Како!?? Тој со Хјундаито забрза да го фати семафорот а беше зад мене 30 метра, јас возам право, ме стаса и излезе пред мене на раскрсница и сврти десно а јас право си возам и се удрив во задното крило. Задната гума и бандаж ги почуствував, да ми беше понапред ногата ќе ме згазеше, патиките лом ми се направија, црни катран. Ме виде дека паднав и си продолжи, ја летна уште побрзо. А имав и јас ваква ситуација, возам кола, требаше да вртам десно а пред мене имаше тротинет исто и тој за десно. Не го престигнав туку одев по него со 10-20км/ч. А можев и покрај него да поминам ама не поминав, може ќе се уплаши ќе падни. Еден со камион шлепер дека камиониве имаат воздушна свирка, еден стар со точак целиот се шантраше и овај ко свирна со камионов овај стариот со точакот се струпори на земја од страв, а камионов не му свиреше него ама во близина му беше и на еднаш како жолчка да ти пукни дека воздушна свирката, рипна од страв. Па и тоа не го оправдувам. И не само шо возат со 20-30км/ч туку и лавиринти возат, избегнуваат пешаци. Сите се виновни. Далеку сме ние од сообраќајна култура а и општа култура.
Како ми фали да сум на одмор од работава по дома и се да ми е таман, да си се будам без обврски, брзање, да уживам. Ах
Еве значи со слики да доловам шо ми беше муабетот. Низ строг центар велосипетските патеки се сите обоени со зелена боја и плус си има нацртано знаци за точок. Арно ама после трагедијата со девојчето, мораа со ЦРВЕНО да ја обојат цела патека баш кај тој дел
Пишал некој на оглас: "Продавам телевизор, во супер состојба, си работи се како што треба, тон има, само слика нема" Епа друже за што друго служи телевизорот ако слика нема? Ај стар да беше, миленце ќе можеше да ставиш, вака...
Тогаш треба за делови да го продава, а не дека е во супер состојба и се си работи како што треба. И после излегува дека ништо не работи како што треба.
Поздрав до сите шо мразат да ги замараат коа ќе се мужат или женат, знам дека ги има пуно и у живо, и на форумов. Спојлер П.С. Мене лично за чудо не ме тангираат, им вртам на заебанција или сарказам, нарочито коа 5 минути предходно ми сереле против мужот или жената, па ќе им падне глупо, и ќе си се уќутат.