Тоа Чесите... многу креативен народ... па позајмено од ссср... не знам има ли патент некој и кој Нема карање во новата тема @DS10 , ни оф топик , ни лево ни десно не смеело. А шо убаво ќе си муабетевме, ама ништо, Реалист мора посебна тема за млекото од кравите да отвори.
Вчера гледам еден пајак кај мене во соба, поприлично голем. Земав папучата да го тепам, ама некако беше меѓу касата на вратата и ѕидот, падна и ми избега под креветот. Си викам, ај, овој ќе умре, го повредив. И си лежам така на креветот, кога го гледам на другиот ѕид пред мене. Станав, ја земав папучата и на едно 30цм кога дојдов, пајаков буквално скокна и избега пак под кревет. Јас во живот такво нешто немам видено, пајак да те види, скокне, и бега. Го баталив и си легнав да спијам. Им кажувам на моите утрово, и од таму мајка ми ме слуша, кога почна жената... Да земиш се да исчистиш, кревет да тргнеш, да купиш инсектицид, дали си нормален така да спиеш, којзнае каков бил, бла бла... Во Струмица сега некој човек умрел од пајак. Може и овој смртоносен е. - Мамо, не е... И инсектицид не е за пајаци, туку за инсекти. Пајаците се членконоги... - Од кај знаеш дека не бил? Оти мислиш дека не е исектицид за пајаци? Ние дома имаме, не ги убива, ама ги успорува. Бла бла бла... Одма да го најдеш, живот ризикуваш!!! И еве сега Сабота сабајле, ја генералка правам дома и барам пајак 6 часа покасно.
Не му ја земај душата на пајакот Били Шо би рекол Ѓорги Колозов: Ништо нее создадено бадијала на земјата, се што е создадено е со некаква потреба, за некоја добрина. Така и пајакот е создаден за некоја добрина и потреба. А овие двајцата синови му викаат има некој бубачки кој се создадени за бадијала така, ко пајакот, да шета по куќи од ќош во ќош, да се лепиме со пајажина. Ама на крајов од приказната, баш пајакот им го спаси животот шо ја сплетил пајажината А и општо познато меѓу народот и народните преданија и легенди е дека пајакот се сметал за чувар и заштитник на куќата.