Ахх, се осеќам како да ме згазил воз... Само ми се спие, цело тело ме боли, а не сум настината и ништо посебно не сум била физички активна. Последните два пати на факултет отидов спиејќи со отворени очи, а што убаво од почеток со време си станував. Зарем толку не ми трпи организмов станување рано па од една недела телово ми откажува или нешто друго е во прашање? Како и да е, нема да се наспијам ни викендов, па од наредна недела пак ќе станувам како зомби. Една колешка ми вика вчера, зашто бе ставаш пудра за на факултет и како не те мрзи сабајлечки? Јас пустата како дух бев бледа кога станав, едноставно немав самодоверба да се појавам таква и во придружба со подочњаците. Ќе помислат работам трета смена па доаѓам директно, или можеби бебе доенче имам дома. Ама знаете што е најважно? Емотивно се чувствувам свежа и исполнета. Е тоа е она што вреди, ме боли уво за телото. Тоа ќе се опорави од што и да е, а чувствата те одржуваат свежа колку и телото да е изморено. Знаете што? Ми недостигаше студот и зимата. Мислам дека кога си заљубен зимата е најубавото годишно време. Надвор кочан, ама топли срца. Слави, празници, греење под ќебе со саканиот.... сите тие нешта ми го грејат срцето максимално и ми создаваат топла атмосфера полна со љубов. Обожавам кога ќе му се пикнам во прегратки меѓу неговите силни и топли раце и така гушнати под ќебе или јорганче ќе си гледаме телевизија. Има ли нешто поубаво од тоа? Постои ли човек кој не го сака ова? Не верувам. Со неколку дена задоцнување, довидување лето, се гледаме во 2015-та. Сега воопшто не тагувам по тебе да не ме мислиш, евентуално може ќе почнам кога ќе поминат празниците и ќе ми се смачи од тресење на студот. Ви посакувам пријатна вечер на сите и бидејќи е свежичко ве частам по едно чајче. Чувајте се од гадните есенски настинки.
Одсекогаш сите членови на форумов сум ги сметала за уникатни елоквентни и поинакви,од тие што немаат појма дека постои вакво нешто. И никогаш не им го привлекло вниманието тоа ФОРУМ десно. Често пати,пошто нели форумов некако ми стана секојдневно нешто,одам по улица,во автобус и каде и да било каде што има луѓе,се загледувам во одредени профили и се прашувам,што ако ова е чупето кое најмногу сакам да го читам ? Што ако е тоа чупето што ми го дало последниот совет,и други такви прашања на кои нормално немам одговор.Ама мие преинтересно да си доаѓам до некои такви заклучоци. Дури и мие чудно,кога некоја другарка ќе ме праша од каде го знаеш тоа,како го најде тоа,на форумот од фемина велам,и добивам зачудувачки поглед. Јас искрено не можам да си го замислам денот без овој фоорум,сите некако ги гледам како сродни души. Чудни и уникатни Сите овде си градиме свој таен свет,каде што треба да бидеме свои и најприродни..
Да, една од најблиските личности ме разочара. И сега што? Да плачам затоа што мислев дека ми е најдобар другар, и излезе дека не ми е? Не душо, нема потреба. Не сум му ни лута. Сфаќам дека сите се такви. Секогаш сум тука за него, но излезе дека тој не е исклучокот. Уште една личност во купот искористувачи. Тоа е се`. И нема да се депримирам затоа што мислев дека тој не е како другите, дека е вистински другар. Само ќе се насмеам и ќе продолжам со животот. Секогаш имаше такви, и ќе има уште многу. Ретки се вистинските пријатели.
Може е смешно ама секогаш кога некој ќе ми рече да слушнам внимателно некоја песна,ми станува незгодно. Затоа што се чувствувам како да ѕиркам во туѓата душа. Во душата на тој кому песната му е посебна и го допира.
Помина точно една година. Лани на 27ми летав во небо од среќа. И денес сфатив, за една година можат да се случат и изменат многу работи. Многу...
Лута сум што не си тука со мене. Лута сум на самата себе, што го дозволив тоа. Лута сум што не можам да ти посакам добра ноќ. Лута сум што освен лутина денес ништо друго не осеќам.
