Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Aман веќе со настинкаваа амааааан :swear:
    носов ќе си го исечам!
     
  2. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Повреди ме со вистината ама никогаш не ме теши со лагата малечка, зборовите кои многу пати беа изустени од мојата уста, млади сме сваќам се ни е рамно и супер но што кога ке станеш возрасен и нема ништо да ти е јасно, или пак остареш и се ти е јасно но многу касно веќе?
    Но едно е сигурно љубовта доаѓа кај оние кои сеуште се надеваат по разочарување, кои сеуште веруваат после измама и кои сеуште сакаат иако биле повредени, ах животе многу иронична работа си ни треба бучава за да цениме тишина, ни треба тага за да стигниме до среќата и најбитното ни треба нечие отсуство за да цениме нечие присуство.
    И за крај ако сакаш да почуствуваш како е да си ѕвезда во животот седни си на врвот од новогодишната елка и онака празници се ближат :lol: !
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.237
    Допаѓања:
    330.170
    Пол:
    Женски
    Дали Србија дава македонски емисии како што даваме ние нивни?Мислам стварно без осет се нашиве телевизии.Де ѕвезде гранда,де све за љубав,де брачни судија,па 48 саати свадба...(има уште)...ПРЕТЕРИЗАМ..алооо..од што нема наши емисии керка ми почна да прича не да зборува.

    Друго:шо се замишља оној савич мавич од гранд?Дека е вториот ,третиот Тоше?Абе Тоше неможе ни копии да има од што беше единствен.Му имитира и глас и стас,дури и вегите ги искубал ко Тоше.Бљак од такви имитатори.

    Или клинацот од Аркан?Он па у кој филм е?Татко му глави сечеше ако нешто не му е по кејф овој коментари на фб брише ако се осети увреџен :^)

    И на крај што ми е мене бе?Изгледа скренав тотално.Се немам напиено кафе 45 дена :?:
     
    На Lella, Barbie20, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.555
    Допаѓања:
    17.183
    AudioBook + [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Имам неколку прашања. Не можам уште да сфатам како на некои луѓе им е убаво да им расипат работа на други, да им се ситат на несреќата и да им се смеат на солзите. Добро бе, не ми е јасно како заспиваат навечер? Ги гризе ли совест? Не се плашат ли од животот?
    И како бе некој ти помага, а ти ја искористуваш туѓата помош и го копаш него во проблеми за да си ги решиш своите. Како заспиваш навечер?
    Дали е до околината, до промените, до годините не можам да разберам ама дај бе луѓе зошто го губиме човечното во нас. На насмевка се враќа со насмевка, ако не можеш на некого да му помогнеш не му одмагај!
    Лута сум. Се дигам сама од подот, се влечкам сама по канцеларии, плачам сама во една мочана соба. И се за подобро утре и кога ќе ме праша некој за помош му помагам, не го одбивам. А јас не добив ни една рака за помош. Тоа најмногу боли, толку луѓе околу тебе, а сепак сам.
     
    На bittersweet, Lella, ColoursOfTheRainbow и 9 други им се допаѓа ова.
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Има луѓе од секаков калибар давежи еј.За викенд ке те видат уклучен кај 11 часот на FB и одма пишат:Леле оти не си излезена ????? аман си викам зарем задолжително е да се излезе ,ете така ми е убаво дома :^) .После те сретнува некоја познаничка и ти вика :Абе што чекаш сеуште не си мажена?Даааааа сеуште не сум мажена!!!!Аман бе луѓе има крај со вашите прашања ?Не дека нешто ке му се смене нив во животот ама да се најде чоек во муабет без да свати дека е веќе е досаден.И така си стојат прашалниците во нивните глави повеќе одколку во твојата во врска со твојот живот.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Лага било бе. Лага!
    Првата лага во која поверував. Ова е важна поука за мене, нема веќе така лесно да верувам во се и сешто.
    Но, од друга страна сум засрамена затоа што помислив дека навистина било така, дека се случило такво нешто. Чувството некогаш лаже. :)
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Затоа што за жал немаме никаква продукција.И во догледно време не гледам дека ќе се смени нешто.Затоа ми че мо да причамо,да аферим-исуваме ,и да пор фавор-изираме уште доооолго време.
    [​IMG]
     
    На Elennaa и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  9. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    1.482
    Деновите минуваат-зависи од нас какви спомени ке останат :emo: Убав ден беше денес,за прекрасни спомени,ти благодарам најмил мој :*
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И колку е жално кога тие околу тебе ќе ја прочитаат твојата тага и ќе се прават како ништо да не им е.
    Дури и ќе им е мило што нешто те мачи...
     
