^ Денот е таков, мрзлив, омалаксувачки, дождлив, никаков... само за спиење створен. Не си единствена.
Денес да направиш нешто добро.... Потајно, тоа е еквивалентно на помислите на другите дека или го правиш тоа заради свои лични потреби и егоизам или пак ќе ти напишат некое слично сценарио. Ама вистината има сосем друга конотација. На нечие лице да ставиш насмевка е она што ги кажува сите неискажани зборови за длабочината на доброто дело .
Емотивец на денешно време да си е тешка работа,па богами и стресна ! Се фатив себе си како се ронам, распаѓам ,од болки во стомак болки во желудник ,хранопровод ..даваш се од себе и пак е малце. Работа не преку глава ами преку незнам веќе што,заборавив што е љубов ги заборавив луѓето околу мене, муабет кафе, насмевки разговор... Едно запомнав колку и да даваш и колку и да се трудиш , колку и да си вредна пристојна џабе е. Најбитно не се заборавај себе си , уште повеќе оние кои ти ја полнат душата со позитивна енергија, направи си да ти е тебе прво па нека кршат глава и нека те прават неодговорна ,не соодветна за ова или она ,па и не културна ,нека ги боли нив главата и така кога правиш добро никој не го гледа тоа .
Врне.Врне,врне.Врне,врне,врне.Врнееееее.Уште малку и ќе ме наврнеше.Врне.Врне,истура уште шампон ми фалеше.Да.Сите мои планови во согласност со временцево пропаднаа пливајќи во вирчињата.Нека си шлапкаат.Сонцето си игра криенка со облацине,абе колку поетска душа имам да не пукнам Шо значение има сонцево шо го ставив сега,ако знам клоца ќе си удрам.И уште една работа,не е со водана,со мачкине шо многу ги сакам,а тие бегаат од мене ко да сум Мистер Бин облечен во народна носија...е тие.Овие градскиве мачки многу дигнати се значи.Ни едно здраво,ни еден поглед асален да се пратело.Цццц срамота со големо с и меко т.А и тоа не е се!Симона Топ шоп ви презентејшн:јас наместо Лара да напишам таму нешто пишевме на часот,јаз Лаза напишав.И почнав да се смеам,а и да плачам.Да ме видеше некој ќе си речи шо е ваква црвена,којзнае шо му прават дома..А јас црвена домата во сурато од плачење.Смешно плачење или плачење од смеење или плачење за да се смеам..нема везе важно ме разбравте Ајде сега доста е за денес
Чувствувам една голема празнина и грутка во грлото. А, не можам да ги пуштам солзите кои ме гушат. Ден исполнет со меланхонични насмевки и замаглени погледи. Ми фали една личност, која ми е поблиска и од сестра. Ми фали искреност, ми фалат прегратки, а се што добивам е разочарување, тапа болка и голем пораз. Единствено што ми годи е времето, облаците и слабиот дожд. Студенилото. Имајте убав ден.
Што беше тоа култура? За дома е, се мачка на леб или...? Се запрепастувам од некои луѓе.Секоја чест на странците, кога станува збор за култура, не дека нема и кај нас културни луѓе, но тоа е реткост. Туку, ко што почнав со филмовиве, почнав и да навивам, загледав еден со Том Хенкс, се бркат со пирати низ море, пливаше човекот, пливај Хенки, иначе ќе те фанат
Сабајлево се разбудив со насмевка, сонував, другарка ми ми пратила тетратка по пошта, тетратка со дебели корици која сме си ја имале во средно школо, наша, за се и сешто да има во неа. Сум плачела, па сум се смеела. Уште сабајле и пишав и раскажав, кога таа ми враќа, зарем не се сеќаваш дека таква тетратка постои, ми текна и мене кога прочитав и ја најдов. Кога ќе се видиме, ќе ја прелистиме и ќе се смееме Само кога ли ќе биде тоа, уффф ова далечинава . Ми недостигаш мај литл систер
Денес ми поставија прашање, зошто секогаш сум се смеела, никогаш не сум била тажна. Значи смејте се тоа им пречи на непријателите! Од денеска уште повеќе ќе се смеам. Што би рекла Еленка нек се угоде.
Те мразам од дното на душата. Едвај ја чекам твојата смрт. Денот кога сите ќе плачат по тебе, а јас ќе застанам над гробот и ќе кажсм:"Конечно дејде твојата смрт. Конечно дојде мојата слобода.".
