Во ждм жена пишала дека свекрва ѝ починала пред 2 месеци, а овој период требало да се прави свадба ама ја откажале. И пустата загрижена кога ќе била свадбата пак закажана, фустанот немало да ѝ биде точен, демоде, па умрените не ги враќало ништо. Пошто само вашата мајка е мајка, член на фамилија, сакана особа, таа на партнерот е...не знам со кој збор си ги нарекувате во глава. Може и сака да прослави сиротата, па ќе ѝ помине радоста ако почека уште малце. Да беше обратна ситуација и тука на форум споделена, мислам дека мажот колективна клоца во гз ќе добиеше од форум.
Недела е ден за неделна рефлексија. Последниот ден од месецот е ден за месечна рефлексија. Денес совршено се поклопува ден за неделна, месечна И полугодишна рефлексија. Денес е ден за проверка на прогресот и преуредување на мислите и плановите.
Ја читам темана за АлиЕкспрес и можам да кажам дека во македонски пошти се вработени премногу неработници. Сите пратки ми стигаат за недела до две. Денес нарачав, на 10 јули ќе стигне. Никогаш не погрешиле. Ни еден ден цел не стои пратката во пошта. Доаѓа, ја превземаат, ти стига меил дека утре од толку до толку часот ќе ти ја достават дома. Искрено ве жалам што со месеци чекате. Битно има вработени еден куп, тоа што дел се неписмени, дел не знаат ни кај се вработени и мал дел што знаат што работат и не можат да постигнат поради овие првиве. Ќе одела МК во Европа, една пратка не може да стигне на раат. Цел свет онлајн функционира, овие не знаат ни да глумат пошта.
Вакво нешто се случи во фамилија кај другарка. Почина таткото на младоженецот. И тоа две недели пред свадба. Замисли.... Имаше свадба. На инсистирање на невестата и на нејзините родители.
Јас не би имала срце. Матично ок ама свадба е друго. Една во коментари пишала А што ако е бремена и треба да се породи? Можда во матично кога вадат извод за бебето, прашуваат колку круга пајдушко си изиграл, еве не знам.
И некој да е неподвижен и болен ако е родител на младоженците не треба свадба. Таткото на невестата неподвижен, правеа свадба на инсистирање на родителите на младоженецот. И ова не е фер. Ама секогаш жените биле виновни за се.
Јас да сум од другата страна, односно да сум невеста, нема да инсистирам. Умрениот нема да се врати, ама не е страшно ако се почека одреден период.
Какво разбирање. Срамота е да не се направи свадба. Ќе коментираат Трајка, Петкана, Трпана и сите останати роднини од петто колено. И комшиките исто така. Да не останат покуси.
Јас познавам каде што се одложи свадба поради тоа што на свекорот мајка му била болна, ама кога доби удар таткото на невестата, инсистираа да се прави свадба. Епа сега друго е баба, друго е татко. Јас познавам тие што се главни се секогаш од страната на младоженецот.
Шо е со модава, некоја девојка се верила и објавила на инста слика од прстенот, и другаркиве ја превземаат истава слика и ја шеруваат кај нив демек честитаат? По грешка честитав кај колешка, испадна другарка ѝ се верила...
Глупачи има сегде , курац ја боли за све, пошо свадба ќе праи, тоа ти исто ко ќе прашаат може ли мојот некрстен син да оди на крштевка?! Кога ќе поштувате религија од почеток до крај тогаш , а не што им одговара што не и чисти пред бога аха мало сутра смрдли.
Епа и од страната на младоженецот ги боли курац ако почине некој од фамилијата на невестата. Таткото на невестата со удар, и си правеа свадба, таткото не ни беше на свадба, беше неподвижен. Исто е, никој не го боли ништо ако не е од нивна фамилија.