    На LittlePinky, nevermet18 и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Ова!
    Среќна сум. И заљубена. И среќна заради тоа.

    Знаете,вистинската дефиниција за љубовта е индивидуална работа. Кеш кеш,сес сес,ставање на првата буква од името во заградата на Фб... Да не бидам сфатена погрешно,не осудувам никого. Како што и самата реков,индивидуална работа. :D
    За мене љубов е кога одам по улица окезена не од уво до уво,туку од око до око,Џокер осмех,и во главата ми се вртат тинејџерски песнички без поента,пред очи ми скокаат розови еднорози (and i'm not even high :lol: ) и цело време се ѕверам во телефонот чекајќи порака,повик,или барем стикер од плавиот мајмун на Фб,без да ми е гајле за тоа што го закочувам целиот сообраќај и за тоа што кај и да е,некоја кола ќе ме слупа,па ќе ми се врати она старо,добро,поучно Изи Мизи quotе,баш сум глупав што се слупав :D И тој за кај Лора мачорката трчаше.
    Заклучок: Немојте да се дрогирате,вљубете се,поекономично е,и ако не ве собере некој шлепер,нема последици по здравје :D

    Лош пост,како и да е.
    Ама ај доунт кер. Сречна сум како сречен ден. И покрај мојот сакан,самоуверена како што Иван Исцелител мисли дека е најпознатиот светски исцелител. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, bittersweet, Ivy89 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Oние сељачки телевизии што не ми се верува дека некој уште ги гледа заслужуваат нешто ко А1, катанец на врата. Има да седнам и се она да бришам од канали, не сакам да ми излегуваат пред очи ни случајно веќе.
     
  13. MademoiselleB

    MademoiselleB Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Сакам да живеам во куќа со огромен двор и да си чувам едно вакво прекрасно суштество.
    [​IMG]
     
    На Ivy89, Lella, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам не е се во материјалното, ако нема човек во главата, џабе.А џипови, мечки...се наоѓаат, брзо, особено ако се позајмуваат за на слика :D па се потенцираат, као свои :wasntme: :emo: застанеш у продажен салон, се сликнеш пред кола и оп одеднашка моја е, е да бе :wasntme: :D


    Страшна работа е сомнежот.
     
    На Elennaa, Serafima, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  15. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    И дали ако се молам вечерва, и дали ако исчитам на интернет се за проблемов, утре ќе биде се подобро???? Дали ние самите си ја коваме судбината, или самите си го асфалтираме патот на нашиот живот, дали воопшто постои судбина, или пишанија народски кажано, или се е само наш избор...
    Некогаш животот ни се чини толку смрден и неправден, толку неоправдано чудно нефер.
    Мене моментално ми е таков...
    Колку само една секунда може се да промени во нашите животи, од наше најдобро расположение и издание да не претвори во духови кои чекорат, кои се молат и грабат несебично надеж за здравје и подобро утро...
    Не за џабе рекле, чувајте си го здравјето, тоа е најбитно, после се по ред, ќе се нареди, е чувајте си го мили мои, чувајте си го, и терајте ги тие околу вас да си го чуваат...

    Мене долго време ме немаше да пишам тука во оваа тема, искрено немав мерак тука да пишам, порано ми беше една од омилените, и искрено да ви кажам троловите и досадните девојки во непријатели си ги ставив за да воопшто не ги читам, :!: многу симпатична опција е тоа, сега можам на раат да исчитам неколку страници тука и почесто да си пишам по нешто.

    Ново на исток кај мене, конечно ја имам во раце дипломата, пред некој ден имавме прослава од факултетот, и вчера цел ден парадирав со неа по дома, т.е кај баба и прадедо се со цел да мавнат некое денарче, ама сеуште пензија немало, па до 5ти ќе почекам :lol: , битно честитки, гушкање, солзи дури, и секако 10 пати повторување што и како било пошто прадедо ми е малку глув, нормално 93 години има, а се сака да знае, па еден добар час им објаснував што како било, па и он некој мудар збор дофрли и така.

    Пред мене, страшна бура се крена, незнам, се почна со тоа што треба да донесам тешка одлука, тешка, дури сега гледам дека светот на возрасните е стварно полн со големи проблеми поврзани со големи животни одлуки, арно ми викале, уживај си додека можеш, незнаеш што се вистински проблеми, кога сум рикала по некој дечко или ако не ми купеле нешто...
    Дали Ск или родниот ми крај. Дали работа или живеење со дечко ми без работа... Дали мастер сега одма, или одгодина... Незнам, леле незнам, одолговлекувам, не сакам да седнам и да сериозно земам да размислам што најмногу ми одговара, што да правам, и каде навистина сакам да бидам, незнам, или не сакам да незнам, незнам.

