Го заболе Боро левото маде, не исплукал, па се уќутел за лебот да му го извадиме, и сеа романи му пишуете, ко да ќе ги прочита на оној свет...
Абе глеј сеа и грчиштата зборат вака така, и ќе видиш сеа у петок. А и Дино Мерлин има зборено. Шо не го кажаа ова за Бора пред да умре? Сеа ќе го судат?
Кажано беше уште тогаш, само тогаш немало социјални мрежи како шо имаме сега за да стигни до секого. А кој разбрал, разбрал тогаш. Тој беше во друштво со Шешељ, закоравени четници и македонофоби. Бора олабави тогаш со нацизмот, се отвори човекот почна да доаѓа тука, Шешељ од кога излезе од Хаг и тој омекна, ама касно е сега. Кажаните зборови ни најбрзите коњи не можат да ги стигнат. А за грците нее од сега ова. А проблемот е во нашите шо им одат, и му оштетуваат и возила и пак одат. Ако ме прашаш мене, не сум бил го Грција, тие шо одат нека му ја мислат. А ако мислиш на Солун, Солун е Македонија, а и ако видиш логички, нашиве секој петок си одат во Егејска Македонија. Без разлика на која држава припаѓа денеска, ама пак пари им оставаат нашиве, тие пари сепак завршуваат во сефот во Атина. Лошо е тоа шо сите на инста, сториња, објавија за него а тој имаше кажано нас ќе не прегазел со еден тенк.. Убо кажа @Gosh, тој не исплукал на секој можен начин ние романи му пишуваме, инста беше фул денеска со него.
Врска немам со приватниот живот на Бора и што кажувал, знам само дека песните негови ми ја разубавија младоста. Сите кои изразуваме сочуство денес и му посветуваме по некоја објава, тоа го правиме поради музиката што ја сакавме, настрана неговите политички и нацистички ставови. Го сакавме како музичар.
Никогаш нема да ми бидат јасни луѓево што пишуваат и ѕвонат додека си на одмор и за истото се известени. Ама па затоа го исклучувам службениот телефон и си имам раат одмор .
Овие срањава Ејпл шо ги рекламира за новиов Ајфон, на Андроидов од 300 евра со гратис паметен саат три години шо го иам, си ги иам рандом најдено едно сончево утро након што ми се има апдејтирано системот, и тоа без да ме праша...
Сакам да донесат закон доживотна казна или смртна казна за овие што потпалуваат шума. Во Прилеп моментално гори цел појас од 20 км и можно е да зафати село и манастири, цел град сме угушени и во магла.
Бора Чорба: Ниту сум рекол нешто за Македонија, ниту ќе се извинам Бора е легенда, а легендите вечно живеат. Нека почива во мир.
Жити се, помогни, кажи што им викаш? Јас имам другар и другарка што многу сакаат да зборат на телефон, а јас обратно, ич не сакам. И секогаш кога ми ѕвонат не кревам, и се лутат. А кажано е дека не сум љубител на зборење, џабе.
Израснавме со Рибља Чорба. И јас прв пат слушам дека дал некакви изјави, а и да дал не се замарам. Беше добар текстописец, рокер во душа, музичар. Нека почива во мир. Таквите луѓе секогаш оставаат белег. Се надевам дека и генерациите после нас ќе растат со квалитетна музика, а не со некој што ќе им ренда кашкавал на глава. Кемал, Оливер, Балашевич, Масимо, а сега се одјави и Бора.
Не кревам на тел. И после имаш прашања: ти никад не гледаш тел, нејќеш да се јавиш, итн итн.... Ама ми е гајле, не сакам да зборам и готово, ако сака нека пише, ако не ич не мора.
И јас не знам да дал таква изјава, ама дека беше добар музичар и текстописец беше, засекогаш ќе се слушаат неговите песни. Па и ние самите плукаме по државата и народот.
Изјавата можеби е извадена од контекст. Нека почива во мир, ама луѓето и не мора до толку да се потресуваат за него.