Еден ден сите ние ке бидеме копија на нашите родители. Многу често ке го праввиме она поради кои како мали се лутевме на нив. Понекогаш на моменти сме замислувале дека ни прават лошо но не се што било направено без разлика колку тоа нам не ни се допаднало било само најдобра намера на родителите. Секоја нивна постапка е она најдобрата која што можат да ја направат. Секоја одлука донесена е баш онаа најдобрата која што ја донеле. Честите казни и забрани кои сме ги добиле и тие биле со добра намера. Она што ни го купиле е нај доброто и нај скапото што сме го добиле бидејки секој родител на своето дете му купува најногу што може и секој сака да му даде највеке што има. Ова што сме денеска е благодарение баш на тие луѓе. Кој би се тресел над тебе , те чува , те рани, те облекува , ти пружа задоволства а најмногу од се љубов а без ништо да бара ако не родителот ? Ако никој друг родителот секогаш ке ги прости твоите грешки макар и оние најгоемите , и ке ги заборави за толку кратко време што ни ти немоеш да си ги простиш. Кој ке ти помогне кога ти е тешко а без да бара за возврат нешто ? Кој ке ти излезе секогаш во сусрет кога ти е тешко ? Кој е оној пред кого можеш све да кажеш а да добиеш само искрен совет ? Кој е оној кој што ке ти ја пружи неговата помош и кога не ја бараш ? Кој е оној кој постојано ке внимава на тебе дури кога и ти не го правиш тоа ? - Се разбура РОДИТЕЛИТЕ Неможам да ги разберам оние деца кои што за своите родители употребуваат грди зборови, ги напаѓаат па дури некои кажуваат и дека се срамат од нив ? Дали некогаш се запарашавте што ке беше со вас од мали ако тие ве оставеа сами на себе како вие сега што правите со нив ? И ако секогаш ве ставаа на последно место како вие нив ? Почитувајте си ги родителите бидејки додека не станете и вие родител не знаете што значи да се биде. Но немора да чекате до тогаш па да ссе каете за вашите постапки. Израдувајте ги уште денеска , испочитувајте ги , сакајте ги чувајте ги... ЕДИНСТВЕНИТЕ ЛУЃЕ КОИ ВИ ДАЛЕ ЖИВОТ, ВЕ НАПРАВИЛЕ ЛУЃЕ,ВЕ САКААТ И ВЕ ПОЧИТУВААТ. Јас си ги сакам моите родители и се гордеам со нив. За нив секогаш ке имам време и место во мојот живот.
Помина поголемиот дел од моите обврки, после се, се наоѓам сама, препуштена сама на себе си, да се снаоѓам во овој свет, акам да работам, барам работа, пуштам сивија, барам по интернет и работа нема ни за лек, па уште ми фали да слушам амо уште ти да најдеш работа, што ако не најдеш, не се знае кога ќе најдеш, како тоа не ми е јасно луѓево се вработуваат преку овој, оној па на тој прв братучед па комшија, дали знат да си побараат, дали знат што да дадат, јас вака чиста душа да имам, мирна совест, тоа за мене е некултурно, а за мене ем кажувам дека барам работа ем никој ни со прст да мрдне, а знаат дека 2-3 месеци барам работа, барем некој да рече оди види ваму таму, не бре брате... А и ја па не знам што чекм некој да ми помогне во ова љубоморно општество, и онака до сега од никој ништо не сум добила, се сама сум си постигнала, се молам на Господ само работа да најдам по брзо и каква таква да излезам од дома и да земам некој денар, зашто ова повеќе не се тпи ги отепав дома моите од барање пари за неодложни работи. Ајде со Господ напрд и се ќе биде!!!
има денови кога многу сум тажна.едностано не ми се погодил денот или сум изнервирана или ми се насобрало за учење.па ке се затворам во соба и ќе плачам.и тогаш ми фали само една личност да ме смири.а тоа е мама.не можам ни да опишам колку ми фали.и сакам да е до мене.и да ја гушнам.па таа да ме погагали по коса.е затоја ја мразам далечината.го мразам секој километар кој ме дели од луѓето што ги сакам. затоа ценете го секој момент со најблиските.ја нема секој таа привилегија да биде до оние кој ги сака.
