Сакам да кажам, а воедно и да прашам.Дали овие со комплекси и фрустрации ги лечат некако и разбираат дека имаат комплекси со што ќе прекинат да ги лечат?Или како иде работава?За едни искомплексирани комшии чисто прашувам..
Ти си поминала супер, некој ти пришол. јас паднав по скали коа си одев од работа, не само што никој не помогна, 4 девојчиња поминаа 1м до мене, трите се изнасмеаа, четвртава ги советуваше дека не е убаво да се смеат. Кај срам шо паднав, па и у фаца ми се смееа.
@INNERBEAUTY, потполно се слагам со тебе, ќе се праам на три ипол. Иначе сеа пак на скали го сретнав, тибам Меркурот. Али ок, читав дека било fake news ова со бившиве, и да си седам мадро, да не јадам модро... Среќа шо не е некој шо ми се свиѓа. @Stark, не знам, онака... Треба некоја специјална причина?
Неповрзано со муабетот погоре. Многу пати паѓам во јавност, на луѓето веќе треба да им е срам да излезат со мене, брука невидена сум. Колку поќе гужва, толку веројатноста дека ќе паднам е поголема. Спојлер Имам едно незаборавно паѓање, стомакот ме боли од смеа секогаш кога ќе ми текни. You had to be there. Беревме цреши три другарки, крадевме да не речам. Удолница беше. Вика другарката "МЕЧКААА" и трча. Се уплашивме нормално бегаме и ние. Јас по удолницата: Не знаев кај ми е глата, каде газот. Си ги најдов кај ми се, кревам гла да видам другите дали се живи и ја гледам третата виси на едно дрвце мало, кутро, одвај ја држи, вака: *немаше мечка. Секогаш ги има најкреативните избори, да е здрава и жива. Еднаш ни се пуштија улични кучиња. Скокнавме двете на ѕидот на една куќа за да се скриеме. Третата трча ко Сунгерот Боб и вика пред куќа "мама, татооо, тетаа, Анее". Не бевме ни блиску до мама и тато, а Ане уште не знајме која е. Да си отвориме некоја тема со смешни случки од детството. Освен последната глупост, не знам друга дали има.
Ги живеам моментите за кои некогаш страсно сум се молела и посакувала. Имам се што ми е потребно, и повеќе од тоа. Но сега сум рамондушна, којзнае зашо. Казна ли е ова? Или ја достигнав линијата на возрасните....
Уште смеење, бе. Кога некои се смеат човек уште полошо се чувствува. Ништо немало да ги чини да прашаат. Кога некој може да одвои време, што е тешко за другите?
Јас се водам по ова. Мој профил - мој контент и објави. Кој неќи нека не ме прати или ако му е апла незгодно да избриши нека мани и мјут. Ако на некој му е глупо нека не гледа. Нема да преќинам со одреден контент ради то на мојот профил. Спојлер Сериозниот контент ми е... мачки
@nextredstyle се надевам океј си. Со помин нека е. Кои копилиња бездушни значи луѓево, уште и ќе ти се насмеат ко што рече Стеј. Еднаш така снег имаше и мраз и се лизнав, двајца од школските се изнасмеаа мамето нивно, а ти потонуваш од срам. Ај кармичка правда има, ќе ги стигне и нека доживеат самите да видат колку е интересно. И стари и млади такви гомна ги има. Безкичмењаци со ништо човечко во себе. Кај помош денес да очекуваш од некој, шанси нема, не ни очекувам. Запрепастувачки ама мене чудно веќе ми станува коа добрина искрена ќе добиеш од некого. Кур ги боли за другиот, не се замараат и онака за ништо. После зашто се повеќе луѓе мразиш, се грозиш од нив и скоро и да немаш доверба во никој. Се си има зашто.
Фала. Добро сум. Падот не боли толку колку тоа што паднав пред луѓе, а само еден ми пријде. И ја викам тоа. Они да паднат сигурно ќе ги погоди ако никој не ги праша дали им треба помош. Некои само тогаш сфаќаат.
Интересно... И јас имам ваква случка... Кога паднав притрчаа и луѓето од дворот соседен и една постара жена која ме испрати и до централната улица.... Се гледаше дека се загрижени луѓево по лицата.. Паднав на улица, излегувајќи од работа... Сосема спротивно искуство од твоето. Им благодарам
Ја гледам 9тата епизода од 3тата сезона од "The Originals" и вакви и уште поубави сцени има: Спојлер: Сцени И одеднаш добив желба да е овој период од годината. Ама шо коа живеам во Скопје. Камо студените месеци да се вакви: Спојлер: За душичката https://vm.tiktok.com/ZMrv68qTC/ https://vm.tiktok.com/ZMrv65VDp/ https://vm.tiktok.com/ZMrv6eg96/ https://vm.tiktok.com/ZMrv6D8uX/ https://vm.tiktok.com/ZMrv6aWRa/ https://vm.tiktok.com/ZMrv6JcDo/ https://vm.tiktok.com/ZMrv66Ja9/ https://vm.tiktok.com/ZMrv627uH/ https://vm.tiktok.com/ZMrv6rdrb/ https://vm.tiktok.com/ZMrv6yDXJ/ Скопје е бљак. Смог, сивило и досада. Единствено што останува е домот да си го направиш со вакви вајбови. И да чекаш да запролети.