    Како и да е, денов ми е катастрофа, почна страшно лошо, и цел ден така и остана и ќе остане некое време. НЕ можам да напишам што и како е, и искрено и што ако напишам, не е ова дејли дајари, и да напишам нема да помине, нема да олесне, пошто боле и пече, боле најмногу кога страда ваш најблизок, страдате и вие со него, а сте проклето немоќни, ништо не може да направите за да помогните, само да чекате, дали ќе биде или не, дали Господ ќе се смилува, дали има надеж...
    И незнам дали ќе помогне или не, и незнам дали ќе ме слушнат или не, јас од оваа вечер ќе се молам, и ќе се надевам, и ќе размислувам позитивно, ќе бидам јака и ќе издржам.
    А вие чувајте се.
     
    На Elennaa, bittersweet, Ivy89 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Значи не памтам кога поубаво сум си поминала на излегување, незнам дали беше до друштвото (со дечко ми бев) или од добрите песни на Лукас... Ацка настапот ти беше закон :angel: :clap:
     
  17. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Зошто, зошто повторно се навраќам на истите работи? Зар немам храброст да го поминам сето ова.
    Собери сила барем еднаш да кажеш не ми е гајле, обиди се.
    Не сакам да биде вака. Мислев дека ќе се смени, ама не, уште ќе ме прогонува.
    Ми треба помош, поддршка, некој силно да ме прегрне и да ми каже, не се грижи, се е во ред.
    Сакам да го преспијам сето ова, а кога ќе се разбудам се да биде добро.
    ;(
     
    На Elennaa, eliesaab, ColoursOfTheRainbow и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Обожавам кога ќе станам рано и покрај што сум заглавила претходната вечер.
    Обожавам горко кафе кое ќе ми го отвори денот.
    Обожавам кога навечер си го заборавам компјутерот упален и можам веднаш сабајлечки да пуштам музика за да ме расони.
    Обожавам кога ќе си читам пораки, разменети во раните утрински часови.
    Обожавам кога ми недостига некој наутро. Да, дури и тоа го обожавам кај него.


    Имајте убав викенд! ;)
     
    На Elennaa, Elena69221, Barbie20 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Рано утрово патот случајно ме одведе до средното училиште каде завршив. Знаејќи од каде минувам, во себе како лекција си ја повторував реченицата - ,,Валерин, кога ќе поминеш од училиштето не застанувај''.. Оти познавајќи се себе си, имав на ум дека не е исклучена можноста да ме надвладеат емоциите и заплачам. Но, џабе е кога разум зборува а срце не слуша...И ете, застанав. Во тој момент ми се вратија толку спомени што посакав да е повторно 2010 година и да ги здогледам иситите тие кисело-горки лица од мојата генерација како поспано итаат по патеката. Погледнав кон автобуската, а таму секако не стоеше Милица со која се чекавме и заедно влегувавме на часови. Туку стоеа некои други две девојчиња. Битно, така стоејќи ги анализирав новите свежи месца кои ни дошле, и да бидам искрена воопшто не ми се допаднаа. Не дека ми се нешто криви луѓето, туку просто поради силното чувство на носталгија и желбата за задржување на тој дух од минатото, ми се разви тој јак сенс за критицизам. Може и не налетав на оние правите, а.к.а ''најјачи у граду'' банда па затоа ми паднаа толку чудни останативе, не знам... Битно, заклучок (според мене нормално), е дека најубавите години се сепак оние кои ги минуваш зад училишните клупи! Шегите, зафрканциите, плачките поради слабите оцени и бегањето, се токму оние компоненти кои ја прават сложувалката речиси совршена. На факултет? Ма јок, не очекувајте ни приближно исти доживувања. :shake:
     
    На Elennaa, Ivy89, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  20. NapalenaNinfomanka

    NapalenaNinfomanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    93
    Колкава глупача сум,дури за чудење е,не никогаш нема да се сменам,знам
    таква сум и таква и ќе си умрам,доживеав и дури тука некој да се мајтапи и со мене,страшноо,леле луге понекогаш си размислувам и не знам кај ке ми биде крајот,тешко мене,немам веке ни најмала надеж дека ке тргне све на подобро :(