Тмурно и намрштено временце ѕирка низ дупчињата на ролетната во мојата соба. Ѕвоне едниот аларм, па другиот, и нормално и двата се исклучуваат, и двата мобилни ми завршуваат на земја со се полнач, и ете го тоа што најдобро знае да ме разбуди наутро, моето кутре, со кренати малечки бушави ушиња, и со белите шепички полека се влече како змиулче накај мене и со шепичката ме удара по лице, аааааааа, и тогаш ја грабам и ја пикнувам под ќебе со мене, ја гушкам, ја чешкам, се мазе она, убаво и е, топло и е, и некогаш дури и слободно си заспива така до мене, и го слушам дишењето и ми иде и мене да заспијам ама за жал светот надвор се движи, ме чекаат обврски, и тогаш го напуштам топлиот кревет и мојата мала душа, која си продолжува да спие замотана во ќебе, а јас се упатувам кон миење и средување целата подуена и поспана. Сум си нашла едноставна шминка, за која ми се потребни само 10тина минути, пошто реално скоро секогаш го преспивам алармот, и ми треба нешто набрзина, но да не е шлакарница, ами средено и удобно цел ден да го носам, а и за косава кога не сум стигнала навечер да ја измијам, или едноставно не сака да соработува со мене, сум нашла и за неа чаре, ја чешлам убаво. ја тапирам горе малку, и правам патец накосо, и доле странично правам бушава пунџа во која ставам цвет или голем стегач или па плетенка разбушавена замотана како ѓеврек , 2 минути работа, алиштата од вечер ми се спремни, и колку и да се успијам, за 20 минути тип топ сум спремна, ама нормално, сеуште нерасонета, ама за тоа е задолжено првото јако нескафе.
Знаете како ќе се опуштите?! Сега сигурно си велите ќе кажам гледајте телефизија, одете на прошретка.. Но, не. Најубаво ќе се опуштите со добра книга, чајче, стуткани во кревет. На некои може не му се верува, но што повеќе читаш, толку повеќе добиваш сила за понатаму. Книгата ти ја дава онаа магија за да можеш да ја искористиш и уживаш во неа. Исто така и чајчето. За мене не постои поубава комбинација за овие студени денови кои што идат, а за вас незнам. Имајте волшебен ден мили мои, и помалку нервози.
Мора ли единствениот ден кога јас треба да излезам да завршам еден тон работи да е тмурен, дождлив и лигав? Ах Марфи, Марфи... И ај што акам цело сабајле и што завршив тоа што требаше, само што дојдов на работа, мојот идиотизам на крај си го зема данокот. Еве сум сега веќе дома, со куп апчиња и сирупи околу мене, со неверојатни грчеви и си ја чукам главата зошто порано не земав одмор, кога почувствував дека не сум добра. Чекав да дојде до овој степен. Истата песна секогаш, прво мислам за другите, за работата, за сите останати, а за себе на крај. Стискам заби цела недела и упорно станувам секое утро во 6 за да се наклукам со таблети, сирупи и што не за да можам да одам на работа и да бидам, или барем изгледам, нормална. И ете ми сега, ми се врати и тоа убаво До кога ќе бидам олку глупава не знам, ама ќе се потрудам да си ја научам лекцијата дека здравјето е поважно од се' и кога станува збор за истото, работата секогаш може да почека. Неверојатно е колку само никогаш не помислувам на себеси кога сум болна или не ми е добро, еј. Првата помисла во такви моменти секогаш ми е, леле каде баш сега најде, имам еден куп работа, не можам да ги оставам колегите да ми ја работат работата (иако најчесто не ми ја ни работат, туку ме чека кога ќе се вратам) . Глупава сум многу и трагичното е што го знам тоа, и пак го правам истото. Every fu**ing time Туку, утрово бидејќи поголемиот дел го поминав во кола акајќи низ разлигавениов град, баш забележав дека повеќето од радио станициве (барем тие што редовно ги слушам, а кои претежно пуштаат странска музика), денес, ете баш денес (која коинциденција) се сетиле на Тоше и решиле да го обноват споменот на него и го пуштаат нон стоп. И ме заболе душата, се сетив на него, ми се приплака дури Фали, ужасно фали И ме боли, денес се' ме боли. И телото и душата. Дали е до тмурново време, дали е до тоа што сум болна и малаксана, дали од тоа што куп тешкотии имам на душава, не знам, ама денес ме боли се'. И тажна сум, и ми се плаче, ми се вришти, се нервирам што сум гуска и што пак мислам на работата и што пак контактирам со луѓе и што висам на телефон наместо да одмарам... И веќе немам сила, немам ни трошка енергија во мене и време е да се исклучам од светот до понеделник ако сакам да преживеам.
