Едно работа не ми е јасна. Зошто мажите прават деца? За да бидат социјални татковци,т.е да постираат на ФБ,инста или било која слична социјална мрежа дека жена им се породила , а тој во меѓувреме се “губи” у некоја кафана, додека жена му претходно трпела болки со часови , а тој од страна навивал ко на некој натпревар да се роди синот на тато (оти нели ако нема јајца не се признава за дете,поселско размислување здравје) а тоа нему да му е причината летва да се направи додека таа во болница се адаптира и се бори на која страна да седне,оти од секаде е шиена. Ја гледам вечерва у град една мајка со две мали дечиња,нека имаше разлика меѓу нив две години максимум,а третото во стомак. Многу пати ја гледам сама,и пазари и триста чуда прави жената. Си викам сеа да сум машко да му одам на тој твојот гарант оптегнат и зее у телевизорот, да го частам две три воспитни,онака од мерак. Абе недораснати,шо праите деца кога ви е у план да сте неприсутни у нивните животи,и немате во план да бидете МАЖ туку ЕРЃЕН. Мамето ваше недоквакано.
Лелее колку ми е страв да му се доближам на скакулецот кој што ми влезе дома што е настрашно на завесата е ми е страв да го утепам ова чудовиште!!!
Никогаш у живот не сум била посреќна што сум напуштила работа. Сега у ретроспектива гледам колку било токсично и што се сум трпела.
Вака, имам совет за идна себе и за сите вас за да ни ги скратам маките и стресовите. Мислам дека моментот кога ќе добиеш потреба да поставиш прашање во Љубовни проблеми и совети, тогаш е време за раскинување. Одма истата секунда, не ни прашувај во темата.
Мене ова ми е лична филозофија. Мислам дека ни средно не бев кога зборав со еден тогаш пријател и ми збораше нешто во рамки на: "едно е да збораш со најблиски и да се двоумиш и да пробваш да решиш нешто, а скроз друго е јавно да пишиш проблемот. Моментот ко ќе пишиш јавно проблем толку е. Или бараш некој, кој било, да проба да е на твоја страна за да продолжиш или бараш рачка да преќиниш". Дете јас ова скроз во крпче го врза и низ годините ми се докажало како вистина. Друга работа шо ми ја кажа и шо испадна вистина беше дека пауза најчесто е одлагање на раскин и/ли само начин за шврљ. И како шо пораснав ми се докажа и то како вистина.
Ако не ти треба посебен (службен) телефон и плус си задоволна од тој што го имаш, не ти треба втор телефон. Ако не ти се гаси желбата, само одложи си за неколку месеци понатаму. Овој што го имаш да направи бар нешто над година, па да видиш дали ќе имаш причина за нов телефон. Таман да излезат и новите Ајфони, па да си процениш кој би ти одговарал повеќе. Не мора да е ручек, ама викни ги некаде на кафе. Пола саат-саат веројатно ќе издржиш.
Како беше она на Фројд... пред да си дијагнозираш (не дека сам би) депресија или ниска самодоверба, прво провери да не си опколен со идиоти. Не е животот толку лош колку што сами дозволувате идиоти да ве нервираат, да ви прават глупости, да не ве почитуваат, да ве искористуваат и третираат ко роб додека вие си се тешите дека тоа е живот, па трпи дур не умреш.
Кафињава што ги пијам цел ден, сите ли се со одложено дејство, па почнуваат да делуваат приквечер (кога ич не ми требаат)?
All I'm hearing is терај све кај шо му е местото. Со се оние шо би да ги трпат, уше на хехенце. Бескичменици. Мех. Па и уше кмичат кога ќе ги отераш шо не дозволуваш така да се понашаат со тебе. Па и уше пуни и горди себе бе. На шо бе брат, на шо? Самосвест, life skills, google it.
Се карам со мајка ми.. Многу го гали брат ми, лани така, малку кашла, две недели во школо не оди, тестови имал и испрашувања, оди му вади оправдание.. Детето колку има капацитет да научи, да постигне, она дебил прави од него.. Еве вчера му рекла не оди во школо, кој оди на прв ден во школо и он не отишол.. И за на пракса така отишла она, само документи да му потпишат, да не се мачел во Август да оди на пракса на жешкото.. Сфаќам и мајчина љубов и се, ама не може дебил од детето да си правиш свесно.. Ќе заврши средно, ќе биде апла неспособен за ништо, она ќе оди да му пополнува документи за на факултет..
Од вести на денот да го издвоиме проблемот на Ирска со вишокот пари во државниот буџет. Ете луѓето не знаат што да прават со вишокот пари. Ејјј вишок од 8, 6 милијарди евра , машала Како да им помогнеме , еве се мислам ....... ........... Ирска има проблем што многумина би го сакале, како паметно да го искористи непланираниот голем вишок пари во државниот буџет. Имено, ирските власти тврдат дека одлуката што да се прави со вишокот од 8,6 милијарди евра не е воопшто лесна задача. https://makfax.com.mk/ekonomija/ирска-станува-богата-сила-со-големи-пр/