Не, ти очигледно не сваќаш дека постојат фамилии кои не живеат нормален живот како твојот, па првата помисла ти беше дека членката лаже... Па како смеела и да спомне дека живее у странство, па уште и куќа и работа имала, мајката. Сакала на нос да ви го стави, да цркнете од љубомора, а не за да ви долови дека тука У СТРАНСТВО забрането е деца сами дома да седат... Да пишеше сељанкиве од форумов странство што живеат зборат демек ние децата не си ги чуваме и не се бориме за нив, ќе беше све у ред... Али не, ти само тоа свати, сакала љубоморна да и бидеш, оти живеела странство... Па уште и у СДК пост заслужи, па опрадувања демек совршен живот имам, па и потврда од познаници и пријатели уште, па па па. Свака част.
Па океј де. Што толку боде очи кој што смета за успех и што па тебе ти е гајле за туѓи успеси и како некој гледа на нив. Ме заболе мене што ти и остали мислите и дробите за успех некои дефиниции кои по некој ваш дифолт некој МОРА ДА ГИ ПРИФАТИ инакѕ НЕ ЧИНИ ЛОШ Е И ЗЛОБЕН. Живеј како сакаш и не мудрувај за други. Најјако е што повеќето ќе се фатите за странство вие на високи позиции во МКД пола со врски фатени.
Ептен ти е опсесија таа членка, сиг сум дека некаде ужива и не се замара со вас додека вие се утепувате спомнувајќи ја. За секоја наредна што ќе се зачлени овде е некоја стара членка по дифолт. Еве да си помуабетиме
А бе се запишував со една колешка... Си дојде од работа? , ми вели. ( саат 22 и 30). Јас-Да И прајме муабет нешто, дешавки. И го оставив моб на маса. И гледам ми пишала, дали сум дома? Wtf? Жена, саат е 12 и пол, уствар тогаш беше 23 и 30, што по богу те интересира дали сум дома... Не знам што им е на луѓево... Глеј си таму мажот, детето... И ја стаив на игнор. Ќе стои до сабалје.
Луѓе бе, зашо не се лечите на време? Може и би ви се подобрила состојбата ако се обидете, од кај знаете. Сега веќе касно е, отишол возот. Вие недијагностицирани и забегани до максимум, ама што сме должни ние другите да ви ги трпиме испадите? Кај болни, уште и злобни и себични. Секој ебан ден да се запрепастува чоек од постапките на некои створења. Крај нема ова лудило туку зема замав и така до бескрај. Еве не знам што е следно, на изненадувањата им нема крај. Не сте бре ни за жалење више гревови едни скапани маме ви ебам ваше, шо сте се родиле уопште вакви, онака арни ни за себе ни за останатите сте.
Ќе си трпиш и ќутиш ако живееш во куќа на свекрвата (т.е. од нејзиниот свекор), ама ако дојдат свекорот и свекрвата на гости кај снаата и синот, и што и направиле лом, членката претерувала што се фатила за материјалните работи, па се пишувало лаВабо, е добро де како никој до сега да не згрешил во пишување. Аха, и што има врска ако и испрскале со зејтин, голема работа. Снашката ќе си рмба и ќе си купи ново лавабо. Пари се печалат.
