Есенско сонце со заби како кобила,ајварче за доручек во 2 попладне,седење на Пц со триста ќебиња на себе,и гледање Марјан Георгиевски Есенска идила. Да ве поздравам: http://www.youtube.com/watch?v=QS67mhmaR4M
Колку е убаво надвор,какво е небово чисто,без ниеден облак,убајни сонце грее,а ич не е топло,ја обожувам есента дефинитивно,не за џабе наесен сум роденааа
Денов е перкфектен. Со работа завршена прва смена, цело попладне слободно. Време за џогинг, време за средување нокти, време за гледање филм и готвење некој тест-рецепт за вечера. Значи многу многу мноооогу ми убаво кога завршувам во 14h со работа. А па времево што е перфектно...мммм... милина. Ќе се преселам на стаза Уште поубаво е што цела недела ќе е вакво. Ќе си се изнатрчам. Е ова сакав да кажам: на крај на месец без плата, иам само 500-че у мене ама релаксирана сум бре луѓееее И циклус ми заврши Врло битно! Светот е розев Сите ве сакам
Денов е супер. Цел ден натака навака. Ама забележувам дека ова со копирањево више преминува во болест. Ејј девојчее, освести се. Јас сум јас, никогаш нема да бидеш ЈАС!
Низ грлово се уште не ми протече оној топол напиток со вкус на лимон,со многу јагода и ванила,цимет за најсудените денови.Го чувам за постудени денови,небаре така повеќе ќе уживам во неговиот раскош од мириси,вкус и топлина. А во срцево рој пеперутки. Шаренила. Се уште на хоризонтот се протега зелената боја,која полека попушта под датумите од календарот. Можам да ја почувствувам желбата на марамите да се најдат околу мојот врат да мирисаат на есен. За есенскиве денови си понесов спомени од летото,за да ме греат како црвените чорапчиња на кои има снегулки.Есента изобилува со безброј мириси,се вгнездува под џемперите.Си ја носиш. Инспирацијата се раѓа на пероните и преполните градски автобуси наутро. Приказни се раѓаат. Љубам бесконечно,како кафеавата боја во есента. Како есенските дождови. Љубам со секоја нота од срцево. Ткаам есенски стихови,и пеам со есента долго во ноќите,дишам со нејзиниот ритам. Ви дарувам љубов. Слушнете ги стиговите на оваа доба од годината,ветрот со шумот на лисјата и вам ќе ви ги донесе.
Само што замислив штикла која што цица. Ме нервира и мене кога ги викаат „бебиња’’,камо да почнат да им се какаат и да им плачат,па да бидат во право
Верувам дека овој период ќе ми биде најубав од цела година. Времето ме занесува, ми дава некој мир и спокојство. Студенилото дејствува смирувачки врз мене. Овој ден ланската година беше еден од најубавите денови во мојот тогашен живот. Ништо нема да се врати, ништо нема да ги врати тие луѓе во мојот живот, а на моменти толку ми фалат. Ми фалат нивните шали, сериозни разговори, дружбата. Боли помислата на тој ден. Веќе од утредента почна хаосот, кавгите, тешките зборови. Почнав да одам по надолна линија. Немав ништо, а имав се. Сега имам се, а немам ништо... Ми останаа само спомените како трнлива роза, и тие венат полека. Успеав да преболам се, морав да продолжам, така ми наложи животот. Имајте убав ден.
Неделава ми започна ептен промашено Прво пошто синоќа заглавив на форумов немав време да си ја средам косава па уште сабајлечки сите ми се насмевнува нели пошто изгледав ко да сум лав со грива испаднат од реклама за Шаума шампон работните задачи што ни ги доделија за денес не ги завршивме како што треба со колегите иако навистина се трудевме цела среќа што директорката имаше разбирање за сите нас па кога не повика во канцеларија рече што вие денес на сите што сте изгубени или ве мами сонцето на кафе па брзавте да средите и да киднете Имајте убав ден феминки
Сите работи ги средивте на форумот, остана уште мислењето на Нана да го префрлите во Што би му кажале Некои луѓе совршено се вклопуваат само во одреден дел од вашиот живот, од вашиот карактер. Како парче облека кое се носи само во посебни прилики. Не го форсирајте, не е за во град, не е за на пазар, смешно ќе е. Бирајте време и место за да филингот биде комплетен.
Денес дознав дека еден школски има тумор на мозокот. За 15 дена ќе оди на операција во странство. Сепак, и покрај се вели дека ако не успее операцијата немало да можел да дрибла и да шутира. И се смее. Не можам да верувам како успева. Свесен дека има толку тешка болест, сепак се шегува и се смее. Тоа е издржливост. И покрај се, и под секакви околности, да се смееш и да шириш позитивна енергија. Се надевам дека ќе оздрави, многу се надевам. Иако отсекогаш ме нервирал, слаб ученик е, само сака да игра фудбал, сепак силно ќе се надевам дека ќе преживее и дека нема да има никакви последици. Не знам што да кажам. Да не даде Господ на никој.
СДК одам да и ја средам облеката, да си извадам нешто есенско, да ги кренам летните работички што веќе не се носат, и успат ќе пијам кафенцеееее. Фино се чувствувам!
Јужни мориња, чувајте ми место на вашиот брег Значи климава е кучка, не е фер бе само три месеци да уживаш во топлина и убавини, а 9 месеци да се туткаш и да не можеш да мрднеш од затоплените одаи без да се тресеш помалку или повеќе (зависи кој месец е)... па не е фер... Уште не знам дали ви текнува кога бевме деца како не лажеа, Македонија имала најблагопријатна клима, ахам, Сибир е*ате. Уствари да си од Сибир ќе се навикнеш на ладното, не знаеш за подобро и ќе си живееш така, овде за еден месец радикални промени, да си пукне човек, што од мака, што од студ
СДК дека уште некоја година и на фејсбук ќе има статуси: Бремена сум, *Лајк - да го родам бебето *Коментар - да го абортирам *Сподели - ако мислиш дека си таткото. Па и тоа се очекува де.. ~Инаку, пак јас со моето ново потсетување...Утре - Вторник. Ех што убаво ќе ни биде на нас патниците, се младинци по улициве..
Почна новиот семестар,полн со предизвици.Некако ми фалеше факулететов,па се изнаседов дома веќе, се положено,малце и монотоно,но сепак убаво чувство.Сега некако поактивно почнавме уште прв ден предавања,вежби,но и тоа ми беше слатко.Едноставно ја сакам професијата.Сакам се што е поврзано со деца,и се трудам максимално да се посветам,затоа што јас тоа го можам и кога ми е најтешко.Мотивирачки пост Понекогаш се чудам од каде ми е сета енергија,како успевам после се да бидам толку јака?И тоа е добро.Значи сум борец.Патем и помогнав на една женичка која многу луѓе ја избегнаа.Јас тоа го направив од срце и горда сум поради тоа.И исполнета.По подолго време се чувствувам вака,се надевам тоа е добар знак за нов почеток.Одново и одново,се додека биде потребно