Многу ми е разочарувачки и дебилно што во фитнес светот многу мали детали не се гледаат како резултат. А се и те како битни за нормален човек да функционира. - Вежбаш некое време зумба/аеробик и приметуваш дека искачуваш скали лесно, енергично и без да се задишиш? Да, имаш резултати. - Вежбаш дома со мали тежини и приметуваш дека не те крца кичма кога обавуваш домашни обврски зашто знаеш како да НЕ креваш тешко? Да, имаш резултати. - Вежбаш јога или пилатес и редовно се истегнуваш и гледаш дека имаш подобар сон, не си укочен после седење на компјутер, телото го осеќаш "лесно", и одредени болки ги немаш? Да, имаш резултати. И кога почнав вака да гледам на вежбањето, многу повеќе го засакав, и тоа во секоја негова форма.
Многу ми е неверојатно колку силно влијаат на мене песни што ги слушам во одреден период од животот, колку подоцна имаат влијание да ме вратат назад во тие моменти. Текстот на песната не е битен, ниту изведувачот, може да е песна која штотуку сум ја открила и засакала, песна која е хит што моментално се врти на радио или песна што некој тогаш ми ја покажал. Подоцна тие моменти, спомени ми се враќаат кога ќе ја слушнам повторно песната, и толку силно го доживувам тоа што ментално сосема се "реинкарнирам" во тие моменти. На пример, што сум слушала во мај 2020, април 2022, август 2023, март 2024 и сега моментално. Одма ме враќа кај сум била тој период во животот, како сум се чувствувала, кои биле луѓето околу мене. Имало моменти кога сум осеќала како цревата да ми се превртуваат од толку присетување. В година ова време ќе се присетувам пак на овие моменти сега иако веројатно е да сум на сосема друго место, всушност како и сите години наназад.. Не знам колку смисла ми прави муабетот, ама го мислам одредено време и вака пред спиење ми дојде да се искажам.
Комплетно се согласувам. Сега и за тоа вежбам и сум што е можно повеќе активна општо, за здравје, не за фит изглед.
Ок, ти така размислуваш. Јас од друга страна не знам дали е работата за смеење или за плачење. Значи, ќе му ја скршам раката на докторот и ќе му речам , еве ти дијазепам, напиј се , не туку ми офкај, ќе ти помине болката. Шо знам, колешката беше видно вознемирена додека објаснуваше и буквално рече дека сама од аптека без рецепт пошла да купи лекови против јаки болки. Замисли јас со мигрена која трае 48 мочани саати и ми рече некој доктор, па напиј се хелекс ќе ти помине болката. Не докторе, ќе поспијам јас од хелексот и ко ќе станам после 3-4 саати болката е уште тука оти МИГРЕНАВА скапана трае 48 саати кај мене.
Не така. Телото тие составено од нерви, на секој можен орган. Германците знаат шо праат. И тој лекот шо го земала за болка делува на ист начин на нервите како и другиот шо му го пишале. Нека го прочита составот и упатството. Телото работи по нервен систем, болката онаму кај шо не боли, ни праќа информација преку нервниот систем. Еве ако има некое медицинско лице на форумов, нека кажи дека болката настанува во нервните завршетоци. Хелексот тебе не ти делува можеби, ама има и појако од хелексот кој исто делува врз нервниот систем, седативите делуваат на нервите. И нога кога те боли, маста делува преку кожата а под кожата продира на нервните завршетоци, коската не боли. Кога сечиш нокти, ноктот не боли ама ако слезиш подолу е тогаш боли оти тука има нерв. Таа се вознимирила оти и пишал лек за нерви, ако и ја пишел истата терапија ама да го преправел тоа нерви во лек, тогаш ќе прифатела.
Ова сериозно прашање, дали стварно имаш пробано со седатив за мигрената? Секако во комбинација со апче за јаки болки. Мене кога бев помлада и не се разбирав во апчиња, еднаш 9 денови ми траеше. Матичната ми рече со апчето за болки да испијам и лексилиум. Првиот ден ми се намали упола, вториот ден скроз ми пројде. И така практикувам до ден денес, ако имам ептен јака мигрена што упорно не проаѓа, пијам и лексилиум. 90% од времето помага.
