Луѓенца среќна сум многу а причината е бебе Не не да не се збуните не мое бебе Мојот најдобар другар стана татко Човекот со кого уште од забавиште бевме неразделни стана татко,значи не ми се веруваа бее.Колку се радувам не сте свесни си плачевме прееска заедно на телефон ми се јавува и ми вика: ти стана тетка а јас татко. Се смее и плаче од радост во исто време аах А мене доволно ми е да слушнам или видам дека некој плаче па да почнам и јас Одам да се спремам за мекици јас ќе биде лудо прво бебе од другар е оваа па мора да биде посебно славење Имајте убава вечер
За првпат денеска ја осетив есента, вистински, за мене од денеска е дојдена есента официјално! Си приуштив на себе една прошетка, но сама, со слушалки, а под нозе жолти лисја и моментот кога ти крцкаат под нозе, а ако погледнеш кон небото, нема ни трага од сонцето, магла, облачно, но сепак немаше дожд... Уживав во есенскиов ден конечно, а и по претходната прилично лоша недела и со прилично лош старт на неделата, оваа недела осеќам дека ќе биде мноооооогу подобра од минатата, а и понеделничкиот почеток беше каде каде подобар... Се надевам дека сте имале убав ден, убав почеток на неделата и имајте уште поубава недела.
Ти нормална си? Извини ако те навредив, навистина ме интересира. Жал ми е за жената негова што мажот мора да го дели со друга. Заради таквите како тебе си страдаме. Остој го бе, кој најдобар другар, тој жена си има, здрава ли си.... ццц
Извини вака од такви личности ко тебе си патиме. Кај ја спомна жена му, кај спомна нешто што ти сосема друго сфати. Лошо многу лошо... И ја имам другар од градинка, само што не живее повеќе во Македонија и во иднина кога ќе стане татко, ќе бидам една од првите што ќе му честитам секако, се знаеме од мали и никогаш не би ни помислила на нешто такво дека има жена, а која сум јас тука да се мешам. Какви времиња не смееш другар да имаш. Не осудувајте одма, не сакам да се карам, само не можев да премолчам сега, фала на разбирањето.
Vikiii bas mi e kef neka mu e zdravo i zivo bebceto postov tvoj me potseti koga mojot drygar za prv pat stana tatko i jas bev presrejkna
Можеби јас не треба да се мешам овде , но сепак ќе си го кажам милсењето . Што има лошо другарка да се радува на приновата која се случила во семејството кај нејзин најдобар другар ? Па тие се другари бе . Другари , а не нешто друго . И до кога има векви кои веруваат дека не може да има пријателство помеѓу машко и женско ? Сепак ти честитам Викторија , нека биде живо и здраво бебенцето .
Тие се само другари значи не се интимни. Тоа значи жената служи само за односи? Така му доага. Битно мажот и другарката заедно ке си се радуваат а жената кој ја е*е. Наместо сега да е со женичката заедно да си се радуваат тој си плаче на тел од радост со најдобрата другарка.... Браво.
Тики, многу погрешно сфаќаш. Не може ти да имаш маж и да го врзеш дома како кученце за ланец пред куќа и да нема ни друшство, ни другари и другарки. За да сподели радост со некого. Они се другари од мали нозе, читаш? Ме разбираш мислам. Нема ништо лошо во тоа. Не претерувај те молам и среди си ги сфаќањата. Вики, нека е живо и здраво бебенцето.
А ти се зачлени специјално за ова да го пишеш од што многу се потресе? Не ми се верува еј, да се смеам или сепак да не не е за смеење ...
Зошто се погрешно сфакате? Никој не рече дека не смее да има ни другари ни другарки. Ама се знае кој е на прво место, жената, децата а не другарките. За да ми направи некој дете не ми треба маж да имам, ке си најдам било кој и ке ми направи. Јас да останам трудна и маж ми наместо со мене да се радува, тој да биде со другарка му? Јас да си седам сама дома а тој да плаче со другарка му? Која девојка/жена посакува такво нешто?
Ти имаш вистински другар, кој ако ти се јави и ти каже дека има син, ке се расплачеш од среќа? Јас плачам од радост за сите, и за децата на другарите и другарките. Ти си сериозно болно посесивна личност. Јас би сакала маж ми да има на кого да се пофали кога ке има син. И да плаче од среќа. Не да кисне во болница и да гледа жени кои раѓаат. И да има другаки како Викторија. Оти оние кои плачат од радост за туѓата среќа, најмногу помагаат во несреќа.
Жената е во болница, се прават мекици не е таму само другарката. А и зашто да не се пофали и да ја сподели радоста со најблиските другари и другарки?! Ти сфаќаш грешно и ме изнервира, од патики ме извади. И тоа мене што ништо не ми значи, а не па на Вики. Озбилно, прво мислење во СДК за Вики, па и толку хејтерски настроено... Не верувам да е случајност.
Колку само ја извртивте работава. И според вас побитна е другарката од жената? А заради другарките како Викторија на мажот денес побитна му е другарката отколку жената. Јас да имам маж и да ме дели со друга, не фала поубаво сама ке си бидам.