@Angie1432 претпоставувам и на други теми следиш вакви. Лошото е што многу простачки менталитет почна да зазема простор и да се изјаснува онлајн. Ај сега некој ќе рече скроз нормално, социјална мрежа е. И од овие си патиме.
Познавам баба родена после втора светска, а знаеме која сиромаштија било тогаш, во мал град. Па се образувала, се омажила во друг град, и со свекрва живеела со години на ист спрат, работеле со маж ѝ за скромни плати па пак има помодерни размислувања од кокониве у коментари. Па и мислам сите знаеме по некоја постара особа родена тоа време, а доволно биле паметни да не потпаднат под тоа влијание. Мислам ај, куче и маче од улица знаат да искажат љубов према непознат, ама ти не знаеш дека твоја ќерка не смее мажот да ја силува, ахам.
Најубавото нешто што ми се случува во животот е реакцијата на ќерка ми ко ќе ме види низ прозорот дека доаѓам од работа, па се стрчува, вика радосно "мамо дојде", скока по мене.
Гледам на млади жени како им се деформирани стапалата од носење штикли и други тесни обувки и си викам ај за работа мораш, некаде бараат таков кодекс Ама дека за обично излегување мораш со штикли, не мораш. На десно стапало имам мало кокалче и ми смета, не па скрос да ми е отиден палецот.
Јас па не обожавам чевли со потпетица. Може нешто ниско, ама оние дамски чевли Најчесто сум во патики. Летно време во сандали.
Ништо не мораме. Некои жени си го имаат врзано в крпче дека ЖЕНА МОРА ДА НОСИ ШТИКЛИ. Имам познаничка, само на штикли е, демек знајш наставничка, па морало ми кажува.... За во школо мене не ми е морално, ама има раб места кај што мораш Пак ќе речам сами си го праиме. Кога сакам носам, кога сакам не. Зависи расположение, а јас да се качувам на штикли за да бидам видена. Не, фала.
Сите шо плукате религија (било која) у моите очи сте НУЛА. Не ми чепкај религија и фамилија, да не чепнам кај што не треба па да плачеш.
После неспиењето и будна скоро 24 часа вчера, денес као да се наспијам, и што, само едвај 5 часа дали. Ти ебам и жештина и све ти ебам. А за викендот у неделата отспав 12 часа.. И се знаеше дека ќе следи дежурање утредента. Еднаш ако заебеш биоритам, нема враќање, толку е. Никако не успевам го средам и не. Пробано све, ништо не помага подолготрајно. Ајде добро утро на сите.
Супер е да се има избор. Па секој со својот буџет. Но со имањето избор лесно се доаѓа до прекумерно конзумирање и преувеличување. Во 90тите родендени славевме дома, со кифлички и обичен ордевер, проста торта колку да се пее и дуваат свеќи, музика од радио или касета некоја од златно славејче. Сеа глеаме да ги угостиме родителите, плаќаме за игротеки и ресторани, нудиме секакви ордевери и сендвичи и пици и бургери, зимаме торти мало богатство, плаќаме аниматори и забавувачи, балони, украси, декорации... еден роденден се мисли, спрема и исплаќа долго време. Знам, кејф е, сакаме децата да ни доживеат интересни искуства, да се забавуваат и да се осетат посебно. Ама и порано со помалку ни беше екстра убаво. Зошто интересно ти било истовремено да се дружиш и со децата од маало кои ги гледаш секој ден и со роднините. Сите дошле за тебе. Моментот кога ти пеат и те гледаат како дуваш свеќи. Си се радувал на купот чоколади, и играчките макар си добил чипичан. Па после некој ден гледаш развиени слики од роденденот. Муабетов не ми е хејт, кој како сака нека си прави, ама ми станува too much, дури и кога ние идеме на нечиј роденден.
Ми текна нешто. Ама да се заангажираме стварно. Да почнеме да садиме дрвца. Прво дали смее кај сакаме да засадиме? Пошто ова не се трпи. Мора како они шо градат згради, ние така дрвца. Мене не ми е проблем да даам пари за неколку дрва и да зеам лопата у рака. Не се спие бе. Ве читам и овде, и луѓе шо се дружам, никој не спие. Мора да напраиме нешто луѓе. Секоја год ќе е сѐ полошо
Не е само да го засадиш дрвото.Треба и вода и ѓубриво да му се дотура. Мафијозине градоначалници немаат никаков ред за оддржување на зеленилото во општините.Од таму иде најголемиот проблем
@Feminka22 не знам како спијат некои, алал да им, ова ни клима не помага бе, треба 5 клими жими све. Се угушивме. Ај што е топло, туку спарно и тежок гаден воздух. Членот убаво вика, не е едноставно тоа, треба да се одржува, поединец или мала група шо ќе напраи? И сигурно би се замарал народов? Него, си ќути, си трпи ко што знае. А стотици души да се заангажираа, може би можело нешто ама.. Само, против урбаната мафија не можеш за жал. Никој не го ферма обичниот народ, они си тераат зацртаното.
Ќе дадам и за тоа. Само да се превземе нешто. Нит јадам нит ми се праи нешо. Ко билка сум. Вчера зимав мокри алишта од сушара ги ставав на мене. Ама не знам да не заебам бубрези. Вечер ќе зеам крпа мокра ќе стаам на главата. Абе сите. Затоа ви пишувам. 20-30 души да засадиме по 5-10 дрвца пак е нешто. На која орг да пишам? Му де потаѕ прстите ејјј ачпп
Сакам да заврни еден силен дожд и да стојам на него дури врни. Не толку ради времево да се изладам, колку ради и сите емоции. Ужасно ми треба нешто вакво.
Лек за оваа работа пивни си колку да те фати и ке видиш пак во игра ке бидеш редовна работа дремката ке то се врати
Кај мене у населба земја не остана ни кај да посадиш, све е бетон. Ако ми верујш, олкуцка ми иде да му идам на градоначалникот да се правам пуздер.