Јас ги пијам Беналгин, ама дијазепам не пијам, ептен ако имам јака главоболка пијам апче против главоболка. Порано ги препив Аналгин и сега не ми помагаат, ми се засити организмот од нив.
Мене ни аналгин не беналгин не ми помага, препиени ми се и тоа некогаш по 2/3 аналгина пиев . Диазепамот исто не ми помага и тој ми е препиен мноогу
Епа затоа не сакам да пијам дијазепам, да не го препијам. И јас пиев Аналгин по неколку дневно, како бомбончиња да беа. Сега и од Беналгин не ми поминува, пијам кафе со лимон, од Кафетин срцето ми лупа. Одамна не сум имала јака главоболка, порано по една недела ми траеше, ми сметаше и светлина и галама, седев во темна просторија и тишина, па и главата ја покривав.
In This Life You've Got to Pick a Pocket or Two! When I see someone rich, both my thumbs, start to itch
Ново што открив за глава и мн ми помага е Раптен дуо, меки апчиња се, во комбинација со седатив помага повеќе, ама тера мн на спиење дијазепамот. Јас не го пијам веќе оддамна ради тоа.
И мене лексилиумот ме успива, плус утредента ми е лошо некако, не се осеќам добро од него. Ама за јака мигрена морам, затоа гледам ептен ако морам само. И исклучиво дома кога сум, никако на работа на пример.
Сообраќајната култура и така е на ниско ниво, ама и ова неставање појаси ми е тотално неразбирливо. И кога сум на возачко или совозачко седиште по навика секогаш посегнувам по појасот, пред се тоа е за заштита и поголема безбедност. За тие што мрчат само да им се каже дека во сообраќајната несреќа во која загина принцезата Дајана да имала ставено појас имаат проценето многу стручни вештаци дека немала да има толку кобни последици по животот. На толкави брзини без појас кога ќе излеташ резултатите се тие, нажалост. Исто низ улиците возат како луди. Пред некој ден спроти гимназијата Ј.Б.Тито автобус исшмиргла кола, е сега овој со колава што не знае да држи лента, а автобусов што само свири без да закочи, патниците ги кошта каснење на работа или школо, со оглед на тоа дека повеќето беа ученици. И ај ова беше ситна работа, на колку посериозни сообраќајки сум посведочила, а некои и со кобни резултати. Мора многу да се внимава во сообраќајот и секој не е за возачка, не е тоа плати- купи, мора многу да бидат построги и пореални во комисиите за полагање за возачка.
Ме напињаат особи што апсолутно не се замараат за факс, само за Инстаграм и фотопош и тоа внесени се. И после кога ќе дојде јајцето на газог, прашуваат работи шо ги знаат и децана од прва година. Сѐ поише жени инвестираат само надворешно, немој нешто мозокот случајно. После маскрата и пудрата ќе работат за нив.
Тогаш која е потребата за поизводство на Pain Killers ако може за секоја мака да се напие човек апчиња за смирување на нервите. Значи некој испитувал, тестирал и креаирал лекови за тешки болки. Ти друже секогаш ли пиеш апче за нерви ? А те здоболи нешто , оп одма за нерви. Не ме заебавај, си има посилни лекови. Немам пробано. До душа не знам дали може без рецепт да купам седативи од аптека.
Помага апче за нерви затоа што опушта. Мене Неуробион многу пати ми помогнало за блага главоболка или добиено. И дијазепам е за нерви опуштање па пак го даваат за болки. Дијазепамот релаксира мускули, ко Б6 значи ќе ти ги опушти мускулите шо се стегаат внатре од болка. Muscle Relaxers - such as cyclobenzaprine (Flexeril), diazepam (Valium), metaxalone (Skelaxin) and methocarbamol (Robaxin) may help as well, especially with neck pain (present in 70% of migraine patients). They can also help to promote relaxation leading to a deeper sleep which again may break a stubborn migraine. Глеам кај нас од шо се одговорни за препишување терапии, секој втор е на дијазепами и хелекси. Таблетоманска нација сме.