Неостварен сон како дете ми беше да станам еден ден наставник. Колку нетипична идеја за мене, што ли сум мислела тогаш!? Не дека нешто ја презирам професијата, или имам нешто против луѓето кои ја работат, но како созревав сфаќав дека всушност не ми е една од омилените. Ама како за беља универзумот баш тогаш ме чул, и сега која ја сменив насоката, тој реши дека е време да почне да ми кова заговор како да ја оствари таа моја дамнешна желбичка. Така да, чудни се патиштата на животот бидејќи никогаш не знаете каде точно ќе ве одведат. Арно рекле, внимавајте што посакувате бидејќи тоа еден ден може да ви се оствари! Затоа денес решив да посакам да станам научник, па за 30 години од сега како тргнала работава ништо чудо да ме видите на малите екрани или јутуб (ако уопште постојат овие ствари дотогаш и ја бидам жива), како се расфрлам со моите достигнувања. :geek:
^ Се зафркавав бе за тоа со Иван Исцелител, дека секој коментар му е нели, сречен ден. Инаку ПМС-ов е чудо. Клише, речено па недоречено. А тооолку вистинито. Да не пукниш! Треба да ми дојде за некои 5-6 дена, уште вчера ме фати манија за јадење, ќесиумрам. Абе знаете, жени сме си. Друго, денов ми е перфектен, сонценце, кафенца, друштво, торти, роденден, ма милиииина! И така дојдов да ви кажам само дека ги уживам во целост деновиве, си одам ултра супер изморена ама насмеана в кревет. Ееее така. Ај бегам, нема се време. Сречен деееен!
Имам едно колаче до мене, ми го оставиле несакајќи и си се мислам да го изедам, или да не го изедам. Море ај ќе го изедам, сигурно нема да ме чека мене цел ден.
Седнувам.Седнувам бе,седнувам на стол.Како секој нормален човек.Ама јас не сум нормална како шо гледам.Да.Ногата сама си помрднуваше си играше вртеше таму.Си велам’Добро бе,мозок има во неа?Му се денца нешто?Епа не знам да денцам оро јас.Не сум по орањето,ора такви чуда.Како играм на свадба,кое играње,јас одам,не скокам таму...’.Интересна работа...не е со ногата.Правам денес тест математика и главата и стомакот ме здоболија како некој со камен да ме удрил па болката од тиквата како да стигна до цревана.Си реков,толку тешки задачи имам сретнато,ама и гла да ме заболи?Јас сум чуден човек.И ако не фатам партнер за матура коќе чукни часо за таа работа,ќе дадам предлог до сите девојчишта без партнер да му излезиме на тоа сликањето кога ќе е пред Епинал хотело,да му излезиме и да му речиме на фоточовекот:Ние батка..види вака...Сме ал да сингл лејдис.Сакаш/нејќиш сликај тоа сликата. Море арно ми велат.Колку повеќе стареам,толку побудала сум.Чудна сум била.Па и сум кога ќе размислам со тиквата.
Силата на жената е во тоа што знае како да ја истрпи слабоста на човекот кој што го сака доволно долго , се додека тој не зацврсне и не биде во состојба да ги истрпи нејзините .
Сакам да ми дозволиш. Да погледнам малку подлабоко. Не покажуваш се’. Јас сакам да се вивнам подлабоко, мене не ме интересираат оние видливи работи што имаш да ми ги понудиш. Не сакам да се вклопам, не ме интересира толпата. Јас го сакам твоето поразлично. Не ја сакам насмевката што секому ја упатуваш. Го сакам она што го криеш. Сакам да ми се искривеш со јазикот, да ми намигнеш, да ја кренеш веѓата, ама онака мераклиски, само за мене! И јас сум различна со него, а баш секогаш ми вели - “Те сакам, биди си секогаш тоа што си, своја“! Ама јас не сум своја кога сум со тебе, баш тогаш сум различна... и се’ сум, само не своја. Можам да бидам и најголемото дете, да се радувам на лижалка, на лулашка, на мирисот на тревата, и истовремено најголемиот возрасен човек. И да го направам највкусното јадење, и да го искарам затоа што не се облекува доволно кога е студено.... И покрај се’ не сум своја, јас сум на моментот... и толку многу твоја.....
