓе кои треба да важат за особено паметни, интелигентни, еманципирани, со широки погледи, не само поради степенот, туку и видот на образованието. Значи страшно. Имав прилика да видам неколку дипломски, еве не знам како никому не му е срам, на кандидатот, менторот, комисијата... како таа личност дипломирала, за што поточно си честитале
Nemam.. ne stavam vise niso so moj mail A i na toj ne si znam pass Ke probam da najdam kaj sum go zapisala
Има некои денови од дома не ми се искача, оти знам дека нешо чќљ ќе ми се задеси... Али ај, ќе сум излегла. Одам да разговарам со еден за работа, ааа шефот не е тука, остај СV...Ја сум каооо ме чекаат, со препорака сум, аха ќе ти се јави... Оки доки. Ај да си идам дома, со автобус идам до централната станица, и таман ми доаѓа трамвај испред нос, ми се јадело. Си викам ај ќе си нарачам дома. Али ај не, да не ми пропадне шминката за 15 минути од дома шо сум излегла. Нарачувам за подигнување, идам тамо, таа ми вика ние неаме онлајн, си нарачала у другиот град... Ко попче си се качив у аутобус, отидов си ја земав нарачката, доаѓам дома после пола саат, врапот нема блаѓе везе со тоа шо сум нарачала... Јадев колку да се рече, и оти пиев Наклофен, ме боли глава 4 саати еве веќе. И плус тоа Наклофенот мислам со поминат рок беше, така да ако ви се уарни на форумов у наредниве неколку дена од позитивна енергија, сум пцоисала. Мех.
ЈСП се понашаат ко некој дечко што све ти обеќава дека ќе те земе за жена и никако да те земе па после те запросува кога више ти е скурчено Гледаш автобус за 18 минути и си викаш супер таман да се измочам, облечам и излегувам. Дур мочам тие 18 одеднаш стануваат 6. Ајде брзаш, излегуваш, дури одиш накај автобуска, стои тоа на минута ама автобусот не иде. Па стои така 5 минути, на една минута. Па станува секунди, викаш супер доаѓа. Па изминуваат секундите, а него го нема. Па се појавува на апликацијата нов за некои 10 минути. Ајде го чекаш тој, па тие 10 пак магично стануваат 5 одма и дур стои 5 и си викаш ај пешки ќе тргнам ете гледаш иде автобус. И вака секој ден.
Буквално Мамето неорганизирано. Пред некој ден чекав 4ка 40 минути. Ама не се заебавам. Влагам внатре, 40 степени. Ќе умрев. Сум пцуела и бус и ЈСП и сѐ
Јака им душа на туристите шо идат и се надеваат на градски и меѓуградски превоз. Секогаш се чудам како се снаоѓаат. Страни неажурирани, грешни информации, чекаш никогаш нема да дојди, ќе дојди ама нема да стигниш кај шо си тргнал...
Брат шо е ова сите се напиздени сегде Абе болница, пекара, продавница, кафич сите се лути бе шо се дешава? Не можам да се замислам да сум толку лута секојдневно