Добро е што тој еден искочил чоек, браво за него. Камо поише да ги имаше такви. Ќе сфатат бе, уживај, се во свое време. Многу сакам што побрзо да сфатат. Добра услуга ќе си напраат можеби и ќе се разбуди човечноста во нив. Можеби.. Емпатија и грижа за другите ни фали, да се ставиме малце на нивно место на момент, многу е напорно тоа глеам. Стварно преку курац од таа себичност и незаинтересираност. Светот околу тебе само се врти, ти чуе тебе за било кого. И ладен тип да си и дистанциран, ако си чоек ќе се испонашаш човечки ама не и не. Уште пострашно е тоа коа и ќе осетат на сопствена кожа ама ни тогаш нема да се поправат на подобро. Гнаси тешки. @st-el не знам, ама не налетувам ни јас ниту тие во моето опкружување на такви. Убаво е да се прочита дека постојат и добри луѓе сè уште.
Сдк уште денес одмор и од понеделник на работа. Значииии, си ја сакам работата ама не ми се работи. Има ли некој ваков феномен како мене? Вчера и денес си кашкам ручеци по дома, ова ми е можеби 5ти ручек евр Малку повеќе слободно време, ме фаќа досада и оп ручек ама како што гледам не сме љубители на домашно јадење.... (вкусно е не е до јадењето)
Сдк, многу ми се допаѓа бруталистичка градба и архитектура т.н Советски модернизам што ја имаме во државава од времето на Социјализмот, а и општо насекаде во источна Европа за време на Советскиот Сојуз и советското владеење, посебно кога ќе излези некој reel со sound од Молчат Дома, ми дава некој посебен вајб и ме релаксира, едноставно им се восхитувам на тогашните луѓе што живееле во тој социјализам. Брутален дизајн на градбите, само со сиви бетонски блокови, обично цименто, типична комунистичка градба. Комунистичка ама тврда градба - не сум левичар ама пофалба за ова. Пределот на железничка и Македонска Пошта мие некако посебен, особено во есен и зима, кога и да врвам се восхитувам, Народна Банка, зградата на УКИМ исто или некој станбен комплекс граден само со бетонски блокови, во БГ повеќе ги има, куќи само малтер цименто фасада, студентскиот Гоце Делчев е level up на брутализам. Тогаш барем се градело во духот на братсво единство, а сега урбаната и градежна мафија узорпира се. За некој се депресивни и мрачни особено на овие од западна Европа, дека овие архитектури се само сивило и чудни дизајни.
Апсолутно! Мислев дека сум единствен што на тик ток кога ќе ми излезе, по 15 минути се врти истата песна (претежно таа тумбучка, лумбучка, кроват).
Пред некое време за ова зборував, не знам како им е депресивно ова на повеќето луѓе. Т.е. ок разбирам сивило, студенило и сл. Ама бруталистичка архитектура ми е една од најомилените. Економскиот факултет во Прилеп ми дава исто таков вајб, иако не знам дали може да се рачуна во брутализам. Неописливо чувство ми е, носталгија некаква како да сум пораснала во такви згради, а ни во стан не сум растена. Не мора да е само зима, еве и во лето истиот вајб: https://youtube.com/shorts/zZTXgBNaJ8I?si=Shu1v78r1HDydA6R Спојлер Нешто и лично сликано надвор од Македонија, од советско време, жал ми е што не сликав повеќе.
Ќе се надоврзам и јас. Мислам дека многу луѓе се плашат да бидат видени. Затоа и кога некој друг го нема тоа чувство, не се срами, нив им е глупо, кринџ итн. Што пак е до нив, а не до тој што постирал. Да бидам искрена, и јас не споделувам такви приватни работи, ама мислам дека тука улога имаат и генерациските разлики. На пример за миленијалс е нормално да стават еден куп слики од детето, од првите чекорчиња, па не знам од станот со клучот, па од едно излегување 30 слики од коктелот, а еве на пример за џен зи секојдневно ставање слики на инстаграм (фејсбук не ни влегува во опција) е воглавно премногу и многу луѓе повеќе спамаат на приватни профили или на клоус френдс(јас ), а појавните објави им се посуптилни и ноншалантни. Од друга страна па истите џен зи луѓе на тикток ставаат видеа кај што зборат за најдлабоки интимни теми(во Македонија можеби не толку, ама општо глобално да). Скроз е точно дека целта на социјалните мрежи е да добиеме валидација од луѓе исто како што добиваме во реален живот, без разлиика дали некој ќе го слика новиот џип или мачката. Сите сакаме да ставаме работи што ни значат и да се конектираме со другите и тука нема ништо лошо. Мене ми е загрижувачки што уште има луѓе што отвараат некоја социјална мрежа и доаѓаат тука да мрчат кој што постирал со тој супериорен комплекс на сите се материјалисти освен јас. Не е веќе кул.