Шо ти е тебе? Сите 7 постови или колку и да се што ги имаш ти се со некакви жалења, тагувања, проколнувања..Кизнајт па сеа у кој филм си влезена. Ја рабирам да имаш проблеми, ама по форуми луѓе да се жалат ,..Иди разбери ги после.. Како и да е, нова си ни, добредојде
Денес не ми се излегува од дома.. Има светлина, ама ладно е. Тмурно ми е а чуствувам среќа.. А не сум во ПМС. Има нешто, има
Викенд со друштво ми е најубаво поминат викенд.Sleepover,пиво,игри,филмови,музика. Да! Нека се повеќе вакви!
Туку што си ја бланширав косата или фарбав со бланш како ви е посоодветно , ме нервираше тоа ракавицата и не ја ставив па од киселините или штознам од што рацете ми се лом значи ме печат ненормално, а косава, да се вратам на нејзе нема ни траг од бланш! Значи каква си беше таква си е ја стварно незнам што коса ќе беше бре.... никако да си имам плава ама баш плава коса :/
Фала ти мн Дреамс.678, премн ти фала,сите се паметни за да коментираат некого,а за да помогнат последни се,да ти кажам најлесно е да осудиш некого,најлесно е да. Во секој случај на форумов сретнав и други прекрасни членови,администраторот може да се гордее што има такви членови што го чинат форумов да биде прекрасен, имајте убав неделен ден сите членови
Мајка ми е махер за во кујна,нема јадење кое што не го прави совршено,домаќинка и пол. Утре се враќа од кај баба ми,па сакав да и зготвам нешто кое што го нема пробано,да ја изненадам... Пуштам 24 Kitchen,типов вика ќе правиме јадење од тоа што го имате во фрижидерот,и си се порадував,нешто поедноставно Кога тој вади индиски сом,урината на Шрек,вујната на тартуфото,кинеска чорапа,папагал од Зимбабве... Де бре,што им е со рецептиве? Ниеден не ми се погоди. И потпечени макарони ќе завршат работа
Сакам кога малите нешта ме прават срекна .Топлото џемперче од минатата година ме прави среќна ,каминот што денеска за прв пат го запалив ,самата атмосвера ме прави среќна .Не се потребни големи работи за еден човек да биде среќен ако знае да ужива во секој момент од неговиот живот .
Како малечка во прво, второ одделение кога започнавме да учиме песнички, раскази, отсекогаш си поставував едно прашање и ете по толку години сега наоѓам одговор. Секогаш им се чудев на поетите, писателите, зошто пишуваат песнички за малите деца, за своето детство, па зарем немаат тема за нешто друго да пишуваат?! И ете спонтано со зрелоста и годините доаѓа и самиот одговор. Напреднува технологијата, напреднува интелегенцијата на сите, ама она природното исчезнува. Започнува виртуелната комуникација, а за сметка на неа изостанува личната комуникација. Компјутерот пред се’ и искрено над се. Зависни сме. Зависни сме веќе како од некое наркотично средство. Затоа и ни ги нема децата на улица. Го нема џагорот што барем ние сме го правеле кога сме биле помали. Пуста тишина, само звуците на автомобилите ги среќаваме насекаде. Ги нема тортите од кал и песок, играњето гости, па криенка, па лизгање не со санка, туку со најлон и тоа не само на снег, туку и на зелена трева, па седење пред вратите до 12часот и повеќе, па родителите се нервираа, викаа и не можеа да не соберат за спиење... Сега сфаќам дека тие поети, писатели всушност го барале тоа во себе. Ги ловеле тие моменти од своето детство, нивниот непресушен извор и мотив на сите тие редови и стихови. Сдк, кога човек си споменува за своето детство, не дека е човек кој има детски ум и живее во тоа време, туку реалноста е дека тој човек бара нешто во животот. Го бара она што очигледно во сегашноста не го наоѓа. Чистотата, невиноста, искреноста.... Исконските доблести кои заминале во историјата на минатото.
Се враќам дома, тишина, си викам аман каде се луѓево, тие си седнале си гледаат Паја Патак да бе, мераци, си седнав и јас да гледам, ај да не Кој вели дека цртаните се само за деца Убав остаток од денот феминки, отидов да прошетам , да ја уловоам глетката на зајдисонцето
...дека да имам можност би го повторила овој викенд уште најмалку 3 пати, затоа што беше прекрасен. Ново место,нови луѓе,нови познанства и спомени за паметење. И сега ме чека недела полна со обврски,а мене така ме мрзи да правам било што ...Викенду врати се одма!