Не си само тии.. И мене ми треба бе нешто новоо, неам поима што, нешто интересно, досадно ми е веќее животов бее ауу ужасс
Почит се заслужува ако достоинство поседуваш! Зошто го велам ова? Далеку од тоа дека ќе ви падне круната од главата ако секогаш се трудите совесно да ги завршите работните обврски, да ги задоволите вашите пријатели сослушувајќи ги нивните проблеми, правете обиди да ја спасите врската која виси на стаклени нозе до крајот но некогаш е потребно да знаете да повлечете линија и да речете доста е, повеќе да вложувам од ова неможам и не сакам затоа што мојата душа и енергија не се тепих па секој да ги гази и да си прави што си сака на душичката! Стварно понекогаш што е многу и претерано е! Посебно во вакви ситуации каде се трудите секому да погодите а за возврат добивате камења по глава, превртување на очи што мене страшно ме иритира и како да бидеш мотивиран да работиш, како да имаш желба да им излезеш во пресрет на луѓево кои пак на жалост ниту го ценат тоа што вие го правите за нив да не зборам дека тие за вас не би помрднале со малото прсте! Пошто ним баш ќе им падне круната од главата! И повторно се навраќаме на првичната мисла достоинствено замини си, заврти си грб, исчезни нека го почувствуваат отсуството на твојата енергија и дух за да почнат да го ценат твоето присуство и да те почитуваат повеќе. Се додека пушташ 5 напред никој нема да те ферма да не речам нема да те е.. 5% иако ти си стварно коректен спрема сите од шефови до пријатели, соседки и тако редум! ќе речеш небитни ама со нив ти минува секојдневието.
Надвор осеќам мирис на зима и снег, помешано со залутан мирис на ајвар. Исто осеќам дека ако не научам билогија, утре ќе имам кец.
Денеска научив две работи и тоа 1.Дека треба здравјето да си го цениме пред се. 2.Нашите најблиСки се оние кои ни даваат сила да пребродиме се.
Секогаш ли ќе биде вака? Секогаш ли кога ќе се чувствувам сигурна во себе, нешто ќе се случи и ќе ме тресне толку силно од земја, што ми требаат неколку дена да се вратам на себе? Секогаш ли ќе се разочарувам? Секогаш ли ќе треба повторно и повторно да собирам сила за да се борам? До кога ќе размислувам за иднината и ќе се плашам од тоа што доаѓа? Кога ќе започнам да успевам? До кога постојано ќе сакам да седам сама и да плакам, иако знам дека тоа нема да реши ништо?
Се чувствувам како магарица. После долго време гледање аниме излегувам надвор (за да одам на тренинг) и првото нешто на кое помислувам е... колку добра анимација, братко! Значи анимацијата на светот е најдобра што ја има видено. Браво! Ајде на здравје, сестри и земјаци! Топло пиво е тоа инаку. Сепак, многу бил убав светот. Никогаш не сум помислила дека би било интересно да ја набљудувам „анимацијата“ на светот. Интересни биле и капките дожд на стаклото од колата, и уличните светилки и нивната светлина на патиштата и автомобилите. Не сум го сакала никогаш дождот, ниту оние глупави светилки, но сепак ако ништо друго изгледаат интересно. А бе, сегде божева је хубавина. И тоа е, сестри и земјаци. Животот е интересен само затоа што можеме да не успееме, да паднеме на задник како лубеница од запрежна кола, да го допреме дното. Луѓето во основа немаат причина за постоење. Ја одредуваат самите. Ние бираме што ќе направиме од нашиот бесмислен живот. Кога не би постоела шанса за неуспех, не би постоели ниту цел која треба да се постигне. А каков живот би бил тоа? Можеме да успееме само затоа што можеме да го допреме и дното. :geek: А можам и јас да не попувам толку, де! Фино, фино. Како локумче! Како локумче со вода од измиено ќебе и садови. И отров. И топлото пиво од пред малку. Инаку, знаете околу кое море се наоѓа Африка? Околу морето Васко де Гама. Гооол! Упс, статива. Значи морето Васко де Гама се појавило околу Африка во таа и онаа година. Ај, да не ја тупам. Отидов. И ај чао...како беше онаа - браќа, ова де сестри и земјаци!
Убаво е кога животот ќе те награди со личност на која можеш да мислиш пред да заспијаш и да се радуваш наутро кога ќе ги отвориш очите и да помислиш вреди да се живее!
Толку немам апетит неделава што дури ни темана Фемина Инстаграм не ме тера да јадам. Ослабев, не ми се јаде, и немам желба за ништо. А не сум ни у депресија. Пресеќна сум деновиве.