А замисли да им праваат штета,а да немат или да треба да влегуваат во минус да земаат кредити за да го поправаат нештото што е оштетено,ама не е важно, за кејф од мајка и татко на мажот и камења ќе јадеме ако треба ама ќе ќутиме оти нели емоционални се многу родителите на мажот.Баш пред некое време зборев со другарка живее и работи во Скопје ама мажот по потекло е од внатрешноста,ми вика плачки,молења,умирања аман секој викенд идете со нас да го поминувате оти не можеме без синот,и овие Петок попладне гужва и ќе возат 4-5 саати да стигнат во градов од кај што е мажот.Ај вика месец,два па и година ама ми се смачи,колава на трева не оди пари куп за бензин фрламе,а пак кога се земавме за прв Бадник не викна в село од кај што бил свекоров, и да не бидам лоша од почеток,да не речат не ги сакам,го делам син им ај реков ќе отидеме,селото на тешко пристапен терен воопшто не беше исчистено,снег имаше таа година и ни зализга колава патот тесен и со дрва од по страните и летнавме во ендек напред едната страна цела лом беше,викнавме влечна служба,нас не ни беше ништо среќа а овие гајле си нема, на крај не е битна колата битни се родителите,железо е тоа,се купува, родителот е еден.Демек чест да направиме ама штета почна да ни се прави,плус со плати минимални и стамбен кредит.Па таа колата некој треба да и плати поправка,бензинот секоја недела што се троши не им го даваат на бензинска бесплатно.На крај другарката се разведе,ај викендот секоја ден после работа да тера со стариве муабет по саат време ако не плачење ќе има не ги сакала снаата што згрешиле,па јавувале де кај неа ако не крене таа кај синот.Ајде да згреши еднаш добро сите правиме грешки ама цела куќа да ја направаат лом тоа е веќе како намерно да праваат така за инает.Јас еве не сум мажена,живеам сама во стан,кај мајка ми,татко ми и сестра ми одам како гостин не чепкам никаде,ни пак таа кај мене како кога ќе одам кај другарка,роднина подалечна така се однесувам.Ако направам некаде штета ќе се изедам и ќе им речам дајте луѓе да ја платам штетата,некој се мачел да го створи јас да изигравам газда на нешто што не е мое.
Исто и нас не тераа да одиме секој викенд таму, како колата на вода да оди, па плачки зошто седиме во Скопје, да сме се вратиле таму, изгледа досадно им е, нема кого да нервираат. И нема што да оштетуваат нешто што сме го купиле со пот, денес е лавабото, утре нешто друго, и многу ме нервира реченицата "што се фатила за материјалното, пари се печалат". Сега не може да ни трае било што со години, ни кујна, ни гарнитура, нормално ќе смениме после неколку години, ама зошто ако купила лавабо пред месец-два некој да и го уништи и при ново да треба пак да купува, со тие пари на децата ќе им купи нешто, не знам како вака размислуваат, па и децата ако направат нешто, ќе ги искараат дека не е убаво така, не овој возрасен човек ќе се налутел, аууу, и со нејзините родители да било така сигурно ќе им кажела, а не овој страв му било да им каже. На оваа скапотија ќе купува нови работи зошто некој и ги уништил. Тие биле гости и така требало да се однесуваат, кога одиме на гости не фаќаме работи што не се наши. А за децата сам кажал дека ќе ги чува, зар тие другите месеци кој ги чувал, сигурно оделе во училиште/градинка.
Понекогаш е тешко човек да поверува за какви небитни работи се замараме. Погоре цели страници и тука и во темата за свекрвите се изнапишувавте за едно оштетено лавабо. Па да се плукнам во него, има ли побитни теми за муабет??? До тоа ли ви дојде да го дискутирате? Одете видете, прошетајте малце, посветете време на децата, на здравјето. Еве баш сега случајно видов за една млада девојка која отишла во Словенија за подобар живот и доживеала мозочен удар за нецели два месеци. Од нигде никаде те удира и ти се менува цел живот и тебе и на најмилите. Оттогаш се по болници. Зошто тогаш би го трошела животот за кавги, за расправии, за тоа кој е подобар на работа, за да угодам на некој? Малце здраво за готово ни е земено здравјето. И физичкото и менталното. Колку вода имате испиено од сабајле ајде пишете да слушнам. Или кога последен пат вежбавте? Кога последно искрено се насмеавте од душа? Кога уживавте во испиено кафе без да мислите на обврски? Малце relax во животот треба и ова сите треба да го разбереме, за понормално да живееме. Праќам прегратки
Ќе помислиш дека си нашол еден асален приватен гинеколог и на следен преглед ќе те изнапраша све до ситница. Ама не "такви" прашања. Него кај работиш, зашто си сменил работно место, дали си задоволен со плата, со кого живееш, твоите што работат, дечко ти што работи, кога планирате да се земете... Абе поарно прашај ме у која поза се онадам, позгодно ќе ми е да ти одговорам.
Може да се каже дека сега гинекологот ти ја знае цела интима, буквално, и фугуративно. Ок. Сам ќе се испратам
Фобија е дијагноза. Може не сме стручни да ја препознаеме кај себе или другите ама посета на стручно лице ќе им помогне на фобичните и преплашени луѓенца.