Не им се карајте на децата кога ќе направат некоја глупост. Тие се последица на вашата глупост. Виц е, кој го чув многу одамна, и не сум сигурна дека го разбрав, ама денес прави смисла. Не во таа конотација. Да не се некој нервира. Туку, секој ден гледам како родител го живее својот живот во кој не успеал, го форсира во детето свое. Како тоа не сакаш да играш фудбал? Ех камо јас да имав вакви родители да ми дадат ваква шанса! Биди благодарен! Ама тато јас сакам да одам на драма. Што?!?
Многу сум среќна.Конечно ја направив роденденската торта за која на мајка ми и зборам еден месец наназад и веќе една недела и викам побрзо да ја направиме.Многу вкусна ми испадна, што може да се забележи гледајќи ја мојата фаца која е целата со чоколадо од дршките од миксерот .Отидов кај мајка ми да ја прашам што уште треба да се направи околу тортата и ми се изнасмеа женава, јас па уште и викам не ми ја гледај косата сеа се сушев затоа таква ми е, а таа да ти се смеела поради мојата "маска за лице" . Добра ноќ девојки, се надевам дека имавте убав и исполнет викенд,каков што беше мојот и ви посакувам убав почеток на работната недела.
Радувајте се на онаа кое го имате секој ден до вас,веселете се,останете позитивни и дарувајте добрина затоа што по тоа ќе бидете запомнети од вашите најблиски. Најдобро е да те паметат како позитивен човек со голема насмевка отколку нон стоп да бидеш намуртен и лошо расположен. Не љубоморете,не завидувајте и никогаш не велете дека туѓото е подобро и поубаво од вашето. Сами направете нешто добро за вашето подобро утре,за да имате подобар и посреќен живот. И за крај сакав сликава да ја споделам со вас
Бабичке ти благодарам што на овој ден ми ја подари најдобрата и најпосебната личност на светот .. Среќен роденден мајка !
СКД Речиси да немам слушнато полошо прочитан/одглумен текст од рекламата против пиењето, кога на шмизлата за време на роденденската забава ѝ јавува некој инспектор дека дечко ѝ се сјебал во сообраќајка бидејќи по природа бил пијаничиште живо. Актерот што го чита текстот на инспекторот да не е некој од оние „талентираните„ синхронизатори на турските серии? Ужас!!!
Ви текнува на оние лоши гуми што наместо да бришат, уште толку ги замачкуваат тетратките? Е па во животот така завршуваат некои обиди да се поправи грешката - уште толку се влошува ситуацијата. Затоа некогаш подобро е работите да се остават такви какви што се. Никому животот не му е перфектно средена тетратка без ниедна грешка.
Го очекувам последниот шамар од животот. После него ке сме квит. Ако мислиш дека откако ќе му заебиш живот на некого и после тоа ќе можеш да си продолжиш со животот, гадно си се заебал самиот. Ќе те мачи животот, туѓите солзи, клетви, болки, ќе се мачиш самиот... Ете како сега јас, каде да бегам, каде и да одам, секогаш е исто, долгот си е долг, треба да се доплати. Без оглед на тоа колку се каам и без оглед на тоа што би дала милион животи да не ја направев таа грешка. Една личност кога се сака, се сака со сите мани, доблести, со сите позитивни и негативни работи. Се прифаќа со се минато, со се сегашност и со се иднина. Кога сакаш некој си покрај него, се бориш со него, градиш нешто со него. Не те спречува тоа што другите мислат или ќе кажат за него. Ако разумот ти вели едно, а `срцето` друго, според мене тоа и не е некоја љубов. Љубов не е кога се двоумиш дали да си со некого и зошто да останиш со некого. Љубов е кога те боли срцето, те боли душата во моментот кога сфаќаш дека еден ден ќе те остави, ама сепак си покрај него зошто ете постои тоа зрак надеж дека срцето ќе победи, дека ќе остани. Иако длабоко во себе знаеш, тонеш, се убиваш и голташ тешки кнедли и се насмевнуваш кога ќе каже дека не е сигурен уште во врската, знаеш дека разумот ќе му победи. Затоа убаво рекле дека не се гради среќа врз туѓа несреќа... Мислам дека виното и дијазепамот не се многу добра комбинација. На крај колку и да бегаш, од самиот себе не можеш да избегаш
Не знам зошто, ама ова време ептен ме фаќа криза за јадење. А ко за инат, цел ден уста не ми се отвара. И баш сега се погоди... И ама баш секогаш ми се јаде нешто што во моментот нема или па не ми се допаѓа тоа што има, па морам сама да правам нешто и да осмислувам нови рецепти. Мене, искрено ме радува тоа што ми се отвара апетитот, бидејќи очајно пробувам да качам некое кило, ама пуста мрза не ме пушта да станам и да си каснам како човек. Па после да си се напијам чајче и да заспијам како бебе. Ќе ме фати 5 часот додека ги извршам сите ритуали. Сеедно. Заминав да спржнам нешто...
