Мене ова ми се случи до еко логистик. Трауматично искуство. Има повеќе искуства пишувани во темата за доставувачи или онлајн нарачки
Колку биле злобни луѓево.Се сум видел, ама да му збориш на човек лошо за тоа што му оди добро и да го тераш да се откаже од работата, начинот на живот, тоа е болно. Да гледаш како му оди на некој и да му ја извртуваш реалната слика како да е нереална, треба под итно на психијатар да си одат таквите.Толку љубомора, завист во такви луѓе.Утре деца ќе имаат, така ли ќе ги научат?
Чистам со надеж дека ќе ми биде чисто повеќе од 15 минути. Ама не е. Ќе треба да почекам уште некоја година, а до тогаш какво е такво е.
Денеска и е роденден на тетка ми. Среќен нека ти е роденденот и се најубаво, да те следи среќа, здравје и пари. Имаше период кога можевме да станиме најголеми непријатели, но и двајцата поработивме на тоа и го ценам сето тоа.
Сакам да кажам дека денеска во 16:00 не сакам да им бидам во кожата на американците. Какво крвопролевање ќе има каков удар врз економијата каков банк ран каква хиперинфлација незнам дали и пуштањето на принтерот ќе ги извади. Каква криза ќе имаме сите нека ни е господ на помош.
Колку ќе вложиш во себе, толку ќе добиеш - уште еден потсетник дека вежбањето е скоро сето здравје, поготово на постари години. Ако нешто слушаш неделава, ислушај ја епизодава: https://open.spotify.com/episode/1WIP0P7NUyDRIkWC5IBOJs?si=G0Gi57-xT8qOVlh8mBMiCQ
За жал најголем дел од карго компаниите имаат ваква навика. Некогаш услугата им се разликува и од град до град… Од иста компанија, во еден град супер услуга, во друг катастрофа итн. Не дај боже да си на работа, да се тушираш или сл. не чекаат ни 5мин. Треба со пена на глава да трчаш надвор за да ја подигниш пратката…
Ова со каргото ужас е. Секогаш кога ќе ми се јават ми викаат "ајде за 2-3 минути сум таму", среќа се погодило да сум тука или да не сум зафатена со нешто. Еднаш така само што ќе влегував да се туширам ѕвони телефонот тука бил за 2 минути, па ајде трчај ти ако немаш друга работа. После ќе се жалат не се подигнувале пратки.
Претераа со автобусиве значи! Никогаш неможе да биде се во ред со ЈСП. Или нема возачи,или се расипани врати или нешто слично,значи што држава ќе бевме...
Мислам дека од тука некој го имаше препорачано Тапшанов како супер - квалитетен травел инстаграмџија од Македонија. И фала на препораката, навистина е врв човекот, заедно со сопругата Едит. И неа ја заследив, фасциниран сум колку добро зборува македонски јазик, а е Унгарка. Течно зборува два од веројатно петте најтешки јазици во Европа. Секоја чест! Последно има објавено некој рил со рецепт, и не знам што ме натера да отворам коментари. Добро, толку ли сме несреќен народ? Или живееме во некоја симулација? Простата раја и' се стегнала и ја руга зошто во рецептот вели грчки јогурт дека користи. Па овие ко пијавици, зошто грчки, имало само македонски, морало да се спомне грчки, и слично. На првиот коментар се насмеав, реков зафрканција, кога десетина такви неизживеани за истото се фатиле. Зошто грчки јогурт, а не македонски! Е многу сме прости и несреќни.
Како човек што не се пронаоѓа целосно во ниедна религија, мило ми е што ментално и духовно се развив до ниво на прифаќање на туѓите верување без да ме вреѓаат туѓите мислења и коментирања за моите, и уште побитно, без да барам валидација од другите дали размислувам, се осеќам и верувам "правилно". Пошо кога со некој се напрегаш да се докажеш дека ти ги имаш точните одговори за него и си убеден дека знаеш како тој некој живее повеќе од тој самиот што си го живее животот свој, тогаш само лечиш лични фрустрации и на еден начин, сам себе не се прифаќаш дека размислуваш на различен начин, па имаш потреба сите да размислуваат на ист начин за да се осигураш дека така е "правилно" да размислуваш. На крајот од денот, ако некој е среќен со својот избор, кој кур тебе ти е гајле во што верува, сè додека не повредува друг?
Bebe Rexha дојде во Македонија, дотури масло на веќе вжештените меѓуетнички тензии, и си се врати безбедно во својот удобен дом, преку океанот, во Њујорк, каде што впрочем и е родена. Зошто бе вакви работи...
А ова? Зошто морало да се ставе НАЦИОНАЛНОСТ на јогуртот? Тугоо. Проста раја. Значи дефинитивно нам соц.мрежи ни служат да си ја покажуваме простоќата и глупоќата
Типкава проста реченица не склопила ко шо треба ќе кажува за унгарка колку знае македонски ... Зини земјо...
Има луѓе што не знаат дека јогурт во Грција и јогурт во Македонија се скроз различни производи. Грчкиот јогурт е нешто измеѓу наша павлака и кисело млеко. Македонски јогурт да користела бе . Подобро да ѝ речеа хопла да користи. Настрана тоа, овие што не знаат што е грчки јогурт најгласни се кога е национализам во прашање.
Зашо ставаат стварно точка некои после секој збор? Неписменост е до тој степен или тастатурата ги дупи? Имам така приметено поише, постарите најчесто нормално. Па и љушпа не се викало.. Ја викам љушпа, така ми се сака.
Му викам на претпоставениот многу обврски имам, напорно ми е, и он ми вика префрли ми на мене слободно, што можеш сама, другото асегнирај ги тасковите до мене, не се мисли.