СДК дека сум многу среќна што добив семејство какво што сум посакувала отсекогаш. Желбите навистина се остваруваат ако ги посакуваш со сета сила.
Прилично е тешко кога ќе изгубиш во некоја ситуација или нешто. Oчајно сакаш да го вратиш, празнината е голема и тешка. Со голем напор, сила и трпение повторно се наоѓаш во истата ситуација, бог ти дал уште една шанса, ноооо не е исто како претходниот пат и овој пат не ја цениш доволно шансата што ти е дадена. Се чувствувам помалку мизерно, а не сум свесна колку треба да ми е мило и да сум радосна, лошо е кога неможеш против себееее Прости ми севишен Господе!
Јас сум sucker for packaging, ама навистина. Има да купам се што ми треба и се што не ми треба. Дали ќе го користам или не, не е важно, ќе стои само за украс. Си мислам да почнам да почнам да се шминкам, а нели ми е рано? Ми се јаде. Ме мрзи да станам да си направам јадење. Мајка ми не си доаѓа наскоро, јадење нема. Ми се спие. Ќе си легнам. Не, подобро не. Нема да имам време за учење, а јас пак што сакам да учам. Не ми замерувајте, такво ми е расположениево. Пријатно!
Пред некој ден во продавница за патики татко и мајка му купуваа патики на мало девојченце, не повеќе од 5 години. Му купија адидас, 2000 и кусур за едни малечки патичиња и таткото таков горд му вели на малото дека треба да биде среќна што има адидас патики, бидејќи тој никогаш во животот немал адидас. Океј, разбирам, среќен е што може на детето да му ги пружи сите работи кои тој ги немал, а ги посакувал. Мислам, нивни пари, не ми смета каде ги трошат, ама зарем треба вака да го учат? Уште од мало да се напрчи, ехее јас адидас имам. Според мене премногу е, да се учат децата да ги ценат луѓето според материјалното, да им се всади во глава дека тие се нешто посебно, дека тие се повеќе вредни од останатите..го учат да ценат нешто што е толку минливо, материјално, небитно, а мислам дека забораваат да го научат на вистинските вредности во животот..
Не мора први да скокаме во борба за нашата среќа. Со тек на време, таа ќе дојде, бидејќи некој друг ја избркал од себе.
Ми текна на една песна на Бијонсе(немојте одма асоцијација на Неда Украден ),онаа со нејзиниот маж мајмун,па ко мајмун е во сурато,а таа лепотица.Еее убавите свињи крушите ги јадат.Или не беше вака?Ау бе,Убавите круши свињите ги јадат!Пардон,моја грешка. Да се навратам на песнана.Таа песна ќе да се викаше Крејзи ин лав,е таа песна јас си реков ај вака училишно расположена да ја поврзам со некои училишни предмети.Значи кога некој е ин лав: -Енерџи(не она пијалако енерџи дринк,ова друго е)има помеѓу лавли лав брдс,значи ФИЗИКА -Филингс е кога ја/го сакаш а зшо појма немаш,ете това ви е ХЕМИЈА -Еднаквост се дешава ако се погодат френдс ин анотр веј со иста висина,ете тука имаме МАТЕМАТИКА (море секаде ја има да ја плукнам) -Оддалеченост е кога заљубените гулапчиња се сепаре,то ест еднио е на море пример а гулабицата во МК остана(не мислам на пејачката) и тука ти е ГЕОГРАФИЈАТА -Минато има кога ви поминуваат секои моменти таму вчера,завчера,предзавчера и така наваму,е муциња тука е ИСТОРИЈАТА -Ритам е кога душлињата ќе си се погодат во исто време да си потпеат иста песна,ете ти МУЗИЧКО -Ружо моја или вол мој,е вака поетски глупости е МАКЕДОНСКИ -Шимпанза моја,кактус мој тука јасно е дека има БИОЛОГИЈА -Еј ми дојде една идеја?Да,шо откри?,тука има ИНОВАЦИИ -ЖТЕМ Петре...Е не знам јас никаков си жтем,туку ај испеј ми ја каде е мојто ЛИБЕ,тука ти се јазиците ова ФРАНЦУСКИ И ГЕРМАНСКИ Видиш кога сакам да мислам,многу ми текнува
Јади благо, враќај мило за драго. Ми ставија 5 историја и 5 англиски, утре сум прва на ред да одговарам физика и хемија
За жал, материјален свет, ние материјалисти ... И на тоа се учат и децата. Сами ги загубивме вистинските вредности, страдни за материјализам кој мислиме дека сам по себе ќе се претвори во духовна исполнителна енергија. Ама не! Ако не смениме прво кај нас самите нема да се смени ни светот. СДК ... станав отпорна скоро на се. Нит добро нит лошо може да ме погоди толку како некогаш. Сама себе се ојачав, сама се грижам за себе, самата си се борам со негативното и позитивното. Затоа што од никој друг не очекувам ништо. Коректно живеам со сите, мудро молчам, толерирам ... Со свест и осет гледам да поминам секој ден. Искулирав целосно. Е, ама тоа веројатно на другите им боде во очи, им пишти во уши ... па некако ме гледаат како да штрчам од срединава. Ама ако, подобро да си поинаков, по различен ... со време сите на крај сфаќаат дека сакаат да се исто такви.