Утрово ги фатив сите семафори на зелено, убав понеделнички почеток, вишок позитивна енергија, чувство на исполнетост и некоја неочекувана радост за сонцето на ладно време. Дојде периодот на замаглена шофершајбна,шаренило од окер и кафеави нијанси по улиците, долг ракав, марама и грст алки, тешка бижутерија, коса врзана во висок кок, очила за сонце, голема шоља турско кое го срцкам од почетокот до крајот на работното време, во меѓувреме чај од јаболка и цимет, додека во позадина се слуша целиот албум од Enya,потпевнувам на позната мелодија...кога секој ден би бил ваков, ќе доживеам нирвана. Љубопитните погледи на колешките рекла-казала, ги честам со по една широка насмевка. Ништо не може да ми ја уништи денешнава магија што без некоја јасна причина ми го растреперува секој дел од телото. Чувствувам задоволство, како кога мало дете ќе научи за првпат да врзува врвки на кондури. Обично необична еуфорија. Кога би можела на сите да ви пратам рој од моите пеперутки,заедно да го гледаме светот со поинакви очи, па макар само денеска...
Сдк, јас го фатив денов Што тој мене да ме фати, е за инат ми ќефна ќе шетам и по гаќи Спојлер Сама дома, а нигде скриени погледи од неког балкона :geek: За сите вредни, позитивни, помалку откачени, и за оние кои знаат што сакаа, и на ситни нешта да се радуваат. Зграпчи го денот не мрчи, развлечи насмевка, откачи, јер живот не е интересен кад си стално Озбилен :geek:
Денес е многу тешко умешно да се снајдеме во секојдневието и да се справиме со сите предизвици што не препречуваат во остварување на целите и што не ни дозволуваат да бидеме целосно опуштени и среќни. Секој ден сме исправени на крстопатот помеѓу изборот на ситуации, емоции, желби, одлуки, патишта. Секогаш е прашањето „каде да одиме, по кој пат да тргнеме?!“ Дали да одиме лево, дали да погледнеме десно или пак да ги запреме чекорите… Умешноста на живеењето претставува мудро живеење, да умееме да донесуваме правилни одлуки во право време. Мудроста е способност да мислиме и делуваме употребувајќи знаење, искуство, разбирање и свесност.Тоа е карактеристика која ни овозможува да ги направиме работите со најголемо ниво на прецизност, и тоа во секои услови и со ист елан, она што го сакаме, но и она што не го сакаме. Мудроста е баланс меѓу срцето и умот што не е поврзан со годините, туку вештина што се развива низ сопствениот фокус на нештата и игра во која се вклучени сите можни опции за победа. Мудроста е будна интуиција и кога сонуваме... П.С.Да ги познаваме другите е опасна мудрост, а да се познаваме сами себе си е врвна мудрост.
Секогаш во животот најпрво ги учам комплицираните работи па после со едноставните неможам да се снајдам , на пример со телефоните на поедноставните неможам да се знајдам ,исто така и со работата секогаш ја работам покомплицираната,па исто со јадењето морам да го искомплицирам да не биде едноставно,незнам можеби јас сум комплицирана личнот
Ептен ми е мерак кога ќе видам млад татко како го носи своето дете во кенгур а малово насмеано прета со рачиња и ножиња Добра сум јас, фала на прашање
Паковање на летната гардероба и вадење на есенската.Си ги обожавам есенските џемперчина,фустани,чизми.Толку топли комбинации и бои.Во минатото есента беше таа која ме туркаше во депресија,сега ме радува најмногу.Дожд,жолти лисје,мирис на свежина....Ја сакам,ме исполнува,уживам во есента.Душата ми е некако исполнета...дали тоа го прави есента или луѓето околу мене....Господ ми дал се што сакам.Љубовта на мојот живот,едно мало срценце,мали рачина,искрена насмевка и зборовите те сакам тето ...прекрасно семејство,топол дом,мирис на оганче.Фала ти Господи за сите убавини кои ме опкружуваат.
И јас добра иако не ме прашавте Не често прашувам. Е ајде де што чекаш ко жените пред зграда, ти кога ќе се мажиш, имаш дечко, а дете од која фамилија е од царска де. Гледај дејче да нема свекрва, пуста свекрива сегде нос меша Впушти се во работа и наполни кенгурот на таткото нек се радува. Ептен мерак некој на мекици да ме викне Извињавам се што се мешам у штипки. Мајке ми само понекад
Уште што може да ме изнервира денес? Покрај другите работи, па и кога се враќав накај дома се изнервирав. Јас разбирам, чекате автобус, треба што побрзо да си одите, ама барем малку култура. Никој не се помести за да поминат луѓето, ама баш никој. Некултурни .
...тешко е кога треба да одлучиш дали да ставиш точка или да продолжиш понатаму,дали да кажеш готово, крај,ние завршивме или да продолжиш да живееш со надеж дека еден ден пак ќе биде се океј. И како и да одлучиш се појавуваат нови и нови прашања,а одговор нема .. само останува да чекаш и да видиш што ќе се случува. Имајте пријатно попладне,отидов јас да се наспијам.