Чувствувам некој немир во себе, срцето забрзано ми чука и како во мене да се крши нешто рацете ми се тресат, душата ми трепери, незнам како да го објаснам тој немир
Ееее тоа е за да си ја поделиш со некого последната Еден update од прееска: ќе правам уште едно кафе па што сака нека е, кога едно не ме расони, второво ќе мора Тапа денов инаку, и се надевам дека времево ќе се подобри, рано ни е уште за зима Нема смисла ова.
Неделава како ден у суштина ми е некако тмурен и глуп, посебно овој есенско-зимски период, ама кога семејството ни е собрано ми е прекрасен. Сакам да кажам, благодарам на Бога и на ѕвездите што ми овозможија да поминам уште еден неделен ден исполнет со топлина и ведрина, комплетно посветен на семејните вредности. Заеднички појадок, раскревање, прошетка на сонценцево што веќе го снемува, заеднички ручек (и тоа доста калоричен ) , па вечерва некое филмче следува заедно одгледано... Ма, ми се толи душава вака. И да, иако понекогаш се делува клише, ретки се миговите во кои уживам во потполност....
Сакам да кажам дека ниеден разговор на скајп, вајбер, фејсбук (итд) не може да се замени со еден долг и искрен разговор, очи во очи, со најдобрата пријателка. Дефинитивно. Имајте пријатна неделна вечер.
Неможам повеќе да го издржам товарот на животот..сите се сурови..себични ..секој си мисли само за себе..никој не помислува на другиот како му е дали му е тешко ...се чуствувам грдо..осамено и тажно..по цели денови само плачам..на никој не им е грижа за мене ...на сите им сум товар..
Ментална сум јас,дефинитивно. Секој ден полека откривам се повеќе и повеќе шврки особини во себе,и не знам како да реагирам на нив Луд,збуњен,(не)нормалан! Прво,ќе ви откријам еден закон,кој во мојот живот и мојот зелен свет е важен и точен исто како оние на Њутн. Ако не се избрукам еден ден,следниот ден ќе се избрукам два (читај милион) пати,со камата. Како да сум некоја принцеза,па на раѓање некоја вештерка клетва ми фрлила за да се брукам,или пак,како да сум суперхерој кој му помага на човештвото брукајќи се наместо другите. Но,во таквите жути минути,не личам ни на принцеза,ни на суперхерој,туку на тенџере за ајвар. Скиселено цвекло. Капачето на оној одвратен пирамида парфем кој мириса на отров за глувци. Денеска беше,хеј хеј брука деј Не знам зошто,но многу ми се важни токму веѓите кај луѓето. Кога ќе видам типка со веѓи нацртани како знакот на Најк,цревата ми играат гагнам стајл. Не им судам на луѓето според изгледот,но веѓите на некој начин,покажуваат дали некој се грижи за својот изглед или не. Лани многу ми се свиѓаше еден дечко,и ништо не бидна од работата баш заради неговите веѓи. Како бркови на чело да имаше Дури и Кале Господар Времена му завидуваше на нив,споени му беа,густи,црни,мислиш ракун ќе ти рипне од нив Спојлер Имате поздрав од Кале Јадете буранија! И муабетов ми беше,седам со другарка во автобус,и се сликавме за на Инстаграм. И кога ја стави сликата,влегува на почетната и ни излага некоја слика од Жељко Јоксимовиќ. И си коментирам јас,на глас: - Де бре,овој Жељко има поубави веѓи од 50% девојки во Македонија И се вртам позади,зад мене седела некоја девојка,врсничка моја со буквално една веѓа. Ми го даде најлошиот поглед-убица кој што сум го видела во животот. А мене жал ми падна,да не сум ја навредила,па сакав да и се извинам. Фала богу што ми текна дека,нели,баш така повеќе ќе ја навредам признавајќи и дека ете,и на неа мислев. Ми се скрши срцето бе. Излегувам така потиштена,и одам низ населба за накај дома. И нели,морав и каматата да си ја платам. Ја среќавам професорката по физика од основно,која што ми беше омилена и многу ми недостигаше,и таман си се израдував,ја поздравив,врзавме муабетче,и кога се разделивме,ме прашува: - А каде одиш ти сега? - Еве, кон домче . Кон домче. Кондомче. К О Н Д О М Ч Е. Од кај најдов баш тие зборови да ги изберам.. Од каде? Brain,y u do dis? ... и додека одев таква никаква и скисната накај дома,ја слушав како се гази од смеење. What a day,what a day! Добра ноќ!
Имав убав ден исполнет со многу љубов, смеа, доолги разговори со друштвото, ама не е тоа тоа. Кога си легнувам секогаш мислам на иднината и се надевам дека нештата ќе се променат, дека се ќе биде подобро, но кога гледам во минатото секој ден е ист и ништо не е сменето. Викендот не напушти па затоа имајте убав понеделник