Сакам да кажам дека сум многу среќна и едвај чекам да дојде понеделник да го видам.Ми пиша,преубаво се однесувашее (како и секогаш) ама овој пат посебно ме изненади,поинаку беше
Денес е тажен ден за нас дома. Мојата душа е исполнета ,срцето ми е преполно Среќна сум што имам ваква среќна фамилија која знае само да се смее. Роднините од Австралија денес си заминуваат веќе се навикнавме на нив. Поминавме многу среќни моменти, но др година ќе има уште посреќни. Јас ја покажав Македонија во добро светло и горди се што имаат корени тука.
"Денот по утрото се познава" - е колку е точна изрекава. Прекрасно утро, и јас се чувствувам прекрасно. Среќата ме кружи денеска. Ќе ги извршам сите задачи наменети за денес, а сепак вечер ќе ја гледам и омилената серија. Обожавам вакви денови, а не сум ги имала од поодамна.
Читам сабајле во еден весник, едно Британско истражување покажало дека 60% од мажите преферирале исклучиво жени со облини, додека на останатите 40% тоа не им било толку битно. Ма немој да ме јебеш бре, требаше да им иштапмам у продужение. Тие располагаат со огромен капацитет сензори дур те меркаат у грудник, овааа очи де И, ако се водиме според ова истражување испаѓа дека тие 40% се или хомосексуалци, или вонземјани, трето нема!
Не знам какво е времето надвор, ама мене ми е ладно и си ја пуштив печката. Вчера бев болна, грлото и главата ме болеа премногу. Денес сум многу подобра. Се дружев со географијата, па сега после одморот, кој веќе одамна требаше да биде завршен, ќе се подружам со биологијата. Гладна сум, како и секогаш. Ех, да ме чекаше ова во кујна :
Значи од ко почнав на факултет хронично сум ненаспана. Како ми иди да се пикнам в кревет како мачево. Ама нема кога еве понеделник стигна на врата. Утре пак во 8 на нозе. Фак !
Како и сите видови врски, така и пријателството бара искреност во комуникацијата. Основата на пријателството е поврзаноста со друга личност.Имате заеднички интереси, согледувате реални перспективи, делите исти или слични погледи кон светот и живеете во исто време.И покрај тоа што овие параметри можеби изгледаат малку површински, сепак се важни за да добиете нечија поддршка и совет во деновите кога навистина ви е потребно некој да ве ислуша. Споделените моменти и уживањето во заедничките часови го одредуваат времетраењето на контактите. П.С. Без доверба, сите пријателства пропаѓаат. Довербата е основната потреба за комуникација, бидејќи доколку не му верувате на вашиот пријател, тогаш која е целта на тоа пријателство?
Нема нешто поиритирачко од тоа цела недела да стануваш рано, и баш кога ќе дојде ден за одмор, можност да се изнаспиеш - се будиш рано и не можеш да заспиеш И така јас денес пак си станав рано, а сношти си се опуштив и легнав касно со филм дека ќе се изнаспијам денес Доручекот си го зезнав, не го погодив, не ми отиде на место. Среќа кафево го погодив, ама да си ќутам поарно зашто може да ми се истури во секој момент, имајќи ја во предвид местоположбата на филџанов. А да го преместам ме мрзи, зашто ми се спие Ме чека многу работа, да не речам цел ден мене ми се шета, шетање нема Треба јадење да правам, ме мрзи, еве веќе доцнам со се, а рано станав, имав време нели, и сега морам да прекинам тука, сигналов се губи нешто Ај чао.
Знаете која беше првата песна што ја ислушав сабајлево? Unhappy Birthday на Смитс. What a way to celebrate. Иронија сум сама по себе Како и да е, полнолетството не ми значи ништо, мислам дека пораснав уште пред неколку години. Кругот на пријатели, значитено го намалив пред неколку месеци, но сепак, оние кои ми значат и ми се блиски, најдоа начин да ми честитаат. Годинава не добив многу телефонски повици и клише пораки, но знам дека сите испратени желби беа од срце. Без исклучок. Роденденов го славам токму на таков начин на каков што сакав. Мирно и спокојно. Без големи (or should I say, никакви ) потресувања. Пресеков дека нема да правам забава уште пред неколку недели. Со тие што требаше, излегов на ручек и кафе. И мило ми е, бидејќи знам дека иако сега блиските ги бројам на една рака, се чувствувам исполето. Целосно. Своја на своето. И мило ми е. Ептен(ски). И како што сум мутава, повторно заборавив навреме да порачам торта. Како и да е, вие почастете се, макар и виртуелно. Одам да го испијам првото легално пивце. И по едно , за сите.