Кој би рекол дека имаме бааги сличности со луѓето од Кореја. Меган, лепотице, фала што ни долови дека и таму младите имаат проблем да се разберат со постарите генерации..... И во Кореја остануваат во брак само заради децата , е сега во Кореја постои оној културолошки феномен да им се оддолжиш на твоите родители што те пораснале, со тоа што ќе ги исполнуваш нивните желби , додај на тоа МОРА да го почитуваш оној што е постар од тебе, а тој постариот не мора да покажува никаков респект кон тебе за возврат.... Делот кај што вели ....children are thier property , your life is to do what i tell you to do , затоа младите тешко се разбираат со нивните родители , но осеќаат притисок дека мора да ги почитуваат своите родители , дури и во делот ко ќе стапат во брак , децата мора да покажуваат повеќе љубов кон своите родители отколку кон својот маж или жена.... Пример , се мажиш и сега маж ти не смее да покажува премногу љубов кон тебе оти свекрвата ќе рече син ми се променил, ја сака жена му повеќе од својата мајка и прави синот да се осеќа виновно. Се спомнуват точки каде корејскиот маж живее со родителите до 30 години, кога ништо не фаќа по дома да чисти и општо домашни обврски оти мајка му се средува. Е сега некој од скроз друга држава ќе рече, ама луѓето се тивки, таков е менталитетот во Азија општо .....епа гадно се лажете, ете Меган која живее 12 години во Кореја и има маж кореец фино објаснува дека луѓето не се научени да споделуваат емоции кога им е тешко и чуваат во себе . И наеднаш ко ќе им се собере избувнуваат, буквално се караат кај ќе стасат и на јавно место и по дома. Еве го цел клип , еххх ке си речиш каде е Македонија, каде е Кореја, а толку слични....
Има еден канал на Јутуб, се вика American Standard Dog Training и типот зад каналот е искусен дресер на кучиња, главно полициски кучиња. Типот низ видеата збори колку е битен тренингот за секое куче, како не треба да дозволиш кучето тебе да те доминира како сопственик, како агресивно однесување е резултат на неадекватен тренинг, како не сите раси се исти и не секоја раса е соодветна за секакви луѓе. Збори како е битно ако сакаш да имаш мирно и послушно куче, од мало да го навикнуваш на бучава, на познати и непознати луѓе, на големи животни (пример го однесеш во штала), на допири по телото. И едно нешто што упорно го повторува низ 70% од видеата е ТРЕНИНГ и ТРЕНИНГ. Ама не, ќе се најде некоја фуфица од фемина форум или анима дунди и ќе рече "па ти оти се плашиш, затоа те напаѓа"; "па не диши гласно де, иначе кучето си е таман" или ќе се чудат со солзи и мрсули зашто нивното куче големо ко магаре ржи на рандом блиски луѓе. Оти битно они сакале кучиња и ќе го галкаат и ранат и многу ќе го сакаат, друго шое битно. Затоа никогаш нема да чувам куче и нема да дозволам мој партнер или дете да чува само оти го сакало, без ТРЕНИНГ, оти јас за разлика од големите љубители на кучиња, се грижам и за општествено добро, не за мојот газ само.
На Јутјуб гледав една епизода од серијата Наше маало. Се вратив назад во детството. Кога поубаво се живееше. Штета што нашите тв куќи не знаат да понудат квалитет. Претераа со глупави емисии и турски серии.
Imavme i interesni emisii kvizovi ako se sekjavas na kako Koj saka da bide milioner, Daj pobrzaj so Marko, za decata imase Izzy Mizzy se javuvaa i igraa preku telefon...sea nema niš
Синоока нема да е синоока ако не ги стави сите можни состаноци и обврски во два дена. И после ќе се чуди кај и бил паметот, зошто мисли дека е супермоќна кога не е, и ќе кука, и ќе плаче за на крај се да стигне. Ќе цркне од умор, со два саати сон, ама барем се ќе заврши.... Ај барем викендот продолжен ќе го уживам.... Ах.... Јас и моите лудории... За ќотек сум, знам