И од мене имаш коментар а ја кога коментирам обично ја нервирам адидас и таа коментира значи најмалку кавга од 20 коментари ќе имаш.
У германија пред да умриш аналгин ти дават Така да нема лек шо може да ти го дадат таму а да издрже нервоза од мене
Колку само небитни работи како технологијата, поточно телефоните, таблети, и апликациите ни прават дистракција да изгубиме фокус и да не одведат по лош пат за кој ќе не чини кариера. Голема дисциплина е потребна за потфат да не се изгуби фокусот и да се биде успешен во ова време. Најголемата иронија е што ги следиме и им коментираме на некои инфлуенсери кои ништо не ни носат во животот позитивно и ништо не учиме ново од нив.Тоа потрошено време на нив можеби ќе ни сменело во нашиот живот нешто...
Ех колку ми останале со по ич мислења. Прати ми во ЛП чим отвориш ќе пишам мислење за да влези во активни, толку треба за тема на дојди на "радарот" на поќе луѓе. Едно мислење плус од воведното.
Или можеш да си пишеш мислење сам. Иначе ако стварно сакам да отворам сум отварала, па и да стои без мислења шо. И, сеа ме потсети колку и јас имам за отварање, треба да земам да ги запишувам. Само шо ме мрзи да спремам воведи. Ако ништо друго нема да бидеш сама, ја ќе те дружам со (празни) новоотворени теми. Прво да прашам само, колку е максимумот за да си добиеш бан?
СДК возачи на електрични тротинет барем извадете цвикерите можи во очи ќе ви прочитаме дека планирате да свртите. Ако немате слушнато до сеа кога вртите треба да покажете со рака ! Не јас цел ден да се тресам дека можев на хауба да те качам за малку
И ја исто, со разлика шо ја не сум претерано за обавештавање и "кмичење" if you will за тоа по "социјални мрежи" со години и години...
Не се само тие виновни туку и другиве со коливе. Еве јас возам и кола и тротинет. Пред 1 месец си идам за дома од тренинг со тротинетот. Возам во крајна десна лента скроз (патеката за точаци со паркирани возила). Наближувам до една улица (од моја десна страна) за да влезиш во улицава мора да преминиш во мојава десна лента. И еден 50-60 годишен со Ауди А5-ка од левава лента зголеме на туража и директно од лева лента во мојава и за да сврти десно во улицава а јас си возам за право, ќе ме турнеше за 1 метро. Застанав му одам и му викам излези од кола, не излегува, викам дали си нормален, кај ти се очите? Ми крева рака ко демек извини. Абе шо извини, требаше да се случи нешто? После по 3 дена пак исто, на мост беше само. Еден со Хјундаи И30-ка,тој семафор е краток 8 секунди, јас си возам за право и овај гас за да го фати семафорот и врти десно пред мене ми го пресече патот. Се удрив во задното крило кај резервоарот капачката, паднав со тротинетов и за 30см ќе ми ја згазеше левата нога со задното десно тркало. Господ ме чувал. Патиките ми се исцрнија од гумата дека ме допре готово да ме згази. Само виде на ретровизор слушна дека се удрив и си продолжи да вози. А пред 2 недели, петок вечер беше, во мојов Кам беше гужва, и си возам по патекава обележана за точаци, пред мене еден со Мерцедес С-Класа се качува од пешачки дека пониско беше тука и си застана пред маркет и на пешачка патека и на велосипедска, и сеа јас си возам ама намалив оти ми сметаше и таман наближив на еднаш ми ја отвори вратата и закочив. Вика, оп оп, извини. АБЕ ШО ИЗВИНИ!? Со вакви ич немам толеранција, ама ич, кој сака нека е. Се брзал, имал работа. Ти си тротинет ќе те заминам. За сообраќај не може никој со мене, возам кола, така да добро знам шо кажувам. Не значи дека тротинетот е спор или точак треба да му го пресечиш патот и престигниш. Ќе возиш по него додека не замини. А не на полна ме престигнува, забрзува за да фати семафор и ми излегува пред мене ми сечи пат а јас возам право. И ти велиш рака да се кревало за правец кога вртеле. Имаш возено тротинет? Не можеш рака да креваш, нее исто како на точак, рамнотежата е друга, ако го држиш со една рака одма те заносува на другата страна кај шо преовладува тежината. Треба да имаат вградено жмигавци ама ете немаат.
Е ова е тоа на што треба да се внимава. За жал мора некој да умре за да направат измени. Така и се случи. 33 годишна ја згази камион на ВЕЛОСИПЕТСКАТА ПАТЕКА. Да да, а замисли нацртано е со точок дека таму возат точоци и за жал мораше некој да умре за сега целата велосипетска патека да ја избојат во црвена боја за ШОФЕРИТЕ да НАУЧАТ дека таа патека е за точок, а не ти да го претицуваш и да вртиш нагло. На тоа место сега стојат цвеќиња и точокот , ептен жално. Не е секој за шофер. Ама кога има ПРОСТИ луѓе на кои мораш да им нацрташ и избоиш у боја, тоа е. Реков јас, од прости луѓе што сум сретнала у животот ќе станам глупа и јас. Трпение и објаснување , ко на дете мало да му објаснуваш кај треба да вози. Ќе гледам да поминам на улицата и да сликам па да ви покажам како е избоено се за да научат простите луѓе. Ептен жално, толкава широка улица , место има за сите и пак мораше некој да умре што си возел по велосипетската патека.
А ти сите шо ги наброја се со јаки коли ,извини по дифолт тие возат кај сакаат кога сакаат ! Не бе ,јас со корсиче едно сум си ,колку и да брзам вакви глупости не праам. Мајтап на страна. Еве денес точак возеше пред мене шо викаш си возам позади него ,вртеше човекот си крена рака ,застанав помина. Е после него братов со тротинет ,абе глава да завртеше да речев ќе врти братов да застанам. Не си гледа право и си врти лево. Немам возено ел. тротинет ,нема ни да возам бидејќи страшно ми изгледа ама вакво менување превец е опасно и за него и за луѓе ко мене да бев ко тој со хундаито немаше да ми е гајле ,нели А за тоа колку глупости се праат ,страшно е. После сообраќајки епа сообраќајки. Далеку од тоа дека не правам и јас грешки секој прави.
Каква црвена боја ,шајќи треба на ,,границата " измеѓу велосипедската и коловозот па нека се качат на велосипедска да видам ,страшно.
Све океј ама со тротинети најчесто возат по тротоари со огромни брзини, па ќе те собере зад грб пред да трепнеш. И ни ѕвонче ни бутур.
Градов е преполн со точоци, како во Холандија да сме, ете ти правилно си возела позади колку сака нека вози точокот бавно. Тука и трамваите што возат низ град ја намалуваат брзината на места каде возат велосипедисти. Оти има премногу коли паркирано по страните на улиците и дури и тие со точок се приморани да заобиколат и да се пуштат во сообраќајот буквално кај шините кај што возат трамваите И овие си намалуваат брзина, ако треба како мравка се движи по шините позади точокот. Лудница е во град каде 80 % се студенти, се е младо дојдено и мора да се припазува. Сте спомнале у муабет погоре за тротинети, ехееее ги има милиони низ град. Денес слободен ден, ај ќе облечам патките и ќе одам да ви сликам како е обележано тој дел. После ќе се вклучам на форум пак.