Не е до дроги работата дојдена кај нас, мислев општо непослушен за некои работи. Ама секој можи да зафати по таков пат, недај боже.
Така е, на никој не посаквам да тргне по лош пат и заглави со пороци, штетите и индивидуално и општествено се огромни.
Сдк.. Некако преморен се осеќам денов, дали многу негатива дека деновиве ама мислам дека до тоа ќе е, една свежа информација не добив на интернетов бомардирање со негатива на сите мрежи па и тука, и ваљда си зема данок негативава.
За пишење латиница... јас ептен ако морам се трудам подолг текст да читам така. Скроз ме замара. Нема тастатура шо нема кирилица, и стварно не е толку тешко да тргниш со прст на тастатура или да кликниш за да се смени меѓу двете. А, подесувањето еднаш го прајш ко ќе земиш телефонот. Буквално ако некој не знај - пишете ми каква тастатура имате и ќе ви најдам инструкции и пратам како се мести. Во врска со зошто се или не родителите виновни за своите возрасни деца. Некогаш не се. Некогаш потфрламе на начин на кој не сме свесни дека потфрламе. Родителство е најтешка задача шо некогаш ја добиваме. И нормално е дека се прат грешки. Јебига. Ама, ако му удоволвам на детето, кое ми дила, на кое му дадов кола иако нема возачка, ако при сериозни прекршоци јас фаќам врски за да му олеснам - такви родители се соучесници/виновни. И вакви проблеми не почнуваат на 20+. Секогаш почнуват порано, дур уште сме одговорни за детето. И ако на 15-6 го фатам со проблем и место да го остам да сноси последици, јас средвам да не сноси - јас праќам порака дека ова однесување е во ред. И то ме прај виновна. Ако преземам се во моја сила да сноси последици, да оди на терапија и се то, ама пак порасни во проблематичен возрасен - that's on him зошто јас веќе му дадов ресурси за да е подобар.
Нели се бореа за наши права и слободи? Ах бе жени.... Нели во брак за се потребни две НЕЗАВИСНИ особи? Двајца луѓе кои се самостојни а бракот ги спојува за да си бидат поддршка еден на друг, да си бидат од помош? Не знам до кога ќе слушам муабети од овие околу мене. " Не можам повеќе да го поднесам, веќе ми иде да се разведам. Јас готвам, он си зима сендвич за ручек. Мамина маза." " Еднаш сакам сама да излезам, а он одма иде со мене постојано Јас: Па нема ли другари? Она : Има, ама ете." Или па " идеме заедно да купиме гаќи заедно " Сериозно?! И после така, среќни весели сите. Си немаат муке, слики, сториња, излегувања. Веќе страв ме фаќа од маживе, жими све. Толку припиени за мама, толку се мази. Ако тој очекува да му се однесувам и готвам како мама, нека очекува тој и тој да се однесува како татко ми. Свашта бе.
Скопје колку ти го мразам метежот толку ти го сакам кејот. Сонце, шопот на вода, луѓе со свои животи и мир на умот. Живеам за вакви денови на кеј. И да во вакви најобични моменти си помислувам Скопје радост ти ќе бидеш!
Сдк дека никогаш нема да можам да ги разберам девојките кои сабајле во 7 часот на минусни температури одат со кратко кожно палто и кратки чорапи.. Додека јас палто дебело до колена, капа и плус капаата од палтото..
Тие се млади и му врија крвта бабо. И јас на времето одев по куси ракај под вентијага и без маица. Сега веќе некако ко да е послаба циркулацијата.
И со мантили одат, тенки апла шушкавец. Ко да немаат што да се облечат. Дека има сонце, има. Но далеку од тоа дека е топло.
Ќе ми рече некој Абе на секој може да му се деси. Да. Јас што се случувало да не заспијам вечерта од грижи дека сум заборавила реагенс на собна температура на работа, ќе ми збори некој дека случајно некогаш ќе возам пијана, ќе возам со 130. Не сме исти. И срамота е да нѐ ставате на такво ниво.
Мислат дека се модерни и фенси. Дека сите гледаат во нив и секако, треба да се сликаат за Инстаграм и Фејсбук... Глумат дека се инфлуенсер/ки/и. Млади, млади му вриела крвта хахаха како да не. Ќе ги видеш за брзо настинати или нз што.
Ми требаа скоро две години живеење сама за да ја усовршам техниката на правење на (НЕ)лепливо тесто, и да научам разлика меѓу меко тесто, средно и тврдо тесто и како да ми испадне како што сакам.. Кој рекол дека да ти се погоди тесто за кифли, леб, мекици, е лесна работа, ве лаже.. Буквално цела техника е, од состојки, месење..
Вчера нов рекорд во движење 21 км за еден ден пешачење. Полумаратон шетајќи се по град и околината. Време 3 часа и 25 минути активно одење. А имаше период кога 2 км ми беа многу.