Точно се сеќавам, минатото лето, бев во депресија. Ме мачеше скоро цел месец. Размислував за работи за кои не требаше да размислувам. Не јадев, ниту пиев. Не шетав, не излегував надвор, не седев ни на компјутер, не разговарав со другарките, ниту пак со мојата најдобра другарка, буквално по цел ден лежев и плакав. Само јас знам колку ми беше тешко. Секоја вечер заспивав многу тешко, се превртував лево-десно, се обидував да ги заборавам непотребните работи, но наеднаш надоаѓаа сите, немав доволно сила да се борам, да ги победам. Еден ден станав и почнав да се окупирам со други многу поважни работи. Живнав малку, почнав да шетам, да се дружам, постојано правев нешто, и немав време да размислувам за такви неважни работи. Од сето тоа сфатив дека реченицата "Времето е најдобар лек за се" е точна. Ако не си помогнеме ние, нема никој друг да ни помогне.
http://ohrigani.mk/vo-makedonija-se-mol ... heto-nebo/ Да, а кај нас се спрдачиме дека патиме од параноја, дека сме шизофрени и веруваме во теории на заговор. Утре не чека врнежливо време. Денес небото беше преплавено со вакви линии. Атмосферата беше маглива и ужасна. Познавам барем 5 луѓе кои имаат пнеумонија во моментот, меѓу кои сум и јас. А не знам уште колку кои се жалат на алергија и отежнато дишење за прв пат во животот. Но којзнае и што друго се случува кое не ни е веднаш забележливо. Ах да...по претходните дождови немате ни претстава колку градинарски култури биле уништени односно изгорени како со киселина, но секако, јавно не се зборува. Продажбата (ако можам така да ја наречам или па закуп е подобар термин) на нашето небо, значи опроштај на долг на државата према светските банки... додека тие не лажат дека економиите ни се успешни. За нив е ова вин вин, како да не живееме под исто небо.
Оо, кад е его у питање, другите не се признаваат, она „ Јас и никој друг“ е да, затоа почна населениево во светот да се намалует
Веќе трета недела како сум студент, полека почнав да се привикнувам. Почнав да учам редовно Ни мене не ми се верува Друго што учам, а го нема во книгите: Чистам, мијам, перам,пеглам, измислувам нови рецепти (и не завршив на токсикологија ). Си стекнувам нови навики бе, домаќинка ин треининг But at the end of the day
Ќе разговараме сега? Ајде... Зошто ми го правиш ова? Што ти се случува? Јас сум секогаш овде, ама навистина секогаш. Кажи ми. Напиши ми порака, насмевни ми се кога ќе ме видиш во огледалото, сакај ме. Толку ли сум ти згрешила за да ме мразиш? Знам, повторно ќе ми кажеш дека не ме мразиш, само не ме сфаќаш. О, која коинциденција, ни јас тебе не те сфаќам. Ајде да се сакаме. Да соработуваме. Јас и ти, срцето и разумот. Сакаш? Сакаш да цртаме заедно? Сакаш да не те напуштам? Нема да те напуштам јас тебе, но ти мене можеш да ме напуштиш, како и секогаш... Секогаш ми го правиш ова. Погледни го девојчево. Стои во средината. Не знае дали да ме послуша мене, или тебе. А ние сме виновни. Ние се скаравме. Не требаше тоа да се случи. Знаеш и самиот дека не можам да се откажам од спомените, и треба да го почитуваш тоа. Но, од друга страна, и јас сум виновна. Заглавена сум во нив, не можам да ги пуштам да лебдат сами. Ги чувам заклучени, не сакам да избегаат. Зборувај ми! Ајде, ќе ги пуштам јас со отворена врата, ќе ја повикам само надежта да ги надгледува. Може? Ќе се смириме? Ајде, пушти ги солзите да го однесат немирот. Пушти ги солзите да не` поврзат повторно.
Секој страда од оружјето што сам го создал. Во таа своја страст и амбиција да создаде нешто што би повредило некој друг, не сфаќа дека амбицијата го натерала истото да го создаде водејќи се според идејава: ова сигурно ќе го уништи него ... и мене би ме уништило.
Не можам да ги поднесам луѓето што постојано сакаат се’ да е по нивно. Сакаат само тие да се истакнат, тие да бидат први. Нивните желби да се остварат, а туѓите да останат само желби. Не само што сакаат да биде по нивно, туку спремни се и се најлошо да ти направат само колку да не постигнеш некој успех. Кога нема да успееш, се прават невини, а всушност би ти се изнасмеале в лице. Со еден збор - љубомора. Зошто постои ова чувство? Зошто постои кога е причина за многу кавги, за многу таги и неуспеси? Зошто да не сакам другиот да успее? Зошто себе си да се ставам секогаш на прво место и да се грижам само за своите потреби, а туѓите да ги одбегнувам? И колку и да звучи клише, сепак морам да кажам. Не можам да ги сварам тие луѓе што кога им требаш, веднаш ти се најдобри другари и спремни се на се’ за тебе. И одеднаш си опркужен со илјадници „другари на кои можеш да се потпреш во секое време“. А кога тебе ти треба нешто, тогаш сфаќаш колку си сам. Ти плескаат влице се’, ти го вадат низ нос сето она што ти си го направил за нив. За таквите, само нека им притреба нешто некогаш, само нека им притреба и нека никој не сака да им помогне. На крајот - што ќе посееш, тоа и ќе жнееш.
Се сложувам со Џамбазов дека некои личности можеш да ги прегрнеш само во сон и тоа ако се смилуваат да дојдат... Ех,од нив врне во душата !