Еве на пример дека вие во странство се борете за децата. Ние овде децата на пато сами ги оставаме инаку. Љуборомна што живеете во Германија. Леле леле
Ја не знам, ама мене ми е срам и непријатно да му речам СРЦЕ, на дечкото од другарка ми. Вие си знаете сами
Ама има право она шо се лути. Не смееш тука така. Не смееш ни 1 мин детето само во кола да го остајш. Многу е строго. Пред некој ден 10 полицајци видов околу еден човек, мислиш убиец е, а он папагал носеше во голема пластична кутија. И тоа не смее. А не па за деца.
И не враќаат на пораки, као извини рибо (со чест на исклучоци!). Него, ја загледав ептен Cobra Kai и толку, ме снемува. Од 2018 е излезена, тек сега ја дознав.
Па има врска. Во Мк нема ни закон ни ништо за такви работи, и да има, никој не го практикува. И постот на членката е баш ок, не се мисли за тебе или стрикно за некој од тука, туку сакаше да каже дека жените шо живеат со свекрви баш и немаат избор и неможат да се изборат за воспитувањето на децата. Мајката вика едно, свекрвата друго. Мажот во друг свет живее. За жал, така е кај повеќето македонски семејства кои живеат со свекор и свекрва. И не зборам за сите, да не ме сфатиш погрешно.
За кое странство збореш? Родители си ги убиваат, силуваат и држат во заробништво сопствените деца. Има закони и што дека? Ајде молим те не прикажувај дека е толку розево таму и самите знаете колку мигранти има, силувања, убиства. Ама битно закони има,ха. Роднина што е цел живот во Лондон се пресели во помал град оти таму не е безбедно за нејзиното дете. Како вие се борете таму за вашите деца? И не разбрав каква врска има меѓу законите и воспитувањето. Или побитно е да се умешат баби и жаби и да се направе паметен као вие живеете со свекрва, а ние живееме во Германија, хе хе.
Јас ти викам дека законот за деца тука е многу строг. Па ти шо сакаш мисли. Од една тема ја направи сосем друга. Од свекрва и свекор ја претвори во животот во странство. Освен инает, друго не гледам во твоите цитати.
Законите вие ги спомнавте прво. Ти ја донесе темата до тука. Јас не ни спомнав свекрва, ако некаде ме прочита во другата тема цитирај ме слободно. И немој молим те да прикажуваш дека е толку розево таму. Не за џабе се жалевте во една тема, не можам да тражам сега, на работа сум.
Не е розево никаде нити пак се обидувам да ти прикажам дека е розево тука, туку сакам да ти кажам дека не смееш деца да оставаш сами дома. За тие 5-10 мин шо ги оставил свекорот дома, децата можеле беља да напраат и да се викне полиција. И после следува одземање на децата. Значи стравот на членката е сосем оправдан. И незнам зошто цела вина на неа се префрлува. Маж и е крив шо неможе уста да отвори пред неговите и да им каже. Модераторите нека ги префрлат мислењата во другата тема.
Целата дискусија ми беше дека ние не сме се бориле за нас и нашите деца . Ако таа се толку боре за нејзините деца зошто ги оставила сами на дедото во кој нема доверба и го мразе? Точно е дека како што е мажот виновен никој друг не е. Нема дискусија тука.
Она не мислеше за тебе стрикно и за некоја од тука, туку општо за жените шо живеат со свекрва и свекор. И да, маж и е најголем виновник. Го имам преживеано истото и знам. Маж и требал да им каже како стојат работите во странство, а не она.
А јас не ни мислам дека она мислеше за мене. Точно дека живеам во иста куќа со свекор ми и свекрва ми и во ништо од тоа што она го пиша не се пронајдов. Не знам како не сфаќате дека не се сите фамилии такви какви што вие си замислувате, дека постојат нормални фамилии со нормални свекор и свекрва. Нашиот однос си е супер, ама за тоа му благодарам на маж ми што никогаш не ме стави пред нив и уште на почеток им постави граници. Да не продолжам за мене да зборувам, ќе испадне лажам
Па затоа ти пишав дека не се сите исти. И тоа шо твојата не е таква, не значи дека некоја друга жена измислува дека е таква нејзината фамилија. Ти викам, истото го иам преживеано со свекор, се лом праеше, не еднаш или 4-5 пати, туку нонстоп, и да ти кажам дека стварно не се трпи. Такви луѓе не се за дома. Научени се на дивјачки живот и тоа е тоа, неможеш да ги промениш. Па и ако немаш подршка од мажот, уште потешко е.
И те како е успех и храброст да го спаковаш цел живот во еден куфер и да започниш нов живот во туѓа држава, да учиш нов јазик и да се прилагодиш на нивната култура. Кога од нула ќе створиш нешто и никој друг не е заслужен за твоето достигнување освен твојата храброст и труд, нема право никој да ти се меша во ништо.
Материјалното и местото на живот никогаш не биле репер за успех.Она што го живееш внатрешно во 4 ѕида и колку спокојство ти носи истото…е тоа е успех.
Не се отселуваат сите поради финансии, јас барем не. И таму и тука имам и имав за комотен живот. Воопшто не гледам на луѓето во МК како сиротињи. Сироти ми се вакви потценувачки постови. Инаку погоре се е доловено. Апстрактно е да кажеш само дека е успех да се преселиш во Германија. Зад тоа лежат милион предизвици за да стигнеш прво до дестинацијата, потоа да се прилагодиш, па да создадеш нешто од 0. Успехот е релативен, за тебе преселбата не е, но со оглед дека секогаш мечтаев да си одам од МК, за мене е исполнета една од најважните цели во животот. Тоа за мене е огромен успех.
... Ми фалат темите Инста блогерки и Македонските јавни фаци. Не е фер што ги затворија, сеа нема кај да се дискутира за новиот рил на Спенџо.