Aint no sunshine when HE's gone... И не, не мислам на сонцето надвор него на сонцето во душата што го носиме а го надвиснуваат тмурни облаци кога некој ке си замине од нашиот живот.Не за друго надвор ке преврне не за џабе рекле После дождот иде сонце ,ама во мене бурата трае и трае и никако да заврши. https://www.youtube.com/watch?v=tIdIqbv7SPo
Колку мразам луѓе што откажуваат планови во последен момент! Ко да не беше доволно тмурен и лош денов, па ми фалеше и џабе да се спремам. Немам јас други обврски, нели
Ме сметаат за мрза и неоговорна,а неможат да разберат дека токму заради нив ја сакам есента.Жолти лисје,звукот кога се тркалаат од ветрот,звукот кога се под твоите нозе. А упорно моите ги собираат и ги фрлаат
И добро, што годишно време е ова па заслужило толку идеализирање и пишување стихови ? Се будиш - горештина, тргаш јорган од себе - почнуваш да смрзнуваш... ќе се наоблечеш за кога ќе излезеш да ти биде жешко... ќе тргнеш некое парче облека и ете ти настинка, со здравје да ја носиш. И после ќе читам лисја, ајвар, топли чајчиња, ученици... Ајде бе...
Ги обожавам родендените. Мојот сеуште не е дошол, но трпеливо го чекам. Денес е роденден на другарот кој го познавам уште од бебе. Тој бил првото бебе кое сум го видела. Е еве го, денес полни 15 години, и сеуште е овде. Среќички сум си. Ја добив и првата петка во Гимназијава денес. И тоа, по Математика. Кои радости.
Абе тоа оваа година е пореметено,инаку друг пат баш си е убава есента Прав мерак да лупиш пиперки,да си пржиш ајварче и да пиеш чајчиња. Да мириса на печена тиква и костени,а пак жолтозлатестата боја,права поезија. Beauty is in the small things.
Ах бе бато бе. Твојата денешна прегратка ми кажа се` што требаше да ми се каже. Она преправање дека си се`уште воздржан дури симпатично ми доаѓа кога знам дека не е вистинско.
Oва се последните две кои ги направив од кои едната ја подарив Спојлер Се извинувам за квалитетот на сликатаа
7 години без Тоше... Кога поминаа не ми се верува. Далечната 2007 година... Се сеќавам бев 1во одделение, тогашната наставничка ни рече ќе ви кажам нешто ама немојте да плачете, баш имавме час по музичко, вика Тоше починал, имал сообраќајка. И сите почнаа НЕ, НЕ, некои плачеа, јас лично не, ретко плачам таква сум, наставничката плачеше и вика ајде одете си дома, денеска ве ослободувам од часови. Не знаевме дали да се смееме затоа што изгубивме 2-3ч или да плачеме затоа што почина Тоше, навистина легенда човек беше. Отидов дома, мама беше бремена со брат ми, се утепа од плачење, кога гледавме преносот во живо на ТВ, јас повторно ни солза не пуштив, она цел ден плачеше, а јас ја гушкав и и викав дека и брат ми ќе биде тажен ако плаче и она, пробуваше да се смири ама тоа е.. Брат ми иако има 6.5 години знае кој е Тоше и знае неколку негови песни. Иако почина, тој сепак живее во нашите срца, неговите песни и дела не се заборавени, а тој е таму каде што заслужува, кај ангелите. Недостасува навистина МНОГУ недостасува... Почивај во мир ангелу, засекогаш ќе останеш во нашите срца!
Кога сум на пракса,ме има во две верзии Првата е,заинтересирана сум максимално,кај мене се јавуваат одлични лидерски способности,ај што ќе си ја завршам својата работа,туку им помагам и на другите,и кога ќе завршам ми е тешко што треба да си одам,сакам уште А втората? Е,таква бев денеска Цело време си викав,еј како ќе му прилегнам кога ќе дојдам дома И кога конечно си дојдов,настана пресвртот кој го објасни Спешлка во еден пост,и целата енергија која што ја немав ми се врати. Сега сакам да одам на рок концерт Или да скокам од планини. Ми се разбудија црвците во дупето RAAAAAAAWWRRRRRRRRRRRRRRRRRRRRR
... сакам да кажам... Се прашувам колкави се козметичките торбички на Мишела,Коритсаки,Анушка и Миме. И како би било да отворам тема за жени над 35 години???