Не знам женава и дали може повеќе да направи нешто од тоа што го прави, бидејќи од како им го сврти грбот на ВМРО поради притисокот што и го правеа секакви опструкции и прават постојано, а во такво безредие кое владее со години наназад тешко дека Данела во еден мандат може да донесе се во ред да биде.
Аа со туѓи фори манџа не сркај Се шалам, туку кој ви е крив што ја гласавте? Денеска најдобра градоначалничка во историјата на Скопје, утре најлошата и најбедната градоначалничка во историјата на Скопје.
Абе види, тоа шо и напраиле вмороните не и дава за право она вакво безредие и хаос да праи, и со вработените нејзини да се изживува. Тоа ми е зборот. Кај безредие беше шо викаш, она не доутепа. Шо кур ветуваше брда и долини? Од вчера као она е и не знае какви се.. Се виде колку ја бива ама затоа акциите до небо дигнати и се, со суета и его до плафон. Никој не може да каже дека добра работа заврши и го управува градот ко што треба коа сосема спротивното го докажа. @DS10 не ја гласав, а и да ја гласав, ветуваше нели ама се покажа..
Абе сега дали се изживува со вработените или вработените се партиски војници пак си слушаат од страна наредби што и како да прават тоа не го знаеме, но факт е дека откако одлучи да тера по свое без партиските наредби од тогаш и започнаа проблемите за неа и на сите ни е јасно зошто е тоа така. Ветувала кога сметала дека ќе има поддршка и од партијата која ја предложи, но сега сама најверојатно толку може.
А мислиш ако ја поддржуваше уште Мицко, Мајка Тереза би била? Абе, не ја знаеш ти каква е..? Остај и со вработените како се понашала, точно дека партиски војници се, туку и ко личност вака каква е, и фамилијата каква и е.. Ама ајде, викаш арна и поштена ќе си беше, да не ја заебел Мицко. Можеби така би било ама не и се укажа прилика у право светло да ја запознаеме.. Штета што по лошо ќе ја памтиме.
Она е толку богата што ако сака може и сама да го оправи градот. Не ѝ треба ниту ВМРО, ниту друга партија.
Можеби би била. Ништо, тоа е тоа Неа можеби не би и требало ВМРО ама на ВМРО им треба нејзината позиција, па од тука се и политичките игри во позадина
Коа глеам under consumption core постови сфаќам дека дефинитивно сум отидена накај минимализам. Што ми се допаѓа. Ќе се потрудам да ја зачувам таа одлика. Уште да научам да праам подобар избор во купување еко производи и ќе бидам скроз задоволна.
Да, се прави сѐ од ова. За жал сечат премногу, а обновуваат премалку. Поточно на секои 10 исечени засадуваат 0 нови. Ги поплочуваат околу коренот, дали од незнаење или е намерно ама на крај секако завршуваат со исушен корен бидејќи не може да дојде вода до него. Така дрвото се суши, крши и паѓа. Мислам дека последниот пример со паднатото дрво врз жена беше пример за исушен корен (мислам, не проверив за да се осигурам). Зимзелените дрва имаат многу плиток корен, затоа кога се садат, растојанието треба да им е помало и да се засадат повеќе со што ќе се спречи паѓање при невреме. Исто така не треба да се забораваат со кастрење особено ако е од една страна (пример го кастрат само од страната на некоја зграда со што го прават помалку отпорно при ветер). Така паднаа многу зимзелени дрва во неколку години. И те како може едно невреме да направи таков хаос. И порано ги имало овие појави, само што не се случувале во главниот град па исто како да не се случило.
Некои луѓе јадењето лук си го поврзуваат со смрдеа. Дека, нели, лукот си има специфичен вкус и мирис. Епа, сдк, нема врска тоа. Лукот е здрава храна која ја конзумирам одвреме навреме и не, не смрдам после јадењето лук. Ќе измијам заби еднаш и решен проблем. Плус, секогаш џвакам Орбит, што и да јадам, така да, немам проблем со јадењето лук. Полошо е кога јадам кромид, лукот е супер и не му ваѓајте муабети само затоа што некој не мие заби и не води хигиена.
Проблемот не е во јадењето лук некој ден во неделата. Проблемот е јадењето лук секој ден во неделата. Нонстоп. Тие шо го јадат така лукот, почнаа и самите да смрдат на лук, кожата да им мириса. Ќе се избањат ќе се облечат, и пак мирисат на лук. Ете пензионерите, они се доказ.
Ако мирисаат, тоа значи дека не се измиле (правилно). Со соодветни паста со многу ментол и средство за плакнење уста (некогаш нема потреба од второво ако првово е доволно квалитетно), нема мирис.
Шознам, во мое искуство лукот смрди. Многу сум сензитивна на него, а вкусен ми е (во екстремно мали количини, инаку ми е гнасен на вкус). Исто луѓе шо јаделе ги сеќавам и сем ако не претерале за да ми се слоши, можам да толерирам и да не ми се познава на фаца колку во моментот ми смрди и ми е нелагодно. Не е само устата за јадењето лук. Низ кожа испарва. И штета шо е така оти вистина е здрав. Сакам да можам да го јадам и притоа да ми е и вкусен и да не ми смрди.
Животот е чуден. Колкава само тежина носи и таткото на грб. Баш ми е мило од душа што ја доби дечкото колата.
Нормално, лукот не е за секого. Туку... Претпоставувам дека @Bitter-Sweet мисли на јадење едно чешне или две лук, не цела главица наеднаш. На толку мислам и јас. Има разлика меѓу нашиот и кинескиот лук. Нашиот е поблаг. Но, за оној што го јаде лукот и колку и да го јаде, има начини. Важно е кои и какви средства за хигиена се употребуваат и колку. Важно е и како се подготвува лукот и со што се комбинира. На пример кога се јаде нешто со свеж лук, да не се пие јак алкохол. Да не се јаде со зелка и слични. Му ја истакнуваат аромата. Да се пие повеќе вода или млеко/јогурт доколку одговара со оброкот. Неколку капки сок од лимон или портокал, плус парчиња свеж магдонос или нане (може и во сув зачин-форма) исто можат да помогнат за ублажување. Кој нејќе свеж лук, може да го зготви. Станува мек и малку слаткаст. Кога сме кај мирис преку кожа, тоа може да се случи и со друго од храната и некои пијалоци. На пример, некои лошо чувани вина или вина со нетипична концентрација на сулфити исто предизвикуваат од пијачите да се осеќа непријатна арома.
Сега ме потсети на подлучени пиперки! Тие ми се превкусни (и одамна ненаправени!), ама искрено мириса здивот после. Треба два дена изолација, до четкање четири пати на ден, плус мастики измеѓу. Инаку да, лукот е доста здрав. Еее и по една. Ај сега трај Ели до следна недела...