Сигурно сите сме се нашле во оние ситуации кога треба на било каков начин со нешто свое да се претставиме пред некого... и пред се` анализираме дали истото нас ни се допаѓа за потоа да се надеваме дека ќе му се допадне и на друг. Така јас ја перцепирам и самодовербата. Ако сакаш луѓето да веруваат во тебе, најпрвин треба самата пред огледало, без разлика дали она материјалното или внатрешното, да се свртиш кон своите позитивни страни. Ниту најохрабрувачкиот пријателски збор не е доволен, додека и самата цврсто не одлучиш да им дадеш шанса на своите способности и да продолжиш понатаму. Доколку зад некоја цел имаш силна волја проследена со многу труд, не дозволувај ничиј лош збор да те натера да погледнеш назад. Никој не е совршен, а лошиот ден не смее да биде фактор за демотивација и потценување на своите квалитети. Секогаш верувајте во себе, кренете ја главата и без разлика на сите пречки продолжете да одите по патеката на вашите соништа.
Мисли мисли и само мисли,све може да се сопре ама мислите не.Глава полна со желби ,спомени ,надежи ,и други некој нејасни чкртаници.Ке дојде ден кога желбите ке се исполнат и на нивно место ке се родат нови желби ,и така човек си го креира животот до некаде .Среќата ја бараме секој ден незнаеќи дека ни дише во врат таа е толку блиску а сепак ја бараме во далечина ,не сакам да се игубам во материјалното не сакам да се заслепам во парите и незаситеноста,зошто староста нема да ме праша колку пари имав, туку дали бев среќна.
Денес сонцево налутено бе. ич не се појави еј. ако ако, јас пак си го сакам Аааа другарка ми има родендеен денес, онаа што ви спомнав дека ми е далеку, желбите и ги изнакажав уште рано сабајле "орелски крилја как да си метнех", иначе на ист датум ама различен месец ни се родендените. Да се заблажиме во нејзино име
Сакам да кажам дека сакам да отидам на непознато место,да избегам од сите негативни нешта што секојдневно се случуваат и многу влијаат на мене.Да им кажам на сите да престанат со глупостите и да ги решат проблемите,да престанат да ги повредуваат останатите,па дури после да избегам од сѐ.Толку многу имам да кажам,но нешто ме спречува,можеби стравот дека нема никој да ме разбере,а знам дека сум во право.Од друга страна ,пак, со бегање од сѐ ништо не се решава,проблемот дури и може да се продлабочи.Знам дека сите имаат секакви проблеми во животов,но мене и најмалите негативни ситници многу ми влијаат,мразам што е вака,што не можам да го поднесам сето тоа.Најмногу од сѐ сакам да не сум волку чувствителна,песимистична,а што можам да правам кога каде и да се свртам има намрштени лица и во секој момент со страв очекувам да се појави нешто негативно,кое секако ќе ми го расипе расположението.Утеха и бегство од реалноста ми се музиката и сонот,камо да можев да ги преспијам сите лоши периоди во животов...Дополнително растажуваар неостварените желби и соништа,кои кога ќе де присетиш ти предизвикуваат насмевка.Доста ширев негативна енергија,не сакам луѓето да ме знаат како негативната девојка Анабел,но барем овде да се искажам...Уште ова ќе го кажам: не земајте ништо при срце.
Здраво Ja конечно на форумов да седнам. Сега се со ред ќе фатам да читам. Па можда и ке сум досадна со мислењава
Едноставно прекрасно е чувството кога после напорно учење ке легнеш на креветот и ке се испружиш,така Се шегувам,труп сум,ништо не разбирам како на полски јазик да читам,толку не ми е јасно.
Не знаете колку сум уморна. Вечерва има да спијам како заклана. Со мерак си го послав креветот ,си проветрив и за десетина минути ќе си легнам. Утре и наредните денови конечно ќе се наспијам без ѕвонење на алармот,без брзање и нервози. Кафето ќе си го пијам дома, во парк,во кафич,навечер ќе слушам жива музика во меана и ќе се одморам.