Вчера и завчера и трчал и си вежбал, денес те боли све и се осеќаш ко рѓа да ти фатиле сите можни зглобови. Пушташ видевце од Јутуб, пола саат пилатес, си извежбуваш и после тоа 80% од болката и ригидноста ги нема. Нека ми се фатат сите џим брос и хејтачи на све шо не е дигање тежини Никогаш нема типичен џим бро да ви каже ригиден зглоб какви проблеми може да направи (разбрав на потешкиот начин), битно дигај тежини, без тоа ништо.
Зошто да не, предобар момент е тоа кој сакале да го споделат. Успех, си купиле нешто свое и среќни се. Тоа ми е ко ставање слики од венчавка кај што се потпишуваат на пример.Убави работи вредни за споделување.
Леле исто. Многу сакам да живеам присутен живот без социјални мрежи, а тешко. Се трудам. Оставам телефон, сфаќам дека морам да најдам рецепт за ручек. Го враќам во рака, скролам по гугл и тикток за рецепт. Сакам да избришам инстаграм, па сфаќам дека групен чат за факс ми е таму, кој ми е навистина потребен и не можам. Секој ден е борба против нагонот да скролам кога навистина немам потреба, како некое хипнотизирано теле, особено сабајле. И некогаш мислам дека навистина на минимум сум била со социјални мрежи и гледам screen time 3 ипол саати... Благодарна сум за социјални мрежи и интернет, многу предности носат, ама за мене лично лошото влијание е многу поизразено во последен период. Ми влијае на ментално здравје, overwhelmed сум со информации и работи што другите ги прават, „треба“ и јас да ги правам, а не ги правам. Сега деактивирав инстаграм на краток период додека не ми треба, бар малку мир да добијам.
Значи вика со воа ретроградниов Меркур и бившите ќе се враќале... Реално, поарно бившиот да ми се вратеше, ќе го отерав у три лепе без око да ми трепне... Не вака комшијава слеш колегава бивш 6 факинг години шо ми лајка све на Иста и на стори, и шо секој пут коа ќе ме види ме прашуе дали иам дечко, и за бившиот од инат увек ми викаше како е брат ти... И плус ми носи повеќе пати моја пошта на врата, демек увек на пат ја наоѓал, поштарот ја загубил, yeah right... Епа денес три пути го сретнав, толку се неаме видено пола година, значи за 10 минути муабет и на кафе пак ме викна, и мачка ми најде, и со другар му ме запозна, и пред него кажа сум му ветила кафе да пиеме, и кринџои ме испомаваа, морам да го одјебам сеа... Ќе треба да лажам дека иам дечко... Или да си фатам дечко...Или така нешо...
Мм денес сакаше да ме изненади со ручек ,цел среќен дека ќе зготви нешто што гледал на интернет да не се мачам јас,да одморам и го оставив да готви ние со ќерка си излеговме да си се прошетаме.Се враќаме гладни јадењето било готово,седнуваме на маса -на масата поставено печен полнен кромид (читај шлупки изгорени) со мелено месо...плачаам ,ми е жал ама моравме на крај да јадиме пржени јајца на толкав труд.
Зашто мужи коа ќе решат да готват нешо, идат на најкомплицирани ствари Мојов живи копани ми напрај еднаш Сакал да ги похова и испржи, ама замрзнати уште биле. И ги пржи, однадвор гледаш крцкави аха, загризуваш, одвнатре уште кокодакаше. Па ајде го одвои месото и башка го испржи
Зашо приватен не бил? Цел фб/инста треба да дознае дека си се подновил? Купиле стан, кола шо и да е и трк да побрзаат да споделат. Ако не е најчесто за фалба не знам за шо е ама во ред, ко што викаш мерак им е, супер. Мене сељачко ми е али тоа сум јас. Не ми е мерак да се експонирам за жал.
Мене не ми е поразлично од било каква објава. Секоја јавна слика е споделување на приваност. Го сликаш детето, сликаш со кој излегуваш, сликаш каде излегуваш, сликаш одмори. Како воопшто би се направило градација што е поприватно?! Разликата е што другово луѓето го перцепираат со доза на љубомора-еј од кај му пари, мати мутни бизниси, скоро секогаш и го маскираат со ,,тоа е приватен момент". Остајте луѓето да се радуваат и сликаат ако не им пречи.
Не бе, грешка си, ме заболе од каде им се парите, не зборам за љубомората, си кажувам само дека мене ми е глупо. Не смее глупо да ми е нешо и да нејќам ја истото да го праам? Никој не им забранува ниту да не се радуваат ниту да не сликаат. Дечки бе, ја претерувате. Да не може човек слободно да си каже шо мисли. Одма мора да си љубоморен, злобен, никаков. Тешко да е толку да се разбере дека имаме различни сфаќања. Зошто?
Едно е да ти е глупо и сељачки, друго е да е приватен момент. Веројатно сите околу тебе знаат дека ќе купуваш нешто свое, имаш вклучено банка тука, нотари, глупости, што и да е приватен момент не е. Исто ко на венчавка кога се потпишуваш и буквално има сведоци на моментот. Приватен момент ми е спијам, ме слика маж ми и ме опне на социјални мрежи. Или и во договор да е, небитно. Ама дека купување куќа, стан, било приватно, не. Башка све што ви смета може да одследите и не мора да гледате вакви сељачки работи, не знам еве. Јас следам што сакам да гледам и читам, тоа бар денес е ептен лесно.
Веројатно сум една од ретките што има, а едвај ги користи социјалните мрежи Ги користев многу повеќе, но што направив: отследив секој што не знам ни зошто го следам, на фејс посебно каде што порано (од 2008 го имам) беше океј катаљон луѓе да имаш. Имам 300, сите ги знам и сите се доволно често и во реален живот присутни што сметам дека треба да ги имам, и мала порција постари членови на фамилија со кои не ни комуницирам, ама за да не се лутат ги имам, не ми прават ништо, само на мјут ми се На инстаграм и помалку, не знам точно ама околу 200 следачи имам, нешто повеќе следам (поради бизниси разни кои ме интересира кога како имаат попусти и сл.) Тик-ток имам, го користам еднаш во неколку месеци, најчесто Максим Бади да го гледам Толку. А не поминувам малку време на телефон, што службено, што приватно, постојано сум. Он оние сум што и филмови на телефон гледаат, ме мрзи на телевизор, ете не знам ни зошто. За релаксација играм Не лути се човече Реално не гледам сториња на луѓе освен мал круг што сакам да знам што ставиле, а па мојов најблизок круг не е ни нешто опседнат да објавува, така што тоа е баш кратко. Еве размислувам, 90% користам за actual зборување со некого, 10% mindless скролање. Сепак, во последно време, некако се осеќам како да претерувам, па земав почесто да го оставам физички подалеку од мене телефонот дома, да се фокусирам на тоа што е пред мене, дали книгата (за учење), дали Киндл (за релаксација читање), дали мачка галам без да гледам на друго место итн. И мене многу ми смета, ама ми дава лажна претстава на заедништво, приметувам дека кога се чувствувам многу осамена тогаш највеќе сум по социјални мрежи.