Вика јас ти потражи хлорамфеникол а ТИ ми даде гемисетин. Викам па тоа е исто, ист е лекот, само е различен производителот. Ама јас сакаше на алкалоид. Викам јас не сум ти го дадела. Најинтересни се кога купат од Зегин и доаѓат да прашуват кој лек за што е оти таму не им кажале
Можеби до тоа било, не се заебавај ти, озбилна сум. Ти кажува некој кој на времето имаше страшни несоници, со години, бев на школска возраст, и претешко беше, измачување секоја вечер. Вештачките мелатонини и слични срања не ми помагаа, напротив, ќе ме спобудалеа мислам поише. А без одмор не може човек, остај шо јаки и издржливи се замислуваме, одмор си е одмор, потребен ни е на сите. Преголема разлика има кога доволно и квалитетно си наспан, и кога не си. Е ова језивко е малку ми се дешавало порано. Ама се навикнуваш. Јас и немирно спијам некако, не секогаш, али знае така периодично. Не открив што е тоа, сонувам ли или што, си умислувам во сонот ко да неам воздух, ко нешто да ми се дешава, пример нешто голтам и тоа нешто огромно и мислам дека готово, умирам и не можам да се ослободам од тоа. Паничен напад можеби е, ама не бе, па не паничам. Станувам, така у темницата нагло онака со скокање и трчање, и ми текнува дека не е реално, па или ќе се напијам дијазeпам или одма се врaќам во кревет. Никого друг не вознемирувам, освен да ме видат дека сум станала, тивка сум. После го снемува, се до нареден пат. Ова безброј пати го доживувам. Стрес вајда.. потиснато нешто може има, имааааа.. Парализата у сон одамна ја немало. Да не се урочам само. Не дај Боже да e придружена со нешто налик на халуцинации, не се халуцинации ама ми личеа малку на тоа. Звуци, бучења и тресења.. А свесен си дека ги има, дека ги доживуваш и ништо не можеш да напраиш. Како цела вечност да траат. И после јака тахикардија следеше, одвај на себе да си дојдеш. Кога парализата беше без ефективе, полесно поминував, само чекам да помине и да се "ослободам". Не знам зошто интересно ми е да зборам за вакви работи.. А језиви се.
Ама и гафови има Дај ми од таа кремата, кутиичката е бела со сино цветче Спојлер: Цветчето Еднаш едни баби од 70г ми бараа лубрикант. Па и уште да им кажам како се користе
Знам како ти е. Работев во продажба. Маста ми ја вадеа. Се расправаа за цените, ако производот е расипан. Па јас не сум внатре. Земаа погрешни производи. На пример.... Млечните намази стоеја еден до друг, а грамажата различна. И сега.... Наместо да земе од 250 грама таа земала од 500 грама, затоа што и се видела поевтина цената
Кај виде дека се заебавам? Ти да не се заебаваш па мислиш сите така прават? И со мелатонинот има правила како се користи, овие што се по патишта постојано со чести промени на временски зони најубаво знаат да споделат искуства и објаснат и стручни лица, се разбира. Ич не е језиво и ако често ти се повторува особено халуцинациите обрати се на стручно лице иако си пишала одамна не те спопаднале. Нема ништо језивко да споделиш еве можеби ќе охрабриш и други да пишуваат во врска со тоа или слично на тоа. Јас на пример еднаш таква парализа осетив во сон кога сонив дека еден тип од фемина, види ти што прават мужи што хараат по женски форуми, ме смувал и сме почнале врска и се било сјајно и стасало до брак, ама јас сум го одбила јер сум сфатила дека си има некоја озбилна дијагноза штом киснел по форуми да лови женски. И додека му бегав ми се здрвија нозеве во сон, осетив парализа и огромна напнатост. И сега сонов како кошмар малку ми дојде, ама кога го шутнав какво ослободување осетив, се ми помина и парализата и напнатоста. Еднаш ваква силна и интензивна парализа ми се случила во сон, а во живо на сред пливање. Какво здрвување, мислев одма ќе се удавам, ама ме пушти. Гадни се во живо грчевите до степен на парализа, а уште погадно ако се во вода и нема кој да ти ускочи да те спаси. Ова е навистина језивко и ич неинтересно за зборење, страшно опасно е дури, дека ако не те утепа парализата, паниката може да те докрајчи додека те пушти и се ослободиш и спасиш. Ај да не повлекувам нога и други да споделуваат језиви дешавки во живо, гадни се, навистина гадни.
Смешно беше што човекот ептен беше стар, скоро па едвај се движеше, ќе си речеш не ни знаат за таа работа..
Така ми се виде, според емотиконите, сори. Не, нее, не пијам ја више такви работи, толку беше тоа. Грдо ми делуваа, не ни помислувам. Не бе, и не беа халуцинации, реков, свесна бев, сум идела и по доктори. Не сум замината до толку. Знаев од што е, чекав да помине. Вознемиреноста и паниката секако беа присутни. Одамна не ме задесило. Тоа на сред пливање грч било, и да опасно е тоа, мене исклучиво во сон ми се дешаваат овие работи. За ова во врска со форумов, ме тролаш? Мислам, до толку да те вознемири тој анонимен лик.. Али секакви ги има.
Некако неразбирливо ти беше опишано, делузивно ли, халуциногено ли затоа ти спомнав за стручно лице. Арно штом си од доктор прегледана и насочена дека не си замината до толку и што не те здесува повеќе. Опасно е многу со грчевите во вода. Од кај заклучи те тролам? Вторпат грешна проценка, исто дека ме вознемирил значи третпат. Ај опушти се не се замарај за ништо особено со погрешни проценки. Не си ставај непотребен товар на грб, дека делуваш растревожена штом толку се замараш анонимна личност на форум во сон од што демек се вознемирила, а според тебе тоа го сметаш за вознемиреност. Јас убаво пишав од кошмар заврши со мирно и спокојно чувство на леснотија и ослободеност кога се спасив од тој со дијагнозата. Ми олесни, си реков ако останев со него ќе накалемев и јас некоја, ама се сапсив. Што виде вознемирувачко во спасот и излезот? Ај кога ја отвори и таа тема за соништата, јас какви разноразни соништа имам, ама јас се фокусирам само на тие кои сум ги остварила или планирам да ги, на оние другите им се насмевнувам само или вака ќе споделам да си се најдеме во муабетот кога станува збор за нешто језивко. Иако и јас го наоѓам неитересно језивото, ама си постои како сегмент од сечии сни, е сега па некои не ги ни памтат. Ама се си е тоа така, нијанси на видови сништа и ликови во нив се, исти, слични или различни какви што сме и луѓево насекаде, понекогаш исти, слични или сосем различни. СДК без многу филозофирање секакви ги има насекаде.
Јас пак овде да прашам: ако уплатам за месечен паркинг ми е само за еден паркинг број (C17) или цела паркинг зона? Пример C8- C81 или само C17?