Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Единствена причина за насмевка која не ја оправдувам и ме иритира, е онаа која чини многу туѓи солзи. Онаа предизвиканата од исмејување, од навредите искажани кон некого.
    Не можам да разберам, како може предмет за нечија забава да биде исмејување на нечиј недостаток, загорчување на нечиј период од животот. Секогаш кога ќе видам таква ситуација се прашувам, кога ќе седнат таквите луѓе во тишина сами со своите мисли, зарем не ги гризе совеста?
    Зарем некогаш не ја голтнуваат кнедли кога ќе помислат на чувствата на таа личност, која со ништо не ги заслужила нивните навреди и осуда без вистински да ја запознаат? :^)

    Секогаш имајте на памет кога ќе слушнете некое озборување и потсмев од некого, повторувајте си како мантра, дека тие лоши зборови не ве опишуваат вас, туку токму личноста од чија уста излегле.
    А сликава кажува... илјада зборови. :)

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Sexybaby86, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  2. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.541
    Не го сакам тропањето на кломпите од сестрите што се мотаат по болничките ходници и ти викаат да причекаш зашто кафе ке пијат ,а ти незнаш на кој свет се наоѓаш... :^) е тоа е Македонијата наша.Ама ке почнете и оро да играте сега кога ке ве подбере министерот за здравство.
     
    На eliesaab и Dvolicen им се допаѓа ова.
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    932
    Ако сакаш да разбереш нешто за некого (па и да не сакаш), појди кај фризерката. По можност некоја од оние од стара бранша. :rock:

    Кои таблоиди, кои весници, кои папараци.... Абре се за сите знаат. :D
     
    На Mahidevranfan, julie77, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Ми доаѓа некоја топлина на душата кога ќе бидам сведок на раѓање на некоја нова љубов :)
    Додека врне, двајца средношколци чекаат на станица. Под стреата гужва, па девојката вади чадор од ранец и двајцата застануваат стуткани под него. Прво се договараат кој да го држи чадорот и одлуката паѓа да биде дечкото бидејќи е повисок. Па тука следат неколку наивни допири, невини погледи, по некоја насмевка, вцрвени образи... Се разврзува муабет за било што, бидејќи во таквите моменти тишината е најнепријатна и неподнослива. Доаѓа автобусот, девојката се качува, а дечкото по неа со оправдание дека нема да оди право дома, туку кај баба му. И добива уште некое време со неа.

    Си мислам: Еј, сé уште постојат вакви работи.
    Толку се сменија некои вредности, се изместија некои граници во последниве години, што веќе ништо не ме чуди од младинава. Ме чудат баш ваквите гестови, бидејќи станаа реткост.
    Сакав да го потчукнам дечкото и да му шепнам: Абе викни ја на кафе. Се гледаше дека е ептен срамежлив. Не знам дали добил храброст додека се возеле во автобус, ама ќе ми биде мило еден ден да ги видам фатени за рака. Баш си одговараа :wasntme:
     
    На tigerlady, Captain-Omni, Mishela и 42 други им се допаѓа ова.
  5. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    ;( ...-Пред точно 7 години се случи...Ја изгубивмее најдобрата, најнежната, најхуманата, најсолидарната, најсовршената, најубавата, најдобродушната, најчувствителната, најневеројатната, најпознатата, најискрената, најскромната личност на оваа планета. Толку е чудно што секогаш Бог ги зема најсреќните души на овој свет..Оние кој најмалку заслужуваат смрт, заслужуваат нешто спротивно, а се благодарни и само на тоа што го имаат. Толку е чудно да си на небото, толку е чудно без тебе.. Кога во градинката сите плачеа, сите, се рашири брзо, а кога сите ги прашував што се случило, никој не ми кажа. Дознав. Таа 2007 некако ми е необична... Многу добро се сеќавам како тажно ги гледав оние кои плачеа иако не знаев зошто.. Таа 2007ма во градинка, дури и јас заплакав од жал за останатите. Бев сигурна дека тагуваат за нешто за кое вреди да се жали. Навистина е така. Кога сфатив дека тебе сме те загубиле едвај поверував.. Најпрво незнаев која личност си ти, ама еве пред 5-6 години го сфатив твоето значење. Бев навикната со тоа, а сега кога ќе сетам, ТОШЕ ГО НЕМА? Кога сфатив каква душа си бил како што наведов во првата реченица, како да имам камен на грлото. Како да сакам да заплакам, ама знам дека нема полза. Еј ти, зошто заамина?!? Зошто Бог те зема? Зошто беше виновен. ? Можеби и Бог не одредува за тоа кога луѓето ќе ги снема меѓу нас, ама не е сигурно случајно тоа што најдоброто завршува најсурово. ТИ НЕ ГО ЗАСЛУЖУВАШЕ ОВА. Ти беше нешто возвишено, нешто моќно, нешто големо, нешто топло, нешто совршено.. Засекогаш ќе останеш меѓу нас, се надевам гледаш колку ни недостасуваш ти, и твојот ангелски глас. :l: :l: :l:
     
    На cresa-jagoda, Mama25, molikaMk и 4 други им се допаѓа ова.
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    и јас исто се прашувам :?:, само јас кон останатите би ја додала и Artemission
    ве молам да не одговарате на прашањето - ќе не фрлите сите во депресија :worried:
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.629
    Пол:
    Женски
    ...како вчера да беше денот кога дознав дека Тоше загинал. Беше ист ваков тмурен,наоблачен ден..јас отидов на курс по англиски..бев малечка...и таму ми кажаа дека Тоше загинал во сообраќајна несреќа. Не ми се веруваше...најпрво затоа што имаше концерт неколку дена пред тоа,и снимката од концертот сеуште се емитуваше по каналите. Едноставно не ми се веруваше ама и не го сфатив тоа толку трагично затоа што како што кажав и претходно,бев малечка и не сфатив каква личност сме изгубиле сите ние како нација. Но,сега сфаќам дека сме изгубиле многу..тој беше еден и единствен. Неговите песни можат да ме расположат,да ме расплачат..а сите се толку точни. Засекогаш во моето срце,ангелу! <3
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.952
    Допаѓања:
    143.272
    Не мора над 35, јас сум под :) ама волкава ми е торбичката за шминки :)


    СДК...оти толку фрустрации бе? Имајте повеќе секс, помалку турски серии.
     

    Прикачени фајлови:

    • 923624_fpx.jpg
      923624_fpx.jpg
      Големина на фајлот:
      144 KB
      Прегледи:
      294
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Има луѓе што сакаат да те уништат во секунда ама тие луѓе незнаат дека се најпростата нација во земјава.
     
    На kala21, eleonor44e и tirkenbal им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.875
    Допаѓања:
    101.872
    Пол:
    Женски
    Јас па немам никаква :D . :emo:
    Ова за 35г. беше ете да има некоја опуштена тема без правила но со почит,темите сами да се надоврзуваат,се разбира годишната граница да не биде строго определена.Само ете малку посериозна.
    Тоа ми беше само летечка мисла ништо повеќе.
    И имаме секс Чка кој вели дека немаме. :wasntme:
     
    На tirkenbal и kolovoz им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    ... кога по долги години повторно ќе го почувствуваш тоа и ќе ти се врати вербата во постоење на човечност во луѓето и во ова денешно време ...

    Кога после долги години гледање лицемерие, „срце-душо“ в лице, а потоа откриваш дека зад светкавата фасада се крие ѓубре, го доживуваш сосема спротивното... толку те погодува што во дел од секунда очите ќе ти се наполнат со солзи. Кога откриваш нешто прекрасно зад намуртено лице, богатство од прекрасни чувства и мисли кои наѕираат зад обвивката од сурови зборови и тенденциозност.

    Непроценливо искуство.

    Наравоучение. Секогаш пристапувајте со љубов, топлина и разбирање. Луѓето спроти вас и да не реагираат на тоа, барем ќе си ја однесат негативноста со нив дома, а можеби ќе се случи и нешто многу поубаво. Ќе им го разубавите денот на луѓе коишто се однесуваат како да не сакаат да им биде пристапено со човечност и топлина.

    Затоа што, едно ми стана јасно во животот. Обично кога човек моли за што и да е во животот, тој го прави тоа со тенок глас, со плач, со наведната глава. Освен во една ситуација. Кога моли за љубов. Тоа е интересно, кога на човек му е најпотребна, ја бара на најмалку привлечен начин.

    Не плашете се од топлината во вашите души, ма колку и да е длабоко закопана. Не се опседнувајте со надворешноста, колку шарен или пак со колку цврст и груб штит ќе се скриете, затоа што каменчето, нашарај го и пророси му светки колку сакаш тоа ќе остане само камен, а и небрусениот дијамант е сe`уште дијамант. Не губете го во обид надворешно да претставите поинаква реалност. :*

    Победете ги сите негативности во овој живот со љубов. Само од неа не успеаја да измислат помоќно оружје.
     
    На bittersweet, Marossa, SV1911 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.952
    Допаѓања:
    143.272
    Тоа за сексот беше тема бр.2, немаше веза со нашите торбички :)
    Инаку, многу теми треба да се со возрасни граници тука :)
     
  13. the-Anya

    the-Anya Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    293
    Што и да е ќе помине викаат старите, ама оваа болка тешко дека ќе помине, тешко оваа празнина да се пополни...
    [​IMG]
     
    На MademoiselleB, cresa-jagoda, kala21 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    5.185
    Пол:
    Женски
    Љубов е кога му правам фервекс и чајче дури и кога му се лутам. :wasntme:
     
    На MademoiselleB, bittersweet, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Го обожавам она чувство кога сум во кревет после напорен ден, целата завиткана со јорган и меки ќебенца, насекаде е топло и мекичко... Ги затворам очите и сонувам еднорози. :sun:

    [​IMG]

    И така. :)
     
    На Someonespecial, stetoskop, Sunshine.Sunshine и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    ...go sakam Sawyer najvise na svet! :party: :inlove: :inlove: :* :l:
     
    На Cka и Sawyer им се допаѓа ова.
  17. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    2.600
    Ме боли секоја негова песна, и ден денес....ме боли како за некој најблизок...зошто Тоше?
    луѓе, среќна сум што и лично го запознав, го изнагушкав и направив цел албум со фотографии :)

    тешко ни е на нас фановите кои толку многу го сакаме,а замислете како му е тек на неговите родители? :(
    неговите кога и да ги сретнам ќе ми речат-како си, само здравје и верба во Бог да се има, иако не се познаваме лично... :(
     
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    По 10 пациенти регистрирани секој ден од мозочен удар,во Македонија.
    Најмладиот пациент 15 години.
    Зголемен е ризикот и на бремени жени.

    Ветувам дека повеќе никогаш нема да гледам вести !
     
    На bridetobebt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    ја ова.денес на нет го прочитав и цел ден си викам убаво не дремев на фб што ми текна денес :( страшно е ако е се точно..
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Сакам да ги правам луѓето среќни.
    Да, навистина.
    Ја знаете онаа
    Неможеш да се составиш со тоа што ќе скршиш некој друг

    Јас мислам дека конечно ја сфатив
    Омразата е губење време
    Одмаздувањето е губење време
    Повредувањето е губење време
    Мислам нема потреба од ништо. Животот порано или покасно сам го возвраќа ударот и тоа многу посилно.
     
    На WarriorAngel, eliesaab, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.