Нај скапоцен момент е оној кога ќе успееш на себе да си докажеш со делА дека не си погрешила кога си направила некој чекор за кој цел свет мислел дека е погрешен. Гајле ти е за светот дека ќе увиди. НАЈБИТНА си ТИ!!
Битолски мангуп сакал да се пофали дојден од странЦија и видете колку е скапо Охрид. Ваљда не е неписмен па да прочита на менито која е ценатаили му ја скрија Охриѓаништата само да го солупат Важно доби 5 минути слава вака или онака
Не смееш да кажиш поинакво мислење, одма љубоморна си. Факт е дека многу луѓе буквално цел живот си го ставаат на социјални мрежи, и ако тебе ти е тоа глупо не значи дека си љубоморна/им посакуваш лошо. Реално се претерува, некој со кој едно здраво едвај имам да знае сѐ по ред што ми се дешава во животот. И секако, на социјални мрежи сите се секогаш среќни, секогаш на патување, секогаш купуваат нешто ново. Слика на совршен живот која е толку нереална. Тоа знае да влијае на психа, бидејќи сме луѓе и сме склони да се споредуваме. И ќе речат секако "па не следи ако не сакаш да гледаш", ама па не е толку избежно, кога скоро сите објавуваат. Чаре е да пробаш да сведиш на минимум употреба на социјални мрежи, ама пак и тоа не е едноставно, кога тогаш ти треба нешто да побараш, некому да пишиш. Модерни времиња. Јас ич не љубоморам, имам тоа што ми треба, задоволна сум и можам да го постигнам тоа што уште го немам. Ќешки на сите да им е толку убаво колку што си прикажуваат. Но тоа што е премногу, премногу е, според мое мислење, не дека некому му значи.
Имав 10 илјади следачи на инстаграм од кои само 200 ги знаев и следев.Бев преокупирана да ставам се на стори ,дали слика од ќерка ми што прави,како зборува,како е дотерена,каде шетаме,дома,активности што правиме ,што и готвам ,рецепти итн ... Почнав да размислувам дека се што прикажуваме на социјалните мрежи ,ставаме на тацна да секој може да злоупотреби.Избришав и слики и податоци,буквално се .Еве веќе година ипол сум без инстаграм,фб и нов тел број освен whatsap и круг на блиски луѓе кои ми го знаат бројот и се слушаме .И сега си ја сликам секој ден, се што правиме заедничко, ново,каде шетаме,интересни моменти заеднички само што сега си ги ставам во албум или некои ги закачувам у детска соба на пано .Најдобра одлука до сега. И да,кој што го прави среќен нека си споделува ,негово право.
Уште неприватен момент да го напраат одење во вц, правење деца, породување, (да ми прости Господ). Ви текнува имаше еден момент на фб, за првото к*ке од бебушот. Сепак за мене тоа е приватност,за некој не е. Нит љубоморам, нит ме интересира шо има Станко, Петко.
Па уште има што се сликаат во wc. И бебето уште неродено на нет, ставаат од ехо сликички, стомак труден гол сликаат, сето тоа е во ред ама за себе. Ама и за тоа ако не сакаш да гледаш такви има решение, не ги следи. Едноставно е, кој сака тоа ќе си објавува на негов профил. И мене ми е глупо 10.000 следачи да ме гледаат што правам рандом личности, затоа немам толку и само ФБ користам, многу малку имам на ФБ, само тие што ги знам, другите ги избришав, што ќе ми се. Инстаграм и тик ток немам.
Абе Арабелке, не треба да го објавуваат "приватниот" стан оти знаеш на луѓето ќе им дојде нагон за да одат кај бајачки
Поентата е, дали некој смета дека објавување на материјални ствари и нешто друго е приватно или не. Не праиме, муабет отследи, не отследи. Нит реков некој да не става слики, секој си има право. Само кој како сфаќа.
Еј колку ме нервира ова не си свесна. Не те ни знаат, ниту познаваат, а одма ти лепат етикета. После си викам ма како сакате мислете, ич не ми е гајле, нека мислат погрешно, нивен проблем, само дека не е во ред, не е. Ќути... Не смеам да почнам и за ова, пак љубоморна ќе искочам. Се е перфекција, остај ти. У розев свет коа живеат.. И ја сакам ама нема. Искрено, не можам, не знам ни како, а многу би сакала. Е за ова дефинитивно љубоморам. Нели? Знаеш како, мене лично многу одбивно ми е тоа фалење што го викаш. И најбитно ми е човек да е скромен и умерен. Е највеќе ме палат тие особини. Поготово па коа некој има, се глеа стабилен финансиски, а си е скромен, знае да ужива во животот но ич не се експонира и пред се знае да го вреднува тоа што го има, да е благодарен за се, а не да се расфрла од чаламење и докажување еве кој фактор сум. Ама у денешницава некако не се цени тоа, не било in, и се избегава.
Ич не ми е гајле што други споделуваат, не ме тригернува одење некаде и трошење пари, не им плаќам јас Мене ме тригернува човековата глупост, на тоа не сум имуна и затоа апсолутно ниту еден медиум не следам - затоа што неизбежно ќе прочитам коментари на глупави луѓе и ќе се карам за ич ништо онлајн, нема да им објаснам. Од скроз иста причина не следам инфлуенсери. Не сум ни во македонскиве групи од типот на ЖДМ и слични, од скроз исти причини. Вака луѓе што сакаат нека си објавуваат, јас и кога објавувам најчесто се мачките, некој може превртува очи - ама пак, не е мој проблем, нека ме отследи. Профилите фала Богу не ми се јавни и никогаш не ми ни биле, немам потреба секоја битанга да ме замара.
Донекаде во право си. Не ми пречи кој што сака нека си објавува и од било која причина, и јас многу објавувам. Но да, фокусирани сме на материјалното (не мора да значи дека е фалење), ретко објави за поддршка на други, волонтирање, учење, помагање за општото добро.
Не споделувам ни апели за помош, а не ни следам групи. Порано да, и за луѓе и за животни, со годините научив дека тоа ме вознемирува и да се чувам себе. Материјалното може да биде, а и не мора, зависи како ќе го процени тој што гледа, а и ти како го објавуваш нештото. Баш на инста 99% од фотките ми се од патувања, ни мене ме нема на нив. Не ги доживувам како фалба, како мој спомен се. И сериозно од време на време одам да видам стари постови и слично. На фејс имам приватни албуми што не биле де секогаш приватни, ама поминале доволно години да не сакам да може да ги гледаат другите, ама мене ми се ептен ќеифни. Цели албуми имам од САД, од средно со другарките, од сестра ми малечка итн. Сите се денес приватни, ама постојат. Еве ептен сум некако како потресена. Посебно што caption ми се "син на мајка", "мајкино прво", "љубов најголема", "бебе мое" итн