Кога има труење со храна по локали, не е криво топлото време колку што е несанитарното работење. Дома и сред лето готвам месо и млечни производи секој ден јадам па у живот не сум добила труење. Стомачен вирус да ама мали биле шансите тоа да било труење зашто немало поврзаност. Али гледам свежо месо да не седи во фрижидер повеќе од 24 саати, ако треба да седи, ондак замрзнувам. Кога сечам живо месо, со истиот нож не сечам храна што се јаде сирова. И све што е во контакт со живото месо го мијам. И месото го готвам до крај убаво, буквално да се распаѓа кога го сечеш. Млекото го трошам во рок од неколку дена, зготвена храна не ја чувам повеќе од два дена (и тоа све седи во фрижидер). Све што е сумливо на вкус и мирис фрлам. Така да секој локал од кој ќе се отрујат гости треба трајно да се затвори. А на седмица не им е првпат ми се чини. У 21ви век на јебени клими и фрижидери срамота е на топло да се вадат. Е сега ако струја не им се троши...па не треба ни да работат
Ама овие мислат само капсулите и магично ќе ослабнат без напор, без внимавање на исхрана, без физичка активност. Тие треба да ги најдат и да ги затворат, па бришат коментари, и блокираат, и сега направиле да не им коментираат, само се рекламираат. Прочитав биле штетни тие капсули, кој знае што имаат во составот.
Аха сигурно газдата ќе даде, ниту еден вработен/а било каде не ми се погодил/а услужлив/а, влегуваш како прво не кажува "повелете", си дреме на телефон, не им се работи, отишле на работа да им помине времето, со чест на исклучоци, прашуваш нешто, не знаат да ти објаснат, и на вакви да оставам? Еве пример и за Нептун ќе дадам, кога сум сакала нешто да купам, влегувам, сите собрани на каса и муабет си прават, ниту "повелете", ниту "дали ви треба помош". Или ако прашаш нешто превртуваат очи, па нека си седат дома ако не им се работи.
Зошто мора луѓе родени во лето да слават роденден? Ќе поканат 30 души, ќе им дојдат 5, другите на одмор. Сега заради тие 25 што нема да дојдат, јас мора да одам за да не испадне никој да не појде.
Како што е редот, се што е излезено од анимациски филм МОРА да го изгледам, па така стигнавме до најновото филмче Значи, секоја чест, филмот е чиста 10ка , седнав да ги читам и коментарите од други кои го гледале и сите се под импресии. И секоја чест за оној кој ја правел музиката , додава посебен ефект додека го гледаш филмот и се полниш со емоции микс од емоции , ретко вака добар филм да буди секакви емоции кај мене , аууууу немам коментар, морав да пишам колку сум позитивно изненадена Браво Аххх музиката , во срце погодува , толку се соживеав со филмот, ко во него да влегов внатре
Најмногу мразам поместување на роденден, не можеме на сите да им погодиме, ако некој може да дојде тогаш, друг не може, исто како и за свадба што не можеме да им погодиме на сите. Кога би имала деца не би им поместувала роденден, тогаш се родени, не се родени друг ден. Ова е мое мислење, и не мора да се сложите, секој си има различно мислење. Затоа роденден не славам со 30 души, си одиме со мм на вечера.