Отидов да трчам, уште имаше сонце и станав жива вода испотена и види чудо, не смрдев ко да сум пцовисала пред три дена. Ваљда зашто сабајлево се бањав ќе да е. Така да ај доста со тоа дека потта така си мириса и во најмала рака прснете дезодоранс оти во несвес паѓаме од вас. ФМП
Ко ќе завршат европсково и копа америка стварно не знам што ќе прам, моментално сум активен само во тие две теми, после тоа ќе цркам од досада дури што ќе морам да се активирам во кајгана.
Многу турски серии не е на арно. Почнаа и кај нас помладиве жени на постарите да им се обраќаат со "мајко", а тие на нив со "ќерко".
Ако дете оди у градинка, не значи по дифолт дека ќе билда имунитет преку разболување, и ако дете не оди у градинка не значи дека нема да има имунитет и на школо допрва ќе се разболува. Себе ќе се зеам за пример, не идев у градинка, цело мое детство не се разболував, па дури и ден денес ееееептен ретко нешто да ми се дешава. И децата у маало со кои растев, скоро никој не идеше у градинка и ретко некој некогаш да беше болен, ни пред школо, ни после. Не е ваљда толку многу да биле различни времињата, со различни вируси и бактерии и храна и вода.
Ова на мајка ти твоја? Интересно. А дали ја само им се обраќам на родителите по име? И тоа ова одамна е, со години. Значи само по име.. и никако поинаку. Ццц какво непоштовање.. Ама често и у деминутив имињата. Шала на страна, не знам зашо вака, ги завикав и се навикнаа, не им ниту чудно ниту се лутат нешо. И онака баш другарски однос иаме, лабав скроз. Некад си викам, некои од страна да не гледаат ќе мислат ептен сме шлакнати.
И јас некогаш на мајка ми и се обраќам со име, ама во деминутив, онака на зафрканција, а не не на некоја си рандом постара колешка да и се обратам со "мајко". Една е мајка.
Втф озбилно ова бе, на колешка? Шо им е фората со тоа, почит као? Дебилно скроз, бесмислено. Мајкичке ја вика, а очи може сака да и ископа. Арно викаш, можеби и турските серии си го напраија своето. Влегле тие у филм, готово.
Да бе, на постарата колешака и било роденден отишла во пензија пред некој месец, и видов слики од ресторан со неа и две помлади нејзини колешки, и двете напишале "среќен роденден и среќно пензионирање мајка". Јас мислев ќерка и напишала, кога видов колешка и, потоа гледам и другата колешка така пишала. Се сликала со едната колешка, и им пишале коментар "мајка и ќерка убави".
Ама они можда се заебавале, нешо ко шала меѓу нив вајда. Една имав колешка од факс постара прилично беше од другите и некои онака на шала и викаа „мајка“. Не беше озбилно тоа секако, вака у комуникација најнормално. Мислев за твојот пример дека стварно така и се обраќале, постојано. Е тоа е више глупичко.
Ама коментарот "мајка и ќерка убави". Ни на зафрканција јас не би кажала на некоја рандом колешка "мајка". Или да и пишам "среќен роденден мајка". На секоја слика "со мајка на кафе, со мајка на коктел", веќе тоа е глупичко. Јас со мајка ми на слика па не пишувам со "мајка на кафе". Имало примери и со други колешки некои постари, некои помлади, па никој не се обраќал така. Не знам, мене малку ми е глупичко, не мора да значи дека и на другите им е, секој со своето мислење.
Сите, вклучувајќи ја и науката, велат дека физичка активност подобрува расположение, а јас не можам да избројам колку пати сум била во теретана, дигам тегови а солзи течат ко луди, без престан и немам друга опција освен да си идам дома